Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)  (Прочитано 151079 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #525 на: 18 Мај 2020, 10:26:30 am »
Без тачскрин?

 ???

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #526 на: 18 Мај 2020, 15:23:15 pm »
Без тачскрин?

 ???
Ајјјј... не приметив... катастрофа, не ја бива колава, у 21ви век ја да стискам дугмиња... златен Спораж.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #527 на: 08 Јуни 2020, 08:52:37 am »
Денес се заокружи еден огромен јубилеј за кој сонува секој сопственик на Алфа Ромео.
Некаде пред скопска патарина за заокружија 0,1 милион километри



сега може да ја качам софтверски на 140-170.000 и да оди на оглас  ;D


Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #528 на: 16 Јуни 2020, 23:52:56 pm »
Денес се заокружи еден огромен јубилеј за кој сонува секој сопственик на Алфа Ромео.
Некаде пред скопска патарина за заокружија 0,1 милион километри

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

сега може да ја качам софтверски на 140-170.000 и да оди на оглас  ;D
Или за 2-3 години да си ја качиш хардверски :)

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #529 на: 07 Октомври 2020, 11:45:15 am »
Да зачистам прашина низ гаража, да направам место  ;D

Пред некој месец, при одење накај Охрид забележав дека ламелата почна да пролизгува. На Стража, во 4-та, при 2.200-2.300врт/мин и полна гас, се понашаше почна да се понаша како Мустанг аутоматик, качува/симнува вртежи, но константно забрзува.
Понатаму пробав во 6-та на автопат, истото се случуваше.
Со фино дозирање на гаста, немаше проблем, во N немаше проблем. Знаеше да пролизга во D и гас до патос при ниски вртежи. Не ги качуваше високо, ама пролизгувањето беше евидентно. Не беше секојпат случај, веројатно од расположење.
Ако вратев брзина и дадам гас при повисоки вртежи, немаше проблем.

Еден голем мислител ми кажа, ок е, ако пазиш без дивљање ќе ја истераш уште 50.000.
Еден втор мислител ми кажа, сега е моментот да ја продадеш.

Јас со глава низ ѕид, тргнав да го решавам проблемот. Иако колата има нешто над 100 иљадарки , секако дека ќе се менува цел сет. Во мене е нешто под 40.000км, а првите 65.000 не можам да знам кој и како ги користел оние 235кс.

Прва станица Аутомобиле СК.
Ја знаат колата, имаат податоци, кажувам симптоми, вика почната е да откажува ламелата. ОК до тука сме на иста бранова должина. Рецитирај цени му викам.
Он вика, овој сет никогаш не сме го имале на лагер и никогаш не бил нарачан и почна да се туфка. Ми беше јасно зошто никогаш не бил нарачан  ;D ама си чекам културно.
(истиот сет го вози и 2.0. дизел во 159 и Ланчија).
Па каже, фабрички сет Валео:
  • сет ламела и потисна 26.000 ден.
  • друк лагер 16.500 ден.
  • замаец 67.000 ден.
  • работна рака 7.500 ден.
Вкупно: 117.000 ден.

Рок на испорака 2 недели.

Рече дека може и попуст да направат  ;D.
Јас реков, ОК до колку работите  ;D.

Продолжив кај Сервис Илија. Муабетот со лагерот и рокот беше ист.
Цените горе/доле:
  • сет ламела и потисна 24.000 ден.
  • друк лагер 16.000 ден.
  • замаец, ќе треба да проверат убаво ама над 35.000 ден.
  • работна рака, ќе се договориме

Од двете места ми беше посочено дека сетот се менува комплет сосе замаец зошто така е пропишано од фабрика. Може да сменам само сет ламела, со изјава и без никаква гаранција, за сменетите делови.
А замаецот од јаките, двомасен :).

Се консултирав со интернетот и секако дека комплет сетот (Sachs) си го порачав во Дојчландија и тоа по овие цени:



Односно, изводов од банка вели дека мене деловите ме чинеле 42.709 ден.

