Цел овој сегмент на возила (Пежо 301, Цитроен Ц-Елизе, Шкода Рапид и слични) се наменети за источните пазари, Индија, Индонезија.
Таму се продаваат одлично, бидејќи луѓето едноставно сакаат мала кола со всаден гепек.
Токму затоа се појави на времето Пежо 206 седан, Цитроен Ц4 Седан, Форд фиеста Седан, Рено Талија (клио седан).
Сите од горе наведените се всушност многу лим за малку пари со огромен гепек.
За жал и ние не сме далеку од "типот на купувачи" како тие во Индија, па и кај нас овие возила проаѓаат солидно.
Низ Западна Европа продажбата не им е толку спектакуларна, а и тие примероци што ги продаваат се напукани со опрема за да може колку толку да се излаже некој и да ги купи.
Тоа не значи дека возилото само по себе е лошо, туку само дека е логичен исход на побарувањата и платежните можности на источните пазари и земјите во развој.