Автор Тема: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001  (Прочитано 88605 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #450 на: 01 Ноември 2021, 10:37:45 am »
Ако најдам ќе му ставам и ќе кажам што се случило.
Некако целава работа ја направив како драма, така да ќе се одјавам тука до следна интервенција.
Како и да е, нема нешто што не може да се среди.

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #451 на: 01 Ноември 2021, 11:04:33 am »
voobicaeno ako pregree se ramni glava zasto se krivi nekoja stota...

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #452 на: 01 Ноември 2021, 18:45:16 pm »
Купено Wynn's cylinder block seal:

Бидејќи на производот немаше ни декларација ни упатство како се користи, го прашав гугл, наменет е за секаков вид на мотори, но се користи во системот за ладење исклучиво да е полн со вода, со антифриз не е препорачливо. Течно стакло, кое со допир на висока температура прави реакција.

Поради ова, земав и К2 radiator flush бидејќи на Winn's не најдов ништо


Утре најверојатно ќе го исчистам разладниот систем, ќе го наполнам со дестилирана вода и ќе му го бапнам Winn's-от.


Ако е се во ред и нема прокапувања некаде, празнам пак и полнам со антифриз.

Fingers crossed  :-X

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #453 на: 03 Ноември 2021, 18:30:18 pm »
Операција спроведена-ефикасност... ќе видиме.
Накратко процедурата:
Бидејќи системот за ладење ми беше полн со дестилирана вода, на ладен мотор му ставив К2 radiator flush, свртев некој круг да дигне работна температура со пуштено парно,  почекав да се олади моторот и испуштив течноста, не искочија чуда и врагови, беше кремава да, но и пред ставање на средството водата не беше нешто прљава.

Го наполнив повторно системот со дес. вода, пак некој круг да загрее и пак испуштање, почиста беше од првиот пат, но овој пат цревото од чешма и испирав секаде, веќе системот беше чист.

Го извадив термостатот, така налагаше упатството за користење на Winn's cylinder block seal, вратив цревата на место наполнив дестилирана повторно и го ставив Winn's-от.
Малку ми беше чуден, на врвот кај капачето имаше како смола фатено, а добро го протресиов пред да го отворам, нема датум со рок на траење, нејсе.
Запалив, и отидов до 1ва патарина накај Желино, натака 120 ја возев, за назад на момент до кај 160, малку низ Ѓорче и накај дома.
Почекав да се олади, за тоа време го тестирав термостатот во зовриена вода-ок е, испразнив повторно системот, пак го испирав со вода, го вратив термостатот со нов дихтонг (благодарност до @Prcot за дихтонгчињата) и го наполнив системот со антифриз.

После сите испразни-наполни ситуации, не покажа протекување под кола, што е успех за 20г кола :)

Сега ќе чекам, капачето од експанзионата пред целава процедура имаше талог фатено најверојатно од издувни гасови, кога го ставив антифризот му дадов едно добро чистење на страна, така да тоа ќе ми биде мерило (покрај нели подуени црева и губење течност) дали воопшто средството направило нешто или не.

Едно кратко објаснување, упм ;D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #454 на: 09 Ноември 2021, 14:28:20 pm »
Возена колата на обиколница, повторно изгуби течност, но сега после возењето кога отворив да проверам, се околу експанзионата беше со антифриз, што до сега тоа го немам приметено.

По некоја логика вака, водата прегрева и бега горе во експанзиона и под притисок излегува преку капачката, ќе испадне изгледа советот на @Luki Junior  за водната пумпа, најверојатно не ја врти водата. Пак е претпоставка, ама за да ја елиминирам и таа, ќе сменам деновиве и водна пумпа што ќе биде и последната интервенција од моја страна со целава ситуација. Ако не е и до неа, ќе отварам мотор.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #455 на: 09 Ноември 2021, 15:00:13 pm »
Ебење ежот е за водната пумпа на овај мотор, треба и ребраст да се вади ? Истите симптоми се кај другар, ја фрла низ казанче водата, а немаше издувно гасови на мерење со пипета внатре.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #456 на: 09 Ноември 2021, 15:01:32 pm »
Треба, цела предница...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #457 на: 09 Ноември 2021, 15:07:01 pm »
Истиот проблем и другар го имаше на 1.9 131кс..
Ги дуеше цревата и ја фрлаше низ казанче водата.. Така го возеше 3/4 месеци али почна се повеќе и повеќе... Извадена деклата, испитана, израмнета, ставен нов дихтунг и проблемот беше решен..

едит.. Полесно и поевтино ти е дихтунг да смениш него ли водна пумпа :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #458 на: 09 Ноември 2021, 15:12:51 pm »
Јас од кога велам дека е дихтунгот,ама...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #459 на: 09 Ноември 2021, 15:20:47 pm »
Не губам со водната, и онака и се ближи времето за промена со целиот сет, така дали сега или наредната година...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #460 на: 09 Ноември 2021, 22:42:53 pm »
Водната пумпа да не ја врти водата е најмалку веројатно од се друго.Водната пумпа кога откажува први најчести знаци се  протекување антифриз од неа,за да не ја врти водата треба да е скината осовината но тоа е последно нешто што може да се случи.
Кога е загреана дали низ повратното цревце во казането протекува антифриз?Веројатно да.
Јас најпрво што би сменил е ново казанче и капачка за антириз,околу 20-25е.
Ако тоа не реши ништо,е вадење и испитување на глава.
Последна опција би била нова водна пумпа.За да се смени ребраст каиш и водна пумпа треба следново да се направи.Ова е на мојата А4 со 1.9ТДИ 131конја.


Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #461 на: 10 Ноември 2021, 11:21:08 am »
Ако е со пластичен импелер, многу често може да се деси да не ја врти водата. А како што гледам, баш пластични имаат 1.9 тедејциве...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #462 на: 10 Ноември 2021, 18:11:02 pm »
Да не ја врти водата веднаш би прегреала,би немал парно и нема ни 10км да извози а да не ја фрли водата.Мое мислење.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #463 на: 10 Ноември 2021, 19:00:37 pm »
Не престанува скроз да циркулира водата со разлокан импелер кај осовинатa. Само не може да постигне соодветен проток. Како што кажав, чест проблем кај сите возила со пластична перка. Но, пластичната перка може да ти го сочува блокот доколку се направи ексцентар на лагерот/осовината.

Не е лошо @зоки-златен да ја провери пумпата, а може и термостатот сега да му заштекал после „лепењево“ дихтунг, како што му се деси на крисфикс :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: VW Passat Variant B5.5 1.9 TDI 74kw 2001
« Одговори #464 на: 10 Ноември 2021, 19:10:00 pm »
Спрема сликата погоре јас мислам да го премостиш казанчето и на негово место со црева да врзиш два канистри по 25л во багажник, слободно може да возиш колку сакаш, со 50л вода стигаш секаде :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html