Хм, зошто?
повеќе фактори, но како позначајно е етанолот кој што го има во 5 или 10 процентна форма во 1 литар бензин
Во зима треба да има што е можно помалце етанол. 95ките се најчесто со поголемо количество на етанол од 98/100 кај нас бар. Како што знам Макпетрол 100 е Е5 додека 95ката е Е10.
По твојава логика, јас во зима би требало да точам 95 (турбо мотор со 10.2:1 компресија) и да одам контра на препораките на производителот што се минимум 98 октани. Нема логика.
Напротив, зимно време 10% етанол значи полесно палење (поголема густина на масло) и побрзо загревање на мотор. За топло време 5% етанол бидејќи палењето е полесно (помала густина на масло) загревањето на моторот е помало и има поголема јачина при угорнини, кога е натоварено (летни одмори).
Теорија која е проверена во пракса.
Логиката ти е обратна, етанол има драстично повисок flash point од бензин. Поголемо количество на етанол = потешко палење во зима. Слободно провери со тјунери што мапираат за високо количество на етанол (E30 и нагоре) и прашај ги која е препораката за во зима.
Дополнително, етанол е хигроскопна супстанца, односно апсорбира влага од надворешноста и може да ја крене температурата на замрзнување на горивото доколку стои/не се троши подолго и на екстремно ниски температури да замрзне во системот за гориво. Повеќе етанол во горивото = повеќе апсорбирана влага. Затоа и истите тие што возат тјунирани коли на повисоки количини на етанол, ги враќаат на чист бензин ако ги паркираат во зима.
Повели:
https://www.youtube.com/watch?v=loiVokvrt9I