Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 579770 пати)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1965 на: 25 Март 2017, 22:03:47 pm »
И кај мене i30 1.4 помалку трошеше и повеќе влечеше со 100ка од МП...со тоа што моторот беше погласен отколку со 95ка. Али ова се нијанси што ги осеќа само возачот кој си ја знае колата инаку тешко се приметува разлика.


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1966 на: 26 Март 2017, 19:26:30 pm »
Ми го фалеа на Окта бензинот...
Пробај го, за мојата кола поарен се покажа Макпетрол...

Да,да обавезно..
Само да го дотрошам овој од МП неделава...
Да не го мешам.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1967 на: 02 Јуни 2017, 10:17:23 am »
Во полза на добрата дискусија околу квалитетот на горивата во Македонија, направив едно тестирање.
На иста делница при идентички услови (иста тежина на возило, иста количина на гориво во резервоар, иста атмосферска температура) извршив мерења на перформанси на возилото Ford Fiesta 1.4 16v при користење на 95 октанско гориво од Макпетрол, и Shell V-Power 95 октанско гориво наточено на бензинска пумпа на Shell во Софија.

Според извршеното мерење, возилото покажа за 4.2% подобри перфоманси користејќи го бензинот на Шел.

На следната слика е прикажана брзината на возилото со гориво од Макпетрол на репер точката (паркинг знакот од десно) од делницата. Брзина 142km/h:


На следната слика е прикажана брзината на возилото со гориво од Шел на репер точката (паркинг знакот од десно) од делницата. Брзина 148/h:


Со цел да ги избегнеме сите шпекулации околу начинот на возење и лажирање на снимките, во прилог се и автентичните видеа на кои се мерат перформансите на возилото на делницата Велешко брдо:

Гориво од Макпетрол:

Гориво од Шел:

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1968 на: 02 Јуни 2017, 10:27:18 am »
Интересни, и можеби не-баш-неочекувани резултати. Сепак, мислам дека 4.2% е во некоја маргина на грешка. Од каде си толку сигурен дека си имал иста количина на гориво во резервоар, и во ред, иако температурата била иста, дали имало ветер во еден од двата случаи?

Како и да е - интересна разлика. Би било интересно да се види конкретна разлика на dyno мерење.

--

Иначе, да се надоврзам - јас приметив на времето со Леонот забележителна разлика со Shell V-Power Diesel наточен во Грција, и ептен забележителна разлика со дизел наточен на OMV во Словенија во Голфот. Двата пати горивото беше наточено во скоро празен резервоар, па можев да бидам сигурен дека возам „од новото“ по 50-тина поминати километри (колку што мислам и дека му треба на компјутерот да се реадаптира на гориво со различен квалитет.)

On the other hand, имам забележано осетно полоши перформанси со горива од Србија.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1969 на: 02 Јуни 2017, 10:43:52 am »
Идентични беа условите во однос на температура и ветар. Немаше ветар во двата случаи, температурата беше 17 степени.

Горивото во резервоар беше на цртката од 1/4, што е занемарливо мала разлика и се стреми кон иста количина.

Моторот е армосферец 1.4, и тие 4.2% се значителна разлика. Според моите пресметки кај турбо бензинец, овој процент би требало да се искачи на 8% до 9%.

Дополнително, со горивото од Шел возилото работи значително потивко, повлекува подобро на пониски вртежи и крајната брзина му се покачи за 12km/h.

Потрошувачката опадна за 0.4 литри на 100 километри, но овој податок би го земал со доза на резерва затоа што возилото при користењето на горивото од двата производители, не се експолоатираше во идентични услови и режими на работа.

Субјективно, можам да кажам дека Шел горивото, е подобро гориво и кога би имал избор, не би точел поинакво.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1970 на: 02 Јуни 2017, 10:46:40 am »
Дали ти лично осети разлика со Shell V-power?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1971 на: 02 Јуни 2017, 10:48:01 am »
Дали ти лично осети разлика со Shell V-power?

Да, осетив, ама мислам дека севкупниот впечаток е малку посилен од тие 4.2% на велешко брдо.

Колата е пожилава, полесно ги врти ниските вртежи и на 120 на автопат при константна брзина буката е осетно помала.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1972 на: 02 Јуни 2017, 11:00:47 am »
Прувинг граундс 1 живее! Браос за споредбава. Јас пред неколку години имав пробано од Shellot грчки и осетив разлика голема и тоа на атмосферски дизел со механичка бош пумпа. Субјеткивно, се сеќавам во тоа време мислев дека сум добил 15% снага и тоа посебно беше забележително на високи вртежи 4-5к.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1973 на: 13 Јуни 2017, 10:00:00 am »
Вчера на Окта во Аеродром ми ставаат плин. Мести дечкото се, го пушта копчето за да почне плинот, машината си почна да врти, стигна до 3 литри негде и тек тогаш се слушна шуштењето дека се полни.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4759
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1974 на: 14 Јуни 2017, 17:00:14 pm »
Во полза на добрата дискусија околу квалитетот на горивата во Македонија, направив едно тестирање.
На иста делница при идентички услови (иста тежина на возило, иста количина на гориво во резервоар, иста атмосферска температура) извршив мерења на перформанси на возилото Ford Fiesta 1.4 16v при користење на 95 октанско гориво од Макпетрол, и Shell V-Power 95 октанско гориво наточено на бензинска пумпа на Shell во Софија.

Според извршеното мерење, возилото покажа за 4.2% подобри перфоманси користејќи го бензинот на Шел.

На следната слика е прикажана брзината на возилото со гориво од Макпетрол на репер точката (паркинг знакот од десно) од делницата. Брзина 142km/h:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

На следната слика е прикажана брзината на возилото со гориво од Шел на репер точката (паркинг знакот од десно) од делницата. Брзина 148/h:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Со цел да ги избегнеме сите шпекулации околу начинот на возење и лажирање на снимките, во прилог се и автентичните видеа на кои се мерат перформансите на возилото на делницата Велешко брдо:

Гориво од Макпетрол:

Гориво од Шел:

Што апликација е ова? Ај линк те молам.


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1975 на: 14 Јуни 2017, 17:13:05 pm »
Што апликација е ова? Ај линк те молам.

GoPro камерата додека снима собира координати по ГПС и ги прави овие пресметки. Податоците што ги гледаш се вметнуваат во  Quik софтверот што иде заедно со GoPro камерата.

Нема посебна апликација за ова за мобилен или таблет.

Барем јас не познавам таква.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1976 на: 16 Јуни 2017, 11:07:39 am »
Вчера на Окта во Аеродром ми ставаат плин. Мести дечкото се, го пушта копчето за да почне плинот, машината си почна да врти, стигна до 3 литри негде и тек тогаш се слушна шуштењето дека се полни.
Многу фушерајски се некои бензиски на Окта. Ми се има откачено цревото на сред полнење, па почна да пушта пареа од плин насекаде.

Sent from my Shoot_1 using Tapatalk


Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1977 на: 16 Јуни 2017, 14:09:37 pm »
Да не знае некој која е моменталната аразлика во цени на дизел/бензин кај нас и во Грција (Shell)?
Honda Civic 1.7 CDTI '05

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1978 на: 16 Јуни 2017, 14:23:32 pm »
Да не знае некој која е моменталната аразлика во цени на дизел/бензин кај нас и во Грција (Shell)?

http://www.fuel-prices-europe.info/

Отсутен masterwu

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #1979 на: 16 Јуни 2017, 14:31:17 pm »
Машала, не била мала :)
Honda Civic 1.7 CDTI '05