Викендов ја возиме новата Hyundai Elantra.
Првите импресии се позитивни. После 70-тина километри низ град го забележувам следното:
- Фин квалитет на материјали во ентериерот. Фина и мека кожа на воланот. Нивото на завршна обработка е на ниво на конкуренцијата. Централниот потпирач е малку шашав и се двои од остатокот.
- Копчињата за отварање/затварање прозори се малку ретровача.
- Убаво и комотно седење. Воланот се подесува и по висина и по длабочина. Подесувањето по длабочина е стварно убаво - распонот на движење е голем.
-
Значително подобрена суспензија во однос на минатата генерација пред фејслист (фејслифтираната не сум ја возел, наводно е подобра. Сум се возел во на Сале, ама не можам така да споредам.) Минатата генерација беше ко амерички Кадилак од 70-ти години. Ова е значително поцврсто, без да биде тврдо. Дефинитивно е ориентирана кон кофмор, ама сконтале дека комфор не е само да е колата „мека“ туку е и да е стабилна. Колата многу побрзо се враќа „во нормала“ после влегување во кривина. Чувството зад волан е европско, ако можам така да го наречам. Браво, огромен напредок.
- На задната клупа има повеќе простор.
- Ми се свиѓаат ситни детали кои ги напраиле. Duck-tail спојлерчето што е извајано во врата од багажникот на пример.
- Фин, прецизен менувач, 6 брзини. Претпоставувам дека е истиот од минатата генерација.
- Комотни (иако можеби малку визуелно досадни) седишта. Се седи прилично ниско.
- Сервото им е традиционално Хјундаи - лесно, дури прелесно, без никаков фидбек. Нула. Ко да врти човек низ воздух. На некои тоа им се допаѓа, и дефинитивно го прави маневрирањето полесно.
- Variable steering rack-от е малку преагресивен додека да се навикне човек. После е океј.
- Првите донесени коли се без радио со тачскрин, него со класично, досадно радио. Следните возила ќе бидат сите со тачскрин, па не го земам како забелешка. Звучниците се добри.
- Перформансите се онакви какви што може да бидат од 1.6-литарски атмосферец со 135 коња на милион вртежи во минута. Ама океј е, за човек без посебни барања е сосема океј бензинчето. Со возење како што го возам голфот, просекот ми е околу 10.5 во град. Сигурно ќе оди надоле, би очекувал околу 9 over the whole weekend.