Викендов кај мене е новиот Skoda Kodiaq.
--
Први впечатоци:
- Големо возило. Огромно. Мада, мислам дека има прекуокеански бродови што се поголеми, ама не сум сигурен.
- 2-литарскиот TDI работи многу мирно и рафинирано. 190 коња се таман за Kodiaq-от, ама и 150-коњскиот турбодизел би бил доволен. Деновиве просекот ми е 9.6 на 100.
- Го наредиле со опрема. Големото радио/навигација, седишта покриени во кожа/алкантара со греење,
ксенонски LED светла, адаптивен темпомат, профили за возење (sport, comfort, eco, тралала), сензори, камери (+ птичја перспектива), Canton аудио со еден куп звучници и subwoofer, keyless, итн, итн.
- Големината може да биде проблем за паркирање низ град. Треба човек да е спремен на ова. Мада секој што вози кола подолга од 4.5 метри веќе ги знае овие работи.
- Дизајнот е субјективна работа. Мене ми изгледа океј. Ништо екстравагантно и премногу модерно, ама сосема океј изгледа.
- Вожњата по нашиве улици е супер, и покрај големите 19-инчни тркала. Си има месести гуми.
- На отворено спава на 130-160. Се слуша бука од ретровизорите, али ништо страшно.
- Огромен багажник (кај овој модел опремен и со отварање/затварање на багажникот на даљинско).
- Наслонот на задните седишта се навалува за комотно седење и на подолги релации.
- Практична работа се чадорите во врата. Деновиве се потврди тоа.
- Многу се корисни оние автоматските пластични заштити што излегуваат на вратите кога ќе ги отворите. Прв мислам дека ги понуди Ford, сега ги нуди и Skoda во Kodiaq. Стандардно доаѓаат со сите освен првото ниво на опрема.
--
Цените почнуваат од 21.830 за 1.4 TSI со мануелен менувач и погон на предни тркала. Основниот дизел е 28.090 со 150 коња, погон на предни и DSG, односно 28.300 за 150 коња, мануелен менувач и погон на сите четири. Понатаму би требало да има можност за повеќе комбинации.
Конкретново возило чини некаде околу 40.000 евра. Точната спецификација ќе ја добијам утре кога ќе го вратам. Overall, стварно е тешко да се најде некаква објективна замерка. Може дизајнот да не му се допаѓа на некого, ама тоа е субјективно.
Многу е интересно дека за овие неколку дена, барем 30-тина рандом луѓе на улица ме прашаа за колава.
ЕДИТ:
Целиот тест - http://www.carclub.mk/2017/04/27/test-skoda-kodiaq-2-0-tdi-190-4x4-dsg-style-golem-prakticen-semeen-suv/