Медот е здрав. Овошјата, оризот, овесот исто така. Но сепак фактот е дека овие содржат јаглехидрати кои во телото се претвораат во шеќери. Покаченото ниво на шеќер во крвта го намалува хормонот за раст а го качува инсулинот = се успорува растот на мускулна маса, се прекинува топењето вишок масти. Или, зависно од количината = предизвикува дебелеење.
Разните „трендови“ во исхраната и советите за здравје најчесто се проповедаат и прифаќаат на слепо, како догма. „Здраво е“, „корисно е за организмот?
Зошто е здраво? Бидејќи содржи Ц-витамин? Здраво е за коските дека содржи калциум? Здраво е дека е природно?
Природно и правилно се различни работи. Многу производи се фалат со „природно“ и „природни состојки“. Нафтата е природна. Змискиот отров е природен. Алкохолот е природен. Овесните снегулки се природни. Ураниум, халуциногени печурки, сè е тоа природно.
Вештачки витамин Е не е природен ама е поправилен од никаков витамин Е. Постојат степени на исправност и тоа не е сè црно и бело. Ц витамин е супер, но колку? 1 милиграм или 1000?.
Кога станува збор за раст на мускулна маса и топење вишок масти – единствените валидни прашања и одговори се тие што се однесуваат на ефектот што исхраната го има врз хормоните.
Црешите се здрава храна. Несомнено. Меѓутоа 100 грама цреши (15-ина црешки) содржат 14 грама шеќер. Малку повеќе од 100 грама coca-cola сок. Содржат околу 7 милиграми витамин Ц. Дневниот најминимален внес на витамин Ц треба да е 1000 милиграми. Дали сакате да внесете 13 грама шеќер заради 7 милиграми витамин Ц?
„Здраво е во умерена доза.“ Вакви општи изјави што звучат мудро а без да кажат што е умерена доза – не се од никаква корист. Хормоните не се ракводат по општи мудрости.
Една излупена банана тежи околу 100 грама. Содржи 20 гр јаглехидрати од кои 12 гр чист шеќер.
Една праска тежи околу 150 гр. 16 грама јаглехидрати од кои 13 се шеќер.
Да не заборавиме дека шеќерот е 100% чист јаглехидрат.
Две кришки леб содржат 25 грама јаглехидрати. Интегрален леб? Исто.
15 црешки, една банана, една праска, две кришки леб = 75 грама јаглехидрати.
75 гр јаглехидрати внесени во текот на еден ден за голем број луѓе значат дека нема топење вишок масти. Значат нема излачување максимум хормон за раст.
Овесни снегулки? 100 грама овесни снегулки содржат 56 грама јаглехидрати. Вивнуваат инсулин исто како да сте изеле 100 гр чоколадо. Слично е и со други житарици. Јачменот содржи 56 гр јаглехидрати. Разните комбинации од мусли содржат околу 50 гр јаглехидрати на 100 грама и околу 30 гр шеќер.
Над 40 грама јаглехидрати внесени во текот на денот значи неизлачување максимум хормон за раст, значи намалено топење масти, успорени придобивки од вежбањето. Да не зборуваме за внес на 200-300 грама јаглехидрати како што многумина обично внесуваат.
Јаглехидратите од храната, без разлика дали доаѓаат од леб, грав, ориз, чоколади, грицки, овес, овошја, чист шеќер, итн., во крвта се разложуваат во најпроста форма на шеќер – гликоза. Дали ќе внесете чиста гликоза, бел шеќер, кафеав шеќер, грав, мед, овес, жито, тестенини… – гликозата која се создава од нив во крвта e идентична.
Кога не внесуваме јаглехидрати и шеќери, телото е способно да ја создаде потребната гликоза – од мастите и од протеините.
-muskultura