Автор Тема: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS  (Прочитано 21990 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« на: 11 Јуни 2016, 13:51:46 pm »


Викендов ја возиме новата Hyundai Elantra.

Првите импресии се позитивни. После 70-тина километри низ град го забележувам следното:

- Фин квалитет на материјали во ентериерот. Фина и мека кожа на воланот. Нивото на завршна обработка е на ниво на конкуренцијата. Централниот потпирач е малку шашав и се двои од остатокот.
- Копчињата за отварање/затварање прозори се малку ретровача.
- Убаво и комотно седење. Воланот се подесува и по висина и по длабочина. Подесувањето по длабочина е стварно убаво - распонот на движење е голем.
- Значително подобрена суспензија во однос на минатата генерација пред фејслист (фејслифтираната не сум ја возел, наводно е подобра. Сум се возел во на Сале, ама не можам така да споредам.) Минатата генерација беше ко амерички Кадилак од 70-ти години. Ова е значително поцврсто, без да биде тврдо. Дефинитивно е ориентирана кон кофмор, ама сконтале дека комфор не е само да е колата „мека“ туку е и да е стабилна. Колата многу побрзо се враќа „во нормала“ после влегување во кривина. Чувството зад волан е европско, ако можам така да го наречам. Браво, огромен напредок.
- На задната клупа има повеќе простор.
- Ми се свиѓаат ситни детали кои ги напраиле. Duck-tail спојлерчето што е извајано во врата од багажникот на пример.
- Фин, прецизен менувач, 6 брзини. Претпоставувам дека е истиот од минатата генерација.
- Комотни (иако можеби малку визуелно досадни) седишта. Се седи прилично ниско.
- Сервото им е традиционално Хјундаи - лесно, дури прелесно, без никаков фидбек. Нула. Ко да врти човек низ воздух. На некои тоа им се допаѓа, и дефинитивно го прави маневрирањето полесно.
- Variable steering rack-от е малку преагресивен додека да се навикне човек. После е океј.
- Првите донесени коли се без радио со тачскрин, него со класично, досадно радио. Следните возила ќе бидат сите со тачскрин, па не го земам како забелешка. Звучниците се добри.
- Перформансите се онакви какви што може да бидат од 1.6-литарски атмосферец со 135 коња на милион вртежи во минута. Ама океј е, за човек без посебни барања е сосема океј бензинчето. Со возење како што го возам голфот, просекот ми е околу 10.5 во град. Сигурно ќе оди надоле, би очекувал околу 9 over the whole weekend.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #1 на: 11 Јуни 2016, 14:43:50 pm »
Плавата боја ја прави да изгледа една цела класа подобро од другите бои. Среќа што нема бели верзии. Многу убава кола на лик, се оправа Хјундаи на оваа тема, која е особено важна за привлечноста на возилото.

Забелешките се екстремно минимални, како дека е далечку централната конзола од возачот, треба малку да се истегнеш... Ситници некои. Се на се како целина е стварно добро. За старата цена од 12.500 колку што беше претходната е врв. Оваа е поскапа до душа.

Е ама затоа стигаме до големата забелешка. Моторот не е MPI, и тешко оди на плин. Што ја убива колава во принцип. За македонско тржиште оваа кола за 12.500 со MPI мотор, која е пред се привлечна, со минимални забелешки ќе е апсолутен полн погодок. Вака не гледам голема продажба искрено. Само дизел останува опција.


Основна цена по каталог и е 14500, а оваа е 15500 еур.
« Последно менување: 13 Јуни 2016, 12:54:27 pm Deni »

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #2 на: 11 Јуни 2016, 15:09:02 pm »
Има некој работи кој ми се допаѓаат и некој што не ми се допаѓаат.
Генерално ги кажавте ти и Дени.
Конверзијата на плин е еден од недостатоците на овие GDi мотори.
Мојот е за среќа MPi па немам проблем со вградување на плински уред :)
Мада мене искрено и не ми е потребен бидејќи километражата која ја поминувам на годишно ниво е смешка :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #3 на: 11 Јуни 2016, 16:56:00 pm »
Многу поубаво изгледа во живо отколку на слики. И многу позрело во однос на претходниот модел. Во секој случај чекор напред.

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #4 на: 11 Јуни 2016, 16:58:55 pm »
Плавата боја ја прави да изгледа една цела класа подобро од другите бои. Среќа што нема бели верзии. Многу убава кола на лик, се оправа Хјундаи на оваа тема, која е особено важна за привлечноста на возилото.

Забелешките се екстремно минимални, како дека е далечку централната конзола од возачот, треба малку да се истегнеш... Ситници некои. Се на се како целина е стварно добро. За старата цена од 12.500 колку што беше претходната е врв. Оваа е поскапа до душа.

Е ама затоа стигаме до големата забелешка. Моторот не е MPI, и тешко оди на плин. Што ја убива колава во принцип. За македонско тржиште оваа кола за 12.500 со MPI мотор, која е пред се привлечна, со минимални забелешки ќе е апсолутен полн погодок. Вака не гледам голема продажба искрено. Само дизел останува опција.

Основна цена по каталог и е 14500, а оваа е 15500 еур.
За луѓе без предрасуди 15.5К за ваква “лимузина“ не е многу. За истите пари добиваш entry модел на Голф со ич опрема и 1,2 литарски ммотор, а овде имаш солидно моторизирана и топ опремена кола.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #5 на: 11 Јуни 2016, 17:38:59 pm »
Изгледа одлично, хеч е?
Инаку суспензијата на претходникот беше америчка затоа што и колата беше америчка, првнствено за амерички пазар, се заборавиле од хундаи да ја адаптираат за европа. А коа сакаат можат, I30 е една од најдобрите коли во класата по управливост/удобност.
Моторот велиш косилица е? Ако е така, очекував повеќе од гди-ов. Многу го фалеа но изгледа ко и секој бензинец, оди само ако се цеди до црвено:


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #6 на: 11 Јуни 2016, 19:20:44 pm »
Никој не рече дека не можат, секако дека можат. Срамота би било толкава компанија да не може. Многу е фина суспензијата - контролирана и цврста без да биде тврда. Како што треба.

Мене субјективно не ми се допаѓа пре-асистираното серво, ама на многу луѓе им одговара, и разбирам зошто.

Плус, колата во живо стварно изгледа добро. Фали да се спушти едно 3-4 цм, и ептен добро може да изгледа.

Али да, за на македонски (и генерално гледано, европски) пазар дефинитивно треба дизелче.

--

On another note, ми најавија дека во релативно блиска иднина би требало да стигне во Македонија хибриден IONIQ. Со оглед на самоубиствениот потег на Тојота со дизајнот на новиот Prius, можат да имаат стварно добра комбинација во раце.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #7 на: 11 Јуни 2016, 21:30:20 pm »
Абе дечки едно прашање настрана од Елантрава. Со оглед на тоа дека хјундаи е 4 најголем производител на автомобили во светот, како стои со Тојота и Хонда како едни од најиздржливите?

Присутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #8 на: 12 Јуни 2016, 10:24:21 am »
Тој одговор можеш да го побараш на американските сајтови...
Најголемите фирми кои му прават зулум на американскиот пазар се КИА, Хјундаи, Тојота и Хонда.
Со оглед како изгледа новиот Акорд (одвратен) верувам дека и тоа ке им се одрази највеќе на имиџот и продажбата. Со грдиот изглед Тојота не заостанува, а Киа и Хјундаи полека си газат. Зборувам за Амерички пазар.
Колку што Хјундаи продава Елантри во САД за еден месец, мислам дека цела европа не продава толку возила од цела групација Хјундаи/Киа за еден месец. Во просек бројот на продадени елантри во 2015 година се движеше од 25 000 до 30 000 возила по месец. Тука ги нема Соната, Тусон, Генесис, Санта Фе итн.
Американскиот пазар е страшна побарувачка со бројки...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mario_306

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1177
  • Тоа ти е релативна работа...
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #9 на: 12 Јуни 2016, 11:53:57 am »
Одлично изгледа елантрава. :)
Давам шлогиран дедо, или го менвам за друга недвижнина :)
;D ;D ;D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #10 на: 12 Јуни 2016, 12:15:16 pm »
Not bad... not bad ...Hyundai!
Добри се Корејциве.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 172
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #11 на: 12 Јуни 2016, 12:27:36 pm »
Да, американскиот пазар за автомобили е втор по големина после кина. Тојота никогаш не правела привлечни автомобили ама постојано е бр еден во светот, тие допадливоста на возилото си го тестираат со фокус групи а и ценовно во Америка се многу добро поставени. Проблемот се изгледа европјаните тие се доста попрефинети кога станува збор за изгледот, затоа Киа отвори развоен центар во Германија најголемиот пазар во европа

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #12 на: 12 Јуни 2016, 16:45:53 pm »
Еве едно поубаво сликиче од мене.



Edit: Да продолжиме со впечатоците.

- Голем багажник, со прифатливо голем отвор.
- Денес малку посериозно возење. Дефинитивно е фино поставена суспензијата. Не би ја нарекол спортска, пошто не е потентата на колата да биде спортска, ама дефинитивно е одлично дампирана, многу брзо престанува горе-доле-лево-десно движењето после поагресивно влегување во кривина и колата се однесува прилично неутрално.
- Заради економичност, моторотот не е нешто посебно респонзивен. Дефинитивно мора човек да е во вистинската брзина за да има подобро забрзување. Силата ја ослободува на околу 5000 вртежи во минута.
- Моторот е исклучително тивок и рафиниран, дури и на повисоки вртежи. Низ град на семафор се фатив како мислам дека има старт-стоп и се исклучил. Браво, чиста петка!
« Последно менување: 12 Јуни 2016, 17:01:44 pm zeroSignal »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Hyundai Elantra 1.6 GLS
« Одговори #13 на: 12 Јуни 2016, 18:33:21 pm »
Како тргна со фалењето, ќе го убедиш Дени да си купи eЛантра  ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг:
« Одговори #14 на: 12 Јуни 2016, 18:58:00 pm »
Само со друг мотор да е. И да се осигурам дека е поцинкувана, да не ме најде истата приказна како со Сидот...