Автор Тема: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4  (Прочитано 15907 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« на: 17 Април 2017, 18:40:05 pm »
Викендов кај мене е новиот Skoda Kodiaq.





--

Први впечатоци:

- Големо возило. Огромно. Мада, мислам дека има прекуокеански бродови што се поголеми, ама не сум сигурен.
- 2-литарскиот TDI работи многу мирно и рафинирано. 190 коња се таман за Kodiaq-от, ама и 150-коњскиот турбодизел би бил доволен. Деновиве просекот ми е 9.6 на 100.
- Го наредиле со опрема. Големото радио/навигација, седишта покриени во кожа/алкантара со греење, ксенонски LED светла, адаптивен темпомат, профили за возење (sport, comfort, eco, тралала), сензори, камери (+ птичја перспектива), Canton аудио со еден куп звучници и subwoofer, keyless, итн, итн.
- Големината може да биде проблем за паркирање низ град. Треба човек да е спремен на ова. Мада секој што вози кола подолга од 4.5 метри веќе ги знае овие работи.
- Дизајнот е субјективна работа. Мене ми изгледа океј. Ништо екстравагантно и премногу модерно, ама сосема океј изгледа.
- Вожњата по нашиве улици е супер, и покрај големите 19-инчни тркала. Си има месести гуми.
- На отворено спава на 130-160. Се слуша бука од ретровизорите, али ништо страшно.
- Огромен багажник (кај овој модел опремен и со отварање/затварање на багажникот на даљинско).
- Наслонот на задните седишта се навалува за комотно седење и на подолги релации.
- Практична работа се чадорите во врата. Деновиве се потврди тоа.
- Многу се корисни оние автоматските пластични заштити што излегуваат на вратите кога ќе ги отворите. Прв мислам дека ги понуди Ford, сега ги нуди и Skoda во Kodiaq. Стандардно доаѓаат со сите освен првото ниво на опрема.

--

Цените почнуваат од 21.830 за 1.4 TSI со мануелен менувач и погон на предни тркала. Основниот дизел е 28.090 со 150 коња, погон на предни и DSG, односно 28.300 за 150 коња, мануелен менувач и погон на сите четири. Понатаму би требало да има можност за повеќе комбинации.

Конкретново возило чини некаде околу 40.000 евра. Точната спецификација ќе ја добијам утре кога ќе го вратам. Overall, стварно е тешко да се најде некаква објективна замерка. Може дизајнот да не му се допаѓа на некого, ама тоа е субјективно.

Многу е интересно дека за овие неколку дена, барем 30-тина рандом луѓе на улица ме прашаа за колава.

ЕДИТ:

Целиот тест - http://www.carclub.mk/2017/04/27/test-skoda-kodiaq-2-0-tdi-190-4x4-dsg-style-golem-prakticen-semeen-suv/
« Последно менување: 27 Април 2017, 12:19:57 pm zeroSignal »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #1 на: 17 Април 2017, 19:18:28 pm »
Ружно си е до бесвес, ама ќе си најде купци. За реална почетна цена од 28300, чинам дека се добива многу кола за не многу пари (за некој што бара ваков тип на возило).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #2 на: 17 Април 2017, 19:38:00 pm »
Мене па баш ми се свиѓа.... ваљда ќе има дизелаш над 2.0?

Отсутен amater

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #3 на: 17 Април 2017, 19:54:33 pm »
ма какво грдо. какви грди SUV има, ова е баш убаво.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #4 на: 17 Април 2017, 20:02:29 pm »
Мене па баш ми се свиѓа.... ваљда ќе има дизелаш над 2.0?
Сосем веројатно. Тогаш ќе се трка со Туарег и Q5

Мене задниот дел само не ми се допаѓа, некако ми е туп и неинтуитивен али тоа е субјективно.
@zeroSignal со каков режим на возење е таа потрошувачка? Колку тежи возилово? Стави линк до артиклот на портал.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #5 на: 17 Април 2017, 21:32:59 pm »
Мене па баш ми се свиѓа.... ваљда ќе има дизелаш над 2.0?

Најверојатно не. Се шушка дека моооооооожеби ќе го добие 2.0 BiTDI (240 коњски сили, 500 Nm) во некоја Kodiaq RS TDI варијанта.

Мене задниот дел само не ми се допаѓа, некако ми е туп и неинтуитивен али тоа е субјективно.
@zeroSignal со каков режим на возење е таа потрошувачка? Колку тежи возилово? Стави линк до артиклот на портал.

Нормално (за мене) градско возење. Без влечење и тегавење. Во даден момент успеав да ја симнам потрошувачката значително надоле, но тоа беше по апла празни улици. Во четвртокот во најголемите гужви беше нешто ситно под 10, со внимателно возење секако.

Long-term потрошувачката (колата има поминато нешто над 1000 км) според борд е 9.5 на 100. Што ми е сосем прифатливо за 190-коњски турбодизел со автоматски менувач и погон на сите четири. Поекономична варијанта во секој случај би бил 2.0 TDI 150 со мануелен менувач и погон на предните тркала - што препоставувам дека ќе биде и бестселер (иако во моментов 2.0 TDI 150 со погон на предни може да се добие само со DSG).

Според бројкиве што можам да ги најдам, би требало да тежи околу 1700 кила во оваа конфигурација.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3810
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #6 на: 17 Април 2017, 22:46:34 pm »
Lici ( malku ) na audi q7  ;D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #7 на: 17 Април 2017, 23:04:51 pm »
Lici ( malku ) na audi q7  ;D
Па реално тоа и е. Замена за q7 и q5 само по реална цена на чинење на производот.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #8 на: 17 Април 2017, 23:52:27 pm »
На првата слика на Амарок ме потсеќа
Има опција со 7 седишта ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #9 на: 18 Април 2017, 01:28:54 am »
@marjanot Има. Конкретниов модел е со 5.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #10 на: 18 Април 2017, 06:59:11 am »
Топ ауто. Многу поголемо од Атека и Тигуан. Нема тест кој што не сум го видел и сите буквално до еден го фалат дека добро се држи на пат, тивок е и комфорен. Ја би го зел лично токму со овој мотор, 150ката е ОК али 40кс си прават разлика на вакво тешко возило.

Во споредба со новиот Тигуан има ваму таму некои пластики повеќе ама ниту Тигуанот не е имун на тоа до некаде.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #11 на: 18 Април 2017, 09:37:52 am »
Убавко е, ама по дифолт мора да доаѓа 4х4, ова само на предни е тотално бескорисно и губи секаква смисла.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #12 на: 18 Април 2017, 09:56:45 am »
Ова луѓе ќе го купуваат како замена за караван зошто е помодерно вакво возило. Не сакаат да доплаќаат за 4х4 погон непотребно кога никогаш нема да го користат. Важно е да личи на џип, и да собира екстремно многу. А ова тоа го прави.

Троши дупло од караван, ама трпиш за мода - јебига.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #13 на: 18 Април 2017, 09:57:14 am »
Најбоље ауто за wanna be Јоцо! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: CARclub Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI 190 DSG 4x4
« Одговори #14 на: 18 Април 2017, 10:04:45 am »
Ова со предна вуча само ни по риба не можеш со него да отидеш, даае у џипо даае :D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.