Операција спроведена-ефикасност... ќе видиме.
Накратко процедурата:
Бидејќи системот за ладење ми беше полн со дестилирана вода, на ладен мотор му ставив К2 radiator flush, свртев некој круг да дигне работна температура со пуштено парно, почекав да се олади моторот и испуштив течноста, не искочија чуда и врагови, беше кремава да, но и пред ставање на средството водата не беше нешто прљава.
Го наполнив повторно системот со дес. вода, пак некој круг да загрее и пак испуштање, почиста беше од првиот пат, но овој пат цревото од чешма и испирав секаде, веќе системот беше чист.
Го извадив термостатот, така налагаше упатството за користење на Winn's cylinder block seal, вратив цревата на место наполнив дестилирана повторно и го ставив Winn's-от.
Малку ми беше чуден, на врвот кај капачето имаше како смола фатено, а добро го протресиов пред да го отворам, нема датум со рок на траење, нејсе.
Запалив, и отидов до 1ва патарина накај Желино, натака 120 ја возев, за назад на момент до кај 160, малку низ Ѓорче и накај дома.
Почекав да се олади, за тоа време го тестирав термостатот во зовриена вода-ок е, испразнив повторно системот, пак го испирав со вода, го вратив термостатот со нов дихтонг (благодарност до
@Prcot за дихтонгчињата) и го наполнив системот со антифриз.
После сите испразни-наполни ситуации, не покажа протекување под кола, што е успех за 20г кола
Сега ќе чекам, капачето од експанзионата пред целава процедура имаше талог фатено најверојатно од издувни гасови, кога го ставив антифризот му дадов едно добро чистење на страна, така да тоа ќе ми биде мерило (покрај нели подуени црева и губење течност) дали воопшто средството направило нешто или не.
Едно кратко објаснување, упм