Да зачистам прашина низ гаража, да направам место
Пред некој месец, при одење накај Охрид забележав дека ламелата почна да пролизгува. На Стража, во 4-та, при 2.200-2.300врт/мин и полна гас, се понашаше почна да се понаша како Мустанг аутоматик, качува/симнува вртежи, но константно забрзува.
Понатаму пробав во 6-та на автопат, истото се случуваше.
Со фино дозирање на гаста, немаше проблем, во N немаше проблем. Знаеше да пролизга во D и гас до патос при ниски вртежи. Не ги качуваше високо, ама пролизгувањето беше евидентно. Не беше секојпат случај, веројатно од расположење.
Ако вратев брзина и дадам гас при повисоки вртежи, немаше проблем.
Еден голем мислител ми кажа, ок е, ако пазиш без дивљање ќе ја истераш уште 50.000.
Еден втор мислител ми кажа, сега е моментот да ја продадеш.
Јас со глава низ ѕид, тргнав да го решавам проблемот. Иако колата има нешто над 100 иљадарки , секако дека ќе се менува цел сет. Во мене е нешто под 40.000км, а првите 65.000 не можам да знам кој и како ги користел оние 235кс.
Прва станица Аутомобиле СК.
Ја знаат колата, имаат податоци, кажувам симптоми, вика почната е да откажува ламелата. ОК до тука сме на иста бранова должина. Рецитирај цени му викам.
Он вика, овој сет никогаш не сме го имале на лагер и никогаш не бил нарачан и почна да се туфка. Ми беше јасно зошто никогаш не бил нарачан
ама си чекам културно.
(истиот сет го вози и 2.0. дизел во 159 и Ланчија).
Па каже, фабрички сет Валео:
- сет ламела и потисна 26.000 ден.
- друк лагер 16.500 ден.
- замаец 67.000 ден.
- работна рака 7.500 ден.
Вкупно: 117.000 ден.Рок на испорака 2 недели.
Рече дека може и попуст да направат
.
Јас реков, ОК до колку работите
.
Продолжив кај Сервис Илија. Муабетот со лагерот и рокот беше ист.
Цените горе/доле:
- сет ламела и потисна 24.000 ден.
- друк лагер 16.000 ден.
- замаец, ќе треба да проверат убаво ама над 35.000 ден.
- работна рака, ќе се договориме
Од двете места ми беше посочено дека сетот се менува комплет сосе замаец зошто така е пропишано од фабрика. Може да сменам само сет ламела, со изјава и без никаква гаранција, за сменетите делови.
А замаецот од јаките, двомасен
.
Се консултирав со интернетот и секако дека комплет сетот (Sachs) си го порачав во Дојчландија и тоа по овие цени:
Односно, изводов од банка вели дека мене деловите ме чинеле 42.709 ден.
Дополнително си порачав и жички од кабина во врата гепек, оние што ги лепев претходно, па да не бидат лепени, да си бидат како што треба (пак откажа задниот бришач, па ќе требаше пак да прелепувам).
Цвикнати беа од левата страна, ама земав комплет и за десната, за да не му текне да ми се налути за некој месец
.
Дополително од Англија порачав и ревидирано црево за масло за турбина. Моделите од 2010 имаа првично интервал на сервисирање на 35.000км и знае од висока температура и постаро масло да се нафатат наслаги во цревото и да нема доволен проток на масло до турбина и куршлус
. Секако дека јас менувам масло на 10.000-12.000км, а ревидираното цревце го менувам за мирна глава. Доставата од Англија беше до Германија.
Кога се комплетираше се, благодарејќи на логистиката на клаберство, вчера нарачката стигна кај мене дома, после 3 недели од порачката.
Цревца има 2, пошто ние Алфистите си се држиме, па му нарачав и на матичниот
@Simo - Carrier159 едно
Една друга работа што приметив откако ги добив деловите е тоа што деловите се од Valeo изработени за Sachs и спакувани во кутии од Sachs. Глобализација јеби га.
Го кажувам ова, затоа што можеби некој ќе се доведе во ситуација да порачува, па да знае дека може целиот сет да си гоп порача од Valeo и да заштеди на целиот сет 30-тина евра
Огромна благодарност до дијаспора и транспорт за логистика, КарКлуб не е заебанција
Деловите веројатно ќе ги менувам со нареден редовен сервис, може и порано, видеќемо