Ако внесиш вишок протеини ? Или масти ?
Што подразбираш под вишок, не разбирам? Колку вишок?
Калории се калории, вишокот од сите (ЈХ, протеини, масти) ќе ти отиде у сало.
Еден грам ЈХ и протеини има енергетска вредност од 4 калории, еден грам масти има 9 калории. Седни и рачунај си го вишокот
Имаш параметар како базален метаболизам (колку калории се потребни за основни функции на телото) и
стандарден метаболизам (колку калории се потребни за секојдневни активности, без физички напор).
Еден дел од вкупно внесените калории секој ден ќе отиде со урина (после преработка), друг дел ќе отиде со измет (после преработка), трет дел ќе се искористи за потребите на телото (во зависност од потребата за енергија тој ден, четврт дел ќе се складира како сало (ако потребите за енергија биле помали од внесените калории тој ден). Имаш и варијабилен, во зависност дали денес имаш физичка активност или не. Првиот е полесен за рачунање (колку-толку точно), вторите 2 - не, бидејќи се лесно менливи, во зависност од дневните активности.
Многу е едноставно, не го прави комплицирано