Автор Тема: Стандардизиран Супер-Научен CARclub Тест за Потрошувачка на Отворено ™  (Прочитано 147782 пати)

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1325
Ок, 120 во 7ма. Нема не јасно ништо. Факти се во прашање. Џабе е друга дискусија.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 535
Логиката можеби вика така, иако не е логично со помалку обртаи да постигнуваш одредена брзина бидејќи преносните односи се ФИКСНИ односно исти.
Праксата очигледно е доста поразлична од логиката.

Преносните односи не диктираат дека на исти вртежи ќе возиш иста брзина бидејќи преносот не е директно поврзан на клиповите, туку на радилицата. Ако пред ремап ти требале 2500 вртежи за да постигнеш моќност од 180 коњи со кои ќе се извршува работа врз радилицата за таа да врти со брзина која ќе се пренесува во 120км/ч на пат, после ремап за да ја испорачаш таа моќност ти требаат 1800 вртежи во минута за радилицата да врти со иста брзина како и претходно.

Возење на исто вртежи, колата пред ремап секако ќе троши повеќе пошто после ремап на истите вртежи колата ќе вшмукува повеќе воздух што значи ќе вбризгува и повеќе гориво. Ама за да ја постигнеш истата брзина од 120км/ч, под услов да возиш во иста брзина (рецимо 7ма на DSG), ќе ти требаат помалце вртежи после ремап, што би требало и да намали потрошувачка. Ако вртежите ти беа директно врзани со која брзина возиш тогаш ремап немаше да има никаков ефект освен во последна брзина.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 535
Ок, 120 во 7ма. Нема не јасно ништо. Факти се во прашање. Џабе е друга дискусија.

Можеби мапата не е добра и вбризгува повеќе гориво од што треба. Земи OBD што има можност за логирање и логирај неколу wide open throttle логови. Во секој случај, ќе го пробам и ја тестов. Денес ја однесов на dyno, се спремав утре да ѝ ставам нова мапа, ама ќе го направам прво тестов па ќе видиме резултати пред и потоа.
« Последно менување: 27 Декември 2023, 22:52:44 pm andrejnaumovski »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3585
Не може да има различни вртежи само со ремап, за тоа треба друг менувач или друг диференцијал.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Логиката можеби вика така, иако не е логично со помалку обртаи да постигнуваш одредена брзина бидејќи преносните односи се ФИКСНИ односно исти.
Праксата очигледно е доста поразлична од логиката.

Преносните односи не диктираат дека на исти вртежи ќе возиш иста брзина бидејќи преносот не е директно поврзан на клиповите, туку на радилицата. Ако пред ремап ти требале 2500 вртежи за да постигнеш моќност од 180 коњи со кои ќе се извршува работа врз радилицата за таа да врти со брзина која ќе се пренесува во 120км/ч на пат, после ремап за да ја испорачаш таа моќност ти требаат 1800 вртежи во минута за радилицата да врти со иста брзина како и претходно.

Возење на исто вртежи, колата пред ремап секако ќе троши повеќе пошто после ремап на истите вртежи колата ќе вшмукува повеќе воздух што значи ќе вбризгува и повеќе гориво. Ама за да ја постигнеш истата брзина од 120км/ч, под услов да возиш во иста брзина (рецимо 7ма на DSG), ќе ти требаат помалце вртежи после ремап, што би требало и да намали потрошувачка. Ако вртежите ти беа директно врзани со која брзина возиш тогаш ремап немаше да има никаков ефект освен во последна брзина.
Ти си многу збунет другарче. Ништо од ова што го кажа не е точно.
И да, ремап само има ефект во последна брзина. Све обратно кажуваш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4312
  • Шо да пишам тука?🤔
Сите сте грешка  ;D
Силата треба да е линеарно распределена низ сите брзини. Пример ако ти требале 5 секунди (трескам) да качиш во 5та 100-120, сега тоа го можеш во 6та или 7ма брзина (зависи од ремапот и возилото). Кај тебе дефинитивно има проблем со мапата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33921
  • Таков е животот... јебига
Сите сте грешка  ;D
Силата треба да е линеарно распределена низ сите брзини. Пример ако ти требале 5 секунди (трескам) да качиш во 5та 100-120, сега тоа го можеш во 6та или 7ма брзина (зависи од ремапот и возилото). Кај тебе дефинитивно има проблем со мапата.
Каква врска има тоа? Во 6-та при 100км/ч имаш 1300 вртежи и многу малку моќност, во 7-ма уште помалку. Башка кој е тој аутоматик што ќе даде max crank load во 7-ма брзина при 100км/ч?
Ај легнете си, утре ќе видиме што/како.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8165
  • Малерозен дрводарец
Ги молам тишлеро и несторо да не се ремапчат многу и амандманот го главам на стасање.

