Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1929104 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14160 на: 04 Мај 2023, 22:46:10 pm »
Медот е здрав. Овошјата, оризот, овесот исто така. Но сепак фактот е дека овие содржат јаглехидрати кои во телото се претвораат во шеќери. Покаченото ниво на шеќер во крвта го намалува хормонот за раст а го качува инсулинот = се успорува растот на мускулна маса, се прекинува топењето вишок масти. Или, зависно од количината = предизвикува дебелеење.

Разните „трендови“ во исхраната и советите за здравје најчесто се проповедаат и прифаќаат на слепо, како догма. „Здраво е“, „корисно е за организмот?

Зошто е здраво? Бидејќи содржи Ц-витамин? Здраво е за коските дека содржи калциум? Здраво е дека е природно?

Природно и правилно се различни работи. Многу производи се фалат со „природно“ и „природни состојки“. Нафтата е природна. Змискиот отров е природен. Алкохолот е природен. Овесните снегулки се природни. Ураниум, халуциногени печурки, сè е тоа природно.

Вештачки витамин Е не е природен ама е поправилен од никаков витамин Е. Постојат степени на исправност и тоа не е сè црно и бело. Ц витамин е супер, но колку? 1 милиграм или 1000?.

Кога станува збор за раст на мускулна маса и топење вишок масти – единствените валидни прашања и одговори се тие што се однесуваат на ефектот што исхраната го има врз хормоните.

Црешите се здрава храна. Несомнено. Меѓутоа 100 грама цреши (15-ина црешки) содржат 14 грама шеќер. Малку повеќе од 100 грама coca-cola сок. Содржат околу 7 милиграми витамин Ц. Дневниот најминимален внес на витамин Ц треба да е 1000 милиграми. Дали сакате да внесете 13 грама шеќер заради 7 милиграми витамин Ц?

„Здраво е во умерена доза.“ Вакви општи изјави што звучат мудро а без да кажат што е умерена доза – не се од никаква корист. Хормоните не се ракводат по општи мудрости.

Една излупена банана тежи околу 100 грама. Содржи 20 гр јаглехидрати од кои 12 гр чист шеќер.

Една праска тежи околу 150 гр. 16 грама јаглехидрати од кои 13 се шеќер.

Да не заборавиме дека шеќерот е 100% чист јаглехидрат.

Две кришки леб содржат 25 грама јаглехидрати. Интегрален леб? Исто.

15 црешки, една банана, една праска, две кришки леб = 75 грама јаглехидрати.

75 гр јаглехидрати внесени во текот на еден ден за голем број луѓе значат дека нема топење вишок масти. Значат нема излачување максимум хормон за раст.

Овесни снегулки? 100 грама овесни снегулки содржат 56 грама јаглехидрати. Вивнуваат инсулин исто како да сте изеле 100 гр чоколадо. Слично е и со други житарици. Јачменот содржи 56 гр јаглехидрати. Разните комбинации од мусли содржат околу 50 гр јаглехидрати на 100 грама и околу 30 гр шеќер.

Над 40 грама јаглехидрати внесени во текот на денот значи неизлачување максимум хормон за раст, значи намалено топење масти, успорени придобивки од вежбањето. Да не зборуваме за внес на 200-300 грама јаглехидрати како што многумина обично внесуваат.

Јаглехидратите од храната, без разлика дали доаѓаат од леб, грав, ориз, чоколади, грицки, овес, овошја, чист шеќер, итн., во крвта се разложуваат во најпроста форма на шеќер – гликоза. Дали ќе внесете чиста гликоза, бел шеќер, кафеав шеќер, грав, мед, овес, жито, тестенини… – гликозата која се создава од нив во крвта e идентична.

Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза – од мастите и од протеините.
-muskultura

« Последно менување: 04 Мај 2023, 23:03:24 pm was »

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 992
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14161 на: 04 Мај 2023, 22:55:09 pm »
Знае ли некој како да се стапи во контак телефонски, со некое човечко битие од доктор/сестра од Државна Болница?

Sent from my iPhone using Tapatalk

Државна болница имаш 20ина тотално неповрзани институти. Од каде ти треба контакт?

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5083
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14162 на: 04 Мај 2023, 23:21:20 pm »
Кардиологија. Ѕвонам на два беоја, еден од ЗК еден од извештајот, залудно.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14163 на: 05 Мај 2023, 00:42:45 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8436
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14164 на: 05 Мај 2023, 01:02:28 am »
Епа, Бицик'л, тоа ти е...
Преебавме короните, преебавме патување до Марс до викендица, на ред е "кој е најбољи Биохемија"
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14165 на: 05 Мај 2023, 01:39:52 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?

Кога не се внесува јаглехидрати - не се создава глукоза (нема од каде), туку енергија се добива од кетони и масни киселини кои немаат везе со јаглехидрати (глукоза, фруктоза, галактоза). Ацетонот е кетон, како за пример.
Ова е од мене, за малку поописно ќе мора Гугл за да доловам:

Normally carbohydrates in food are converted into glucose, which is then transported around the body and is important in fueling brain function. However, if only a little carbohydrate remains in the diet, the liver converts fat into fatty acids and ketone bodies, the latter passing into the brain and replacing glucose as an energy source
« Последно менување: 05 Мај 2023, 01:48:35 am balanar »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8436
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14166 на: 05 Мај 2023, 02:19:48 am »
А, за тоа ли дават гликоза на токсикологија к'т се здрвеш?
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14167 на: 05 Мај 2023, 03:28:17 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?
Не ја создава од внесените јгх особено од шеќерите, зошто и нема од каде бидејќи не си внесол, туку ја користи и почнува да ги троши резервите кои се складирале зошто телото не можи без јгх и ги црпи од резервите и на тој начин телото се става на топење масти и трошење калории.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8436
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14168 на: 05 Мај 2023, 03:45:26 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?
Не ја создава од внесените јгх особено од шеќерите, зошто и нема од каде бидејќи не си внесол, туку ја користи и почнува да ги троши резервите кои се складирале зошто телото не можи без јгх и ги црпи од резервите и на тој начин телото се става на топење масти и трошење калории.

Друже, дај преќини додека е време, пред да настане апокалипсата :)))
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14169 на: 05 Мај 2023, 04:12:16 am »

Па.. па па.. вау.
Ти како сакаш толкувај го тоа. Има луѓе кои живеат вака.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8436
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14170 на: 05 Мај 2023, 04:59:21 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?
Не ја создава од внесените јгх особено од шеќерите, зошто и нема од каде бидејќи не си внесол, туку ја користи и почнува да ги троши резервите кои се складирале зошто телото не можи без јгх и ги црпи од резервите и на тој начин телото се става на топење масти и трошење калории.

Друже, дај преќини додека е време, пред да настане апокалипсата :)))
Па.. па па.. вау.
Ти како сакаш толкувај го тоа. Има луѓе кои живеат вака.

Ништо јас не толкувам... тоа што си го цитирал под тој смешен назив "muskultura'... размисли за тоа.
Или барем прочитај некоја книга, бамумајката, лесно е.

Не сакам ни да почнувам колку глупости има истресено во тој цитат, уште во првите 2-3 реченици.

На страна тоа што е буквално демагогија - уште во втор ред има отстранување од темата и агресивно заводување го сосем друг правец, неповрзан со самата тема.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6287
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14171 на: 05 Мај 2023, 07:10:51 am »
Ако имаше точна формула по колку од што треба да се внеси по 200години ќе живеевме.

Ако некое чоколадо има идеални соодноси на масти шеќери витамини, цреши ако ми се јадат цреши ќе јадам.  ;D

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14172 на: 05 Мај 2023, 07:16:30 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?
Не ја создава од внесените јгх особено од шеќерите, зошто и нема од каде бидејќи не си внесол, туку ја користи и почнува да ги троши резервите кои се складирале зошто телото не можи без јгх и ги црпи од резервите и на тој начин телото се става на топење масти и трошење калории.

Друже, дај преќини додека е време, пред да настане апокалипсата :)))
Па.. па па.. вау.
Ти како сакаш толкувај го тоа. Има луѓе кои живеат вака.

Ништо јас не толкувам... тоа што си го цитирал под тој смешен назив "muskultura'... размисли за тоа.
Или барем прочитај некоја книга, бамумајката, лесно е.

Не сакам ни да почнувам колку глупости има истресено во тој цитат, уште во првите 2-3 реченици.

На страна тоа што е буквално демагогија - уште во втор ред има отстранување од темата и агресивно заводување го сосем друг правец, неповрзан со самата тема.
Muskultura е веб страница од кај што се извлечени податоциве, го ставив како извор на податоци а не за муслклатурата на телото.. 
https://muskultura.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5-%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D1%81%D1%85%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0

btw не битно...
« Последно менување: 05 Мај 2023, 07:27:48 am was »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10281
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14173 на: 05 Мај 2023, 10:01:03 am »
"Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза " оваа гликоза е поразлична од другата гликоза ?

Кога не се внесува јаглехидрати - не се создава глукоза (нема од каде), туку енергија се добива од кетони и масни киселини кои немаат везе со јаглехидрати (глукоза, фруктоза, галактоза). Ацетонот е кетон, како за пример.
Ова е од мене, за малку поописно ќе мора Гугл за да доловам:

Normally carbohydrates in food are converted into glucose, which is then transported around the body and is important in fueling brain function. However, if only a little carbohydrate remains in the diet, the liver converts fat into fatty acids and ketone bodies, the latter passing into the brain and replacing glucose as an energy source

Значи на сајтот е грешно напишано.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14174 на: 05 Мај 2023, 10:16:58 am »
Не можев да најдам каде е напишан крајниот пасус она што @was го напишал. Го нема во линкот.

Имаат друга статија што е точна:

Цитат
Кога телото нема доволна количина на достапен шеќер и залихите на складираниот шеќер се испразнети, почнува да се адаптира барајќи друг извор на енергија – мастите. Ако телото се префрли да работи на согорување масти наместо шеќери, почнува да создава кетони – нуспроизвод што се создава кога телото разложува масти за енергија. Се произведуваат во црниот дроб од разложување на мастите внесени преку исхрана и од вишокот складирани телесни масти. Кетоните стануваат примарно гориво во отсуство на јаглехидрати.

https://muskultura.mk/%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b5-%d0%ba%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b8%d0%b5%d1%82%d0%b0/