@Power to the people Остај плацовите наши знајме, туку кажи шо дојсе. Не не врти како киша око Крагујевца 
Шо ти е фетишот со електронска рачна? Сакаш поактивен да си на рено форумите за кога ќе се заеби како шо се поебуваа на сценици и сл 
Зедов Меган 4-ка, 2016-та, црна, вчера таблиците ги зедов и официјално можам да ја возам, ќе има соодветна тема по некое време.
Зошто електронска? Еве од гемини споредба, почиста централна конзола, помодерно ми е мене, поубаво, дупки за шишлаци не сакам да гледам,
плус повлекува и амбиентално осветлување кое не се гледа на сликите, а мене ми се допаѓа многу.
Рено немаат нешто проблем со задните клешти електрични, меѓутоа ако излези проблем, ќе се репарира или замени клештата.
Ако заглави ќе си носам алати, посекако на подолг пад надвор од мк, земам по некој клуч.
А дека е поедноставна и побрза за користење мануелната е, не велам не, електронската ја чекаш 1 секунда да заврти да стегни/ олабави.