Кој е ЗА ве молам да си седни на место!
When you turn on the radio does it return the favor?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6096
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Се молат Несторот и Андреј нека го докажат нивното во пракса, пошто логиката им вели шо повеќе коња толку поекономично.

500коња возило треба испод 3литри да биди, 120 во 9та и 950 обртаи.  ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17298
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
@andrejnaumovski почнуваш добро и после ги мешаш брзините (no pun intended).

Добро ти е она дека пред ремап колата произведува (да речеме) 150 коња на 2500 вртежи, а по ремап ќе произведува 150 коња на 1800 вртежи.

Но, понатаму се губиш во математиките и особено во делот дека преносот не бил поврзан на клипови, него на радилица.

Клиповите се заштрафени на самата радилица, и се директно одговорни со која брзина ќе се врти истата, и секако, обратно. Го употребуваш и зборот "вртежи" неколку пати, кој исто така директно е поврзан со движењето на радилицата бидејќи еден вртеж е еднаков на една целосна ротација на радилицата околу својата оска.

Бидејќи клиповите не се врзани со радилицата со вискозна или електрична врска, туку со механичка, цврста и непроменлива врска, единствено нешто што се сменило помеѓу нашите примери од 2500 вртежи и 150 коњи и 1800 вртежи и 150 коњи е количината на гориво и воздух во цилиндрите. Не се сменил однос меѓу клипови и радилица, нити меѓу радилица и пренос.

Се надевам ги разјаснивме основните термини, сеа да разјасниме зошто ремап НИКОГАШ нема да влијае на релацијата вртежи/брзина на движење.

Ако продолжиме со примерот од 2500 вртежи, ќе треба да знаеме дека 2500 вртежи на радилицата директно се пренесуваат на 2500 вртежи на input shaft на менувачот.

Понатаму, таа осовина преку други осовини поврзани со нејзе преку на запчаници, или го зголемува или го намалува тој број на вртежи во зависност од која брзина (1ва, 2ра, 7ма) ја избираш, повторно преку механичка, цврста и непроменлива врска.

Тој финален број на вртежи кој излегува од менувачот преку output shaft потоа преку механичка врска оди до дифренцијал кој го дава final drive ratio и пак преку механичка врска се префрла на тркала.

Кога сме кај тркалата, единствено тие, при се останато во горенаведениот тек непроменето, се способни да ја променат брзината на движење при конкретни вртежи на моторот со промена на својот дијаметар. За тоа, во други прилики, сакав само да разјасниме дека електронски код во компјутер не ги менува механичките соодноси во мотор и менувач.

Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
@andrejnaumovski мислам дека се има збунето малце со торк конвертор аутоматикот, а кај @miksi е dsg каде све е фиксно. Колку врти радилица, толку ќе вртат и тркала. Без разлика на коњи и торкои, пошто е фиксна врска со запчаници. Не знам како е  кај торк конвертор аутоматиците.

Ама да не си го мерам јас сеа со @nestor04, он нека објасни, јас не можам ја со неговото искуство :)

Инаку, за колата да изврши одредена работа (да се помести од точка а до точка б), со одредена брзина, потребно е одредено количество енергија, кое е складирано во горивото.
Ако условите на работа не се променети, и ако ефикасноста на моторот не е променета, не би требало да се промени и количеството енергија потрошено за таа работа.
Моторот на @miksi во шкодата без проблеми постигнува 50-60кс ремапиран или не. Верувале или не, толку е потребно да се движи едно возило со константна брзина од 120км/ч. Не 300кс, не 600кс да има колата, пак за да се совладаат силите на отпор и да се одржува рамномерна брзина на прав пат, исто коњи ќе се потребни.
Потрошувачката при слични услови, би требало да биде многу слична, ремапирана или не.

Затоа мене ме чуди конкретнава потрошувачка на Микси, би очекувал некој мал процент разлика, јер можеби се тера малце по рич фјул мапа за да нема нок, ама обично тие работи не би требало да влијаат толку многу на потрошувачката.
 
Тие прикаски за „ремапирана помалце троши“ се за мали деца. Ако имаш повеќе кс, значи имаш повеќе енергија што може да ја потрошиш за глупости. Па дури и да има вистина во тоа „во трета што си можел пред ремап, сеа во пета можеш“, никој не ја ремапира колата за да вози/забрзува исто или поспоро од пред ремап, па да уштеди. Еве, дури и фабрички коли што имаат јасно иста механика под хауба, само фабрички детјуниран мотор, имаат различна потрошувачка, и тоа секогаш појаката има поголема потрошувачка.
на пример:
Alfa Romeo Giulia (952) 2.0 Turbo (200 Hp) Automatic 2018
urban   9 l/100 km
extra urban   6 l/100 km
combined   7.1 l/100 km

Alfa Romeo Giulia (952) 2.0 Turbo (280 Hp) Automatic 2018
 urban   9.8 l/100 km
extra urban   7.1 l/100 km
combined   8.4 l/100 km

Истата погонска единица, со генерално исти загуби при работа, практично „фабрички“ ремапиран на 280кс, троши повеќе. Да не вадам и за дизелите, и тие се иста прича.
Тие прикаски „ремапирана помалку троши“, на друг да му ги раскажуваат тјунериве :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54819
  • Махер
во шкодата без проблеми постигнува 50-60кс ремапиран или не. Верувале или не, толку е потребно да се движи едно возило со константна брзина од 120км/ч. Не 300кс, не 600кс да има колата,
Ова само морам да го коригирам. Не се 50-60, туку се околу 30кс.
def calculate_horsepower(v_kmh, car_mass, C_d, A, C_rr=0.015):
    """
    Calculate the horsepower needed to maintain a given speed for a car.

    :param v_kmh: Speed in km/h
    :param car_mass: Mass of the car in kg
    :param C_d: Drag coefficient of the car
    :param A: Frontal area of the car in m²
    :param C_rr: Coefficient of rolling resistance (default 0.015 for typical passenger cars)
    :return: Horsepower required
    """
    rho = 1.225  # Air density at sea level in kg/m³
    g = 9.81     # Acceleration due to gravity in m/s²

    # Convert speed to m/s
    v_m_s = v_kmh / 3.6

    # Calculate drag force
    F_d = 0.5 * rho * C_d * A * v_m_s**2

    # Calculate weight force in Newtons
    W = car_mass * g

    # Calculate rolling resistance force
    F_rr = C_rr * W

    # Calculate total force required
    F_total = F_d + F_rr

    # Calculate power required in watts
    P_watts = F_total * v_m_s

    # Convert power to horsepower
    P_HP = P_watts / 746

    return P_HP

# Example usage
v_kmh = 120  # Speed in km/h
car_mass = 1700  # Car mass in kg
C_d = 0.275       # Drag coefficient
A = 2.2         # Frontal area in m²

horsepower_required = calculate_horsepower(v_kmh, car_mass, C_d, A)
horsepower_required
print(f"Horsepower required to maintain {v_kmh} km/h: {horsepower_required:.2f} HP")



Присутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43418
  • Il Moderatore
во шкодата без проблеми постигнува 50-60кс ремапиран или не. Верувале или не, толку е потребно да се движи едно возило со константна брзина од 120км/ч. Не 300кс, не 600кс да има колата,
Ова само морам да го коригирам. Не се 50-60, туку се околу 30кс.


30кс на тркалата, 50тина од мотор да излезат :*

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8165
  • Малерозен дрводарец
Бреиј, ама сте коректни уште од сабајле...

А никој не вика на предновогодишна за сите нанометри порк...
When you turn on the radio does it return the favor?

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1325
А можеби се расипала. И онака стално нешто и се расипува :D