Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 888664 пати)

Отсутен NikiSk92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2820 на: 25 Септември 2022, 11:16:50 am »
Здраво Плимонт,

Дали вршите комплетно отстранување на плински уред и која е цената за истото ориентационо?

Благодарам

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2821 на: 26 Септември 2022, 09:31:28 am »
Да, кај нас може да се направи демонтирање на плинскиот уред. Цената е 1800 денари.

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2822 на: 12 Октомври 2022, 16:25:44 pm »
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide
;)

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2823 на: 13 Октомври 2022, 01:22:15 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2824 на: 13 Октомври 2022, 08:33:40 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?
Моит
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide
Ај провери да не ти фали антифриз, така прави коа фали антифриз му треба подолго време да префрли на плин. Ако не на компјутер да ти го наштелуваат плинот.

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2825 на: 13 Октомври 2022, 11:08:26 am »
Edno prasanje  imam plinski ured easy green Plinov si raboti super samo sto prefrla na 70 stepeni,Prvo na okolu 30 stepeni ke svirni kako da prefrla i prodolzuva na benzin do 70 stepeni,posle toa si e dobro,posto ne sum od skopje ako moze nekoja informacija so moze da bide

Тоа што можете сами е да проверите е дали нивото на антифриз е нормално, и дали кога ќе го вклучите парното во кабината ќе дува топло. Доколку нивото на антифриз е спуштено, или ако парното не загрева, значи дека  и до испарувачот на плинскиот уред не доаѓа топол антифриз , и тој доцна префрла на плин.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2826 на: 13 Октомври 2022, 11:13:58 am »
Дали на кола која веќе има цилиндрична боца за плин во багажник, може да се замени и монтира торусна?

Може да се замени со торусна боца, но само кај возило кај кое е технички изводливо вградување на торусна боца.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2827 на: 10 Февруари 2023, 19:59:50 pm »
Некој што се разбира, за што служи штрафот одозгора на расплињачата ?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2828 на: 15 Февруари 2023, 09:55:33 am »
Служи за регулација на притисок најдобро е да не се манипулира без потреба

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2829 на: 17 Март 2023, 21:39:31 pm »
Се работи за гранде пунто 1.2 со ловато плински уред.

Последно време почна рандом да префрла на бензин и да титка како да нема плин. Нема сецкање и трокирање, мазно си префрла на бензин а при притискање на копчето пак враќа на плин и така повеќе пати. Знае и да се стабилизира но последно време доста често го јавува овој проблем.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2830 на: 18 Март 2023, 08:14:48 am »
Се работи за сигнал од компјутерот на плинскиот уред дека го исклучил плинскиот погон заради грешка во неговото функционирање. Можните причини се повеќе, од лабав контакт до откажан дел на уредот.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2831 на: 09 Април 2023, 01:03:22 am »
Здраво, имам едно прашање.
Кога се прави редовен сервис на плинот и што се подразбира под тој сервис?
Конкретно кога го менував моторот на возилото направив сервис на Lovato Smart 4 кај овластен сервисер за Ловато во Прилеп, односно промена на двата филтри за плин (имаше и оштетено црево но тоа не го сметам) и калибрација.
Од тогаш имам поминато околу 5000км и имам направено мал сервис на возилото (пеомена на масло и филтри) и некои сервисери велат дека плинот се сервисира секогаш после промена на моторно масло.
Ме интересира Вашето мислење.
Благодарам.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2832 на: 10 Април 2023, 08:25:02 am »

Здраво

Редовното одржување на плинскиот ред вклучува
-На секои 20,000 км кмконтролен сервис и замена на филтер за гасна фаза. Цената за замена на филтер за гасна фаза за системите на Lovato изнесува 900 денари.

-На секои 40,000 км замена на филтер за течна фаза. Цената за замена на филтер за течна фаза изнесува 600 денари.

При секоја пронема на филтер се прави дијагностика и калибрација на софтверот. како и проверка и корекција на инсталацијта и компенентите на уредот.
Редовното одржување на плинскиот уред не е директно поврзано со интервалите на одржување на моторот на возилото.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2833 на: 13 Јуни 2023, 11:06:36 am »
Здраво,
дали вградувате плин на возило под гаранција и дали гаранцијата од овластениот сервис ќе важи после инсталацијата на плински систем?
Се работи за Citroen C3 1.2 Puretech 83кс 2021.
Какви уреди имате да понудите за тоа возило и дали тој мотор е проблематичен за плин?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #2834 на: 15 Јуни 2023, 14:05:36 pm »
Здраво,
дали вградувате плин на возило под гаранција и дали гаранцијата од овластениот сервис ќе важи после инсталацијата на плински систем?
Се работи за Citroen C3 1.2 Puretech 83кс 2021.
Какви уреди имате да понудите за тоа возило и дали тој мотор е проблематичен за плин?

Здраво. Се работи за модел на кој за потребите на Автонова вградивме плински уреди на голем број на возила. Моторот 1.2 со 3 цилиндри сосем солидно се однесува на плински погон. За Автонова работено е на сосем нови возила, по нивна нарачка. За задржување гаранција за веќе користенно возило најдобро е да се обратите директно кај нив.
Наша препорака за Citroen C3, 1.2/ 82 ks,  се следните плински уреди:
-Landirenzo Evo OBD - 675 eur
-Landirenzo Evo - 605 eur
-AC Stag Q-Next - 520 eur
Системите се вградуваат во комбинација со:
- торусен резервоар  кој се поставува на место на резервно тркало со зафатнина од 42 или 48 литри
- со tank-fopper кој е наменет да го корегира покажувањето на нивото на бензинот (кое кај ова возило ќе отстапува заради користење на друго гориво)