Интересно е што и мојата е тука некаде со вртежи на оваа брзина.
Па не било баш тука некаде. Се извинувам
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да бидам искрен, ми фалат вртежи при 130км/ч кога сум во 6 та брзина, многу слабо меѓуубрзување има во 6та, од 140км/ч па нагоре убаво убрзува и во 6-та. Затоа почесто возам во 5-та отколку во 6та.
Мислам дека кога и јас би ги имал твоите вртежи многу подобри би се движела колата, 130км/ч е некоја минимална брзина за да возиш во 6-та кај мене.
Кај тебе гледам во 7 брзина си, а бидејќи имаш ДСГ гајле ти е во која брзина.
Шалтаблава е мада фака ...
Браво за Шкода, супер изгледаат инструментиве.
Би сакал да постои вакво нешто и во Yeti.
Претпоставувам дека има начин и сам да си го менуваш дизајнот на инструментите или тешко ?
Ама се е помала разликата со VW, дури и со Ауди.
Си има разлика, можеби се намалува ама има разлика. Дирекно споредував Пасат со Суперб, во основно ниво на опременост, и Шкодата има поефтини моменти во средната конзола и полоша завршна изработка, кај Пасатот е се некако пофино и поубаво направено внатре.