Автор Тема: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори  (Прочитано 897623 пати)

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1485 на: 13 Јануари 2015, 03:18:33 am »
Едно прашање,дали можи да се монтира плински уред на возило со воздушно ладење?пример буба
;)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1486 на: 13 Јануари 2015, 19:53:00 pm »
лепенката на тастерчето за префрлување плин-бензин ја усмукав со правосмукалка
има само лепенки или мора цело апаратче да се смени ?
вакво е

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1487 на: 13 Јануари 2015, 20:03:40 pm »
не заебаај, земи дуплофан од хубо или бриколаж! :D


Edit: Ааа мислиш за украсната одозгорааа... Земи издизајнирај си по свој ќејф нешто, и на инкџет.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1488 на: 13 Јануари 2015, 20:11:23 pm »


turbo off/on

и онака слично е :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1489 на: 13 Јануари 2015, 23:52:12 pm »
Едно прашање,дали можи да се монтира плински уред на возило со воздушно ладење?пример буба

Ваљда не. Потребна е течност за да ја грее расплињачата. Ако нема течност за ладење ќе замрзне расплињачата во рок од пола минута.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1490 на: 14 Јануари 2015, 01:30:41 am »
може да се монтира... in fact, јас лично имам монтирано на 2 возила, ама 3 различни начини. едно на буба едно на дијана со 2цв мотор...

и тоа, постојат неколку начини како може да се монтира и секако различни се по цена драстично:

1. да се нарача ИНОКСНА ЦЕВКА, од околу 50-60 сантими со завршетоци како за плински холендери. оваа  цевка се монтира ВО ПРВИОТ ЛОНЕЦ ОД АУСПУХОТ. плинот од боца, уште во течна фаза проаѓа низ таа цевка, инстант се загрева на висока температура. цевката е бајаги мрсничка во цена, зашто само завар може да ти направат баш иноксна и издржлива и по спецификации потребни. со овој начин на плиснки уред, позитивното е што одкако ке ја запалиш колата ИНСТАНТ добиваш загреан плин. практично работната температура на плинот се крева за 30-40 секунди, и никако неможе да се случи да ти замрзне плинот, па макар живеел и на сибир. таа кола бензин не гледа више никогаш...

2. наместо инкосна цевка, ке замоташ околу 6-7 кругови околу издувната грана, ама онаму кај што се спојуваат сите издуви во 1 цевка. потоа тоа го превиткуваш со онаа алуминска фолија што е за репарација на дупнат ауспух. помалу безбедно, но по логика на сите физички закони, далеку од опасно, поготово ако немаш споеви во близина.

кај оваа варијанта, сепак постои можност за замрзнување на плинската расплињача, доколку надвор е поладно. сепак треба време додека да загрее плинот, бидејки преносот на температурата е драстично поспор одколку во првиот начин.

3. нај безбедно, и нај скапо, а воедно и неможе ссегде да се примени е изведување на некоја количина на масло загреано да врти низ расплињача и да се враќа во картер. значи ова се изведува така што се вади на тештик од кај давачот за масло, врти низ расплињача и може да се врати назад во мотор, така што ке се дупне картерот или пак ке се дупне поклопецот на главата, па да враќа директ во вентили. второто е подобро... но, тука постои опасност, доколку ти е послаба уљната пумпа, за брзоз време да го зарибаш моторот. и втората негативност е што сепак ке мора да го повозиш на бензин некое време додека да загрее маслото, па после да префрлиш на плин...

овие 3 начини сум ги пробал, и видел, работат. има уште еден, многу комплициран и скап начин:

4. иноксната цевка што ја спомнав погоре, се поврзува со водна пумпа, се додава резервоарче за вода, и сето тоа се полни со антифриз.  значи низ расплињачате тече топол (врел) антифриз, во резервоарчето се разладува, по потреба се додава и уште едно хладњаче мало како од парно со перка, за разладување на истата, и така добиваш плински уред што се грее со вода, на возило кое е со воздушно ладење. ова не сум го пробал, само сум го видел во бугарија.

од законска гледна точка, атест на плиснки уред, на возило со воздушно ладење,  НЕМА!! ниеден од погоре наведениве начини нема да ти помине на атест.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1491 на: 14 Јануари 2015, 09:26:28 am »
Само претпоставка.Ако е проблем само загревањето на расплиначата дали може да се обвитка со вакви греачи http://www.ebay.com/itm/Universal-Motorcycle-ATV-Heated-Hot-Hand-Grips-Inserts-Handlebar-Hand-Warmer-Kit-/360790865837?pt=Motorcycles_Parts_Accessories&hash=item5400cfb7ad&vxp=mtr кои ке работат нон стоп,и на местото на каналот за вода да се вметни греач во вид на епровета за да грее,
;)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1492 на: 14 Јануари 2015, 09:49:35 am »
не дека не сум размислувал за вакво нешто, ама нема да може. сепак овие греачи нема да ја кренат доволно температурата за да загрее доволно. треба доста потопло одошто они нудат. ете ти ги погоре опишаните можни начини...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5057
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1493 на: 14 Јануари 2015, 19:28:48 pm »
Нема шанси со овие греачи да кренеш таква температура. Сите можни начини погоре ги опиша онак, но за жал кај нас таа регулатива која важи за атест на плинските уреди не покрива ни еден од погорните начини иако СЕ АПСОЛУТНО БЕЗБЕДНИ.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1494 на: 14 Јануари 2015, 19:56:03 pm »
А некако со електрично загревање?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14339
  • Пудингот на шоферството
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1495 на: 14 Јануари 2015, 20:00:48 pm »
Kaj mene na 5-ta go palim diirektno na plin I nikogas sum nemal problem so mrznenje I sl.Zosto?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен otrakan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 281
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1496 на: 14 Јануари 2015, 23:26:15 pm »
Кај мене плинот е наместен на првото палење после 5 сек. да префрли на плин,ко беше и - 10 немав никаков проблем,саше и атанас од плимонт ми ставија некоја диода изгледа кај сензорот за темпераатура и одма префрлат,затоа мислам дека може да функционира со тие греачи,да се завитка расплинчата со греачите и после со некоја изолација да се превитка сигурно ке постигне 20C ,сакам да инсталирам плински уред на агрегат на струја зато прашувам
;)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1497 на: 14 Јануари 2015, 23:28:16 pm »
Kaj mene na 5-ta go palim diirektno na plin I nikogas sum nemal problem so mrznenje I sl.Zosto?

Минатата зима ни замрзна расплињачата. Целата беше од надвор со тенкок слој мраз. Запаливме на бензин, потоа ја префрливме на плин, работеше на плин, а како појма немам ни ја.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1498 на: 15 Јануари 2015, 00:28:22 am »
Кај мене плинот е наместен на првото палење после 5 сек. да префрли на плин,ко беше и - 10 немав никаков проблем,саше и атанас од плимонт ми ставија некоја диода изгледа кај сензорот за темпераатура и одма префрлат,затоа мислам дека може да функционира со тие греачи,да се завитка расплинчата со греачите и после со некоја изолација да се превитка сигурно ке постигне 20C ,сакам да инсталирам плински уред на агрегат на струја зато прашувам

тоа друже, може да се тури на сите расплињачи со температурен сензор. се лаже компјутерот плински и префрла на плин.. но, битниот момент е што ти во расплињачата имаш антифриз, кој во тој момент силно циркулира и постојано внесува се потопол и потопол антифриз... има шанси да замрзне, меѓутоа само ако идеш со поголеми обртаи.. ако возиш на пониски додека да поткрене температура, се ке биде во ред... погоре зборевме за возила со ВОЗДУШНО ладење.. значи нема антифриз, нема течност што врти итн итн...


да резимираме, пред да почнете да давате неизводливи солуции... единственте начини да се добие плински уред на возило со воздушен систем за ладење се оние 4 погоре опишани. и експериментирано е пред 15-тина години, па се до ден денешен. плус, и за тоа да го смислиш и направиш, ти треба бајаги познавање на плинските уреди, самиот плин како се понаша во која ситуација, протоци, спојници итн итн... значи да не го тупите за џабе... тие се солуциите, друго нема... никако греачи, никакви епрувети ама баш ништо... треба голема топлинска енергија, која со никакви електрични греачи кои можат да се приклучат на акумулатор, а притоа тој да не се потроши и алтернторот не прегори, неможе да се добие... проверено, испитано, повеќе пати...

точка .
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен ANGEL

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
  • TURBO
Одг: ПