@balanar
Имаш ли нешто повеќе инфо околу малтитолот? Нов на пазаров е како супстанца и е поразличен од шеќерот, го крева инсулинот ама пишува дека нее штетен како шеќерот и полесно поминува во крвта ама немам инфо дали и покачува кила.
Налетав на крем од Алпико, го зедов баш да видам, без шеќер, глутен и палмина маст, во јаглехидрати пишува околу 70 од кои шеќери 6-7гр - малтитол. Во калориска вредност е 538kcal на 100гр ама ради лешникот. Пробав неколку лажичиња, нее ништо поразличен од другиов, ама мислам дека домашен со урми и лешници е поздрав на ист начин само што наместо блажина од вештачка супстанца малтитол добиваш од урмите.
Без да гуглам - мислам дека е слично смече како и бел шеќер (во смисла на јаглехидрат), така да...
Единствено знам дека стевијата ја користат баш билдери (во период на „чистење“) како засладувач. Јас избегнувам секаков вид јаглехидрати и засладувачи. Пример, чај пијам без ништо (Натрен, кој е сахарин).
2-3 пати се имам заебано кога сум во кетоза да пробам засладени работи или баш благо. За некој час ми се јаде ненормално. Страшна работа се шеќерите/имитациите. Легална дрога по мене.
во јаглехидрати пишува околу 70 од кои шеќери 6-7гр - малтитол
На сите производи гледај ги вкупните ЈХ, батали го она „од кои“. Јаглехидрати се јаглехидрати, без разлика какви се. Тоа „од кои“ се трик демек има само 6-7 грама шеќери на 100 грама. Во еурокрем. Важи
Дефинитивно шеќерот е како дрога. Исто и јас имам забележано, привремено ти дава енергија, ти го става мозокот во алфа режим и само те влечи на "уште повеќе и повеќе" без да размислиш за последиците. И секогаш после конзумирањето чувствувам како омалаксаност, исцрпност и поспаност, фактички ти го наплаќа дупло данокот за привремената енергија која ти ја дал, башка инсулинот го крева и ако веќе ги исполни резервите ете ти и сало.
Среќа не конзумирам благи работи. Едино пробав со домашен крем со урми, лешници и какао по 2 лажици после јадење, ама урмиве не се толку штетни, и еве сега некопку лажичиња од овај Алпико "без шеќер, глутен, палмина маст", на акција беше реков само да видам што е всушност, а она исто ѓубре, добро малтинолот нее како шеќерот ама си има свои последици. Јаглехидрати не конзумирам директно преку бел шеќер, преку храна најчесто особено јогурт, ајран, пченка, ќе земам некош блага пченка за варење кога ќе излезат, лубеница, диња или пак ете смоки за грицкање оти ги обожавам а и ми помогнаа со диетава хаха. Иначе сум спуштил уште 1 кило, уште 3кг и ќе запрам, после калориската вредност ќе ја држам за одржување на килажата.