може да се монтира... in fact, јас лично имам монтирано на 2 возила, ама 3 различни начини. едно на буба едно на дијана со 2цв мотор...
и тоа, постојат неколку начини како може да се монтира и секако различни се по цена драстично:
1. да се нарача ИНОКСНА ЦЕВКА, од околу 50-60 сантими со завршетоци како за плински холендери. оваа цевка се монтира ВО ПРВИОТ ЛОНЕЦ ОД АУСПУХОТ. плинот од боца, уште во течна фаза проаѓа низ таа цевка, инстант се загрева на висока температура. цевката е бајаги мрсничка во цена, зашто само завар може да ти направат баш иноксна и издржлива и по спецификации потребни. со овој начин на плиснки уред, позитивното е што одкако ке ја запалиш колата ИНСТАНТ добиваш загреан плин. практично работната температура на плинот се крева за 30-40 секунди, и никако неможе да се случи да ти замрзне плинот, па макар живеел и на сибир. таа кола бензин не гледа више никогаш...
2. наместо инкосна цевка, ке замоташ околу 6-7 кругови околу издувната грана, ама онаму кај што се спојуваат сите издуви во 1 цевка. потоа тоа го превиткуваш со онаа алуминска фолија што е за репарација на дупнат ауспух. помалу безбедно, но по логика на сите физички закони, далеку од опасно, поготово ако немаш споеви во близина.
кај оваа варијанта, сепак постои можност за замрзнување на плинската расплињача, доколку надвор е поладно. сепак треба време додека да загрее плинот, бидејки преносот на температурата е драстично поспор одколку во првиот начин.
3. нај безбедно, и нај скапо, а воедно и неможе ссегде да се примени е изведување на некоја количина на масло загреано да врти низ расплињача и да се враќа во картер. значи ова се изведува така што се вади на тештик од кај давачот за масло, врти низ расплињача и може да се врати назад во мотор, така што ке се дупне картерот или пак ке се дупне поклопецот на главата, па да враќа директ во вентили. второто е подобро... но, тука постои опасност, доколку ти е послаба уљната пумпа, за брзоз време да го зарибаш моторот. и втората негативност е што сепак ке мора да го повозиш на бензин некое време додека да загрее маслото, па после да префрлиш на плин...
овие 3 начини сум ги пробал, и видел, работат. има уште еден, многу комплициран и скап начин:
4. иноксната цевка што ја спомнав погоре, се поврзува со водна пумпа, се додава резервоарче за вода, и сето тоа се полни со антифриз. значи низ расплињачате тече топол (врел) антифриз, во резервоарчето се разладува, по потреба се додава и уште едно хладњаче мало како од парно со перка, за разладување на истата, и така добиваш плински уред што се грее со вода, на возило кое е со воздушно ладење. ова не сум го пробал, само сум го видел во бугарија.
од законска гледна точка, атест на плиснки уред, на возило со воздушно ладење, НЕМА!! ниеден од погоре наведениве начини нема да ти помине на атест.