Денес направен сервис на колата. Од предходниот поминати 10740км или у време 1 година и ~4 месеци.
Сменето:
Филтер за полен, воздух, масло и нафта.
Ставено Мotul Specific 5w 40. Не работи помирно машината после промената, јбг дизељ, клокоти...
Другата недела закажав за промена на сензорот за температура, почна да заебава, те работи-те неработи, исто ќе се менува нешто околу предницата-стабилизатори.
Е сеа, при промена на делови од подвозје, нели, задолжително е да се носи на центрирање, а во меѓувреме сакам да земам нови гуми за зимава, а пред да се стават гумите сакам бандажите да ги проверам дали се прави. Како би било најпаметно да направам? Ќе биде проблем прво центрирање, па носење бандажи на проверка па ставање гуми? Претпоставувам не е по редослед како што треба ама временски сум ограничен некако...
Друго, од колата сум задоволен, комоција и багажен простор одлична, караван си е караван. Моторчето си е таман, секако ради турбото, да не е тоа, SDI не му е рамен. За низ град, мене не ми прави никаков проблем, за паркинг исто освен, незнам зошто, ама еве после година ипол уште не се навикнав на паркирањето во рикверц, незнам дали е до мене или па до облините на колата, ни на ретровизори ниту пак со свртена глава наназад немам ориентација до кај сум точно. Не дека ја искршив колата од мавање ама ете ко маана или недостаток да го кажам.
Ќе го средам тоа со сензори најверојатно, кога ќе ми пукне филмот, некој ден. За гуми уште се мислам, најверојатно ќе бидат Сава, ќе го решам тоа на лице место у продавница и ајт... Тоа би било накратко.
Брисачите (Bosh) и тука ќе ги пофалам, одлично си ја бркаат работата.
Sent from my Redmi 4A using Tapatalk