Дополнително си порачав и жички од кабина во врата гепек, оние што ги лепев претходно, па да не бидат лепени, да си бидат како што треба (пак откажа задниот бришач, па ќе требаше пак да прелепувам).
Цвикнати беа од левата страна, ама земав комплет и за десната, за да не му текне да ми се налути за некој месец :).

Дополително од Англија порачав и ревидирано црево за масло за турбина. Моделите од 2010 имаа првично интервал на сервисирање на 35.000км и знае од висока температура и постаро масло да се нафатат наслаги во цревото и да нема доволен проток на масло до турбина и куршлус  ;D. Секако дека јас менувам масло на 10.000-12.000км, а ревидираното цревце го менувам за мирна глава. Доставата од Англија беше до Германија.

Кога се комплетираше се, благодарејќи на логистиката на клаберство, вчера нарачката стигна кај мене дома, после 3 недели од порачката.



Цревца има 2, пошто ние Алфистите си се држиме, па му нарачав и на матичниот @Simo - Carrier159 едно  ;D

Една друга работа што приметив откако ги добив деловите е тоа што деловите се од Valeo изработени за Sachs и спакувани во кутии од Sachs. Глобализација јеби га.
Го кажувам ова, затоа што можеби некој ќе се доведе во ситуација да порачува, па да знае дека може целиот сет да си гоп порача од Valeo и да заштеди на целиот сет 30-тина евра  :)











Огромна благодарност до дијаспора и транспорт за логистика, КарКлуб не е заебанција :)
Деловите веројатно ќе ги менувам со нареден редовен сервис, може и порано, видеќемо :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #530 на: 07 Октомври 2020, 13:16:58 pm »
WoW

I feel you, слично патешествие имав на 147,кај мене лагерот, потисната и замаецот беа. После сфаќање дека сетот ќе дојде од сетквачила, есапот на крај ми искочи дека ме чинеше (370 чинеше минус 50е поврат на ДДВ од Србија) 320е сосе бензим, патарина, поштарина за документот. Среќа и јас имав некој во Белград.

Сакав да прашам, сетот ламела каде е произведен а каде замаецот? Кај мене ламелата во Турција а замаецот во Италија.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #531 на: 07 Октомври 2020, 15:13:55 pm »
Замаецот Италија
Сет ламела Франција
Друк лагерот Унгарија

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #532 на: 07 Октомври 2020, 15:16:06 pm »
па добро, не е голема разликата у цена  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #533 на: 07 Октомври 2020, 15:18:36 pm »
Ехем, апчуууууу...

@osmica8

Џабалак.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #534 на: 07 Октомври 2020, 19:50:44 pm »
Го исчитав сето ова без да трепнам. Грубо земено, еден сет во аутомобиле ск те чини колку 3 сета од Дојчландска порачана, не е нешто разлика  ;D Си имаш тука некој да ти го смени сетот и само за рака да ти земе?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #535 на: 07 Октомври 2020, 19:57:33 pm »
Ќе се најде некој :)

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #536 на: 07 Октомври 2020, 20:06:52 pm »
Ќе се најде некој :)

Dojdi Strumica, ke te nosam kaj mojot majstor, pogolem Alfista i od nas 😁
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #537 на: 07 Октомври 2020, 20:36:45 pm »
Само која кафана ќе не прими пола ден ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #538 на: 07 Октомври 2020, 20:37:47 pm »
Ехем, апчуууууу...

@osmica8

Џабалак.

235hp  45 000eur Купена на ново колава.
Нека ти трепкаат тие бројки.

Не гледам дека марјанот ја конвертира во фиксен.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo Giulietta Quadrifoglio Verde (2010)
« Одговори #539 на: 07 Октомври 2020, 21:26:00 pm »
@osmica8 ме интересира доколку ја конвертира во фиксен(ако е возможно), ќе се осеќа на возење тоа?

Алфистите имаат голем круг на пријатели, за да си ги делат маќите со колите.  :)
Никогаш не вели никогаш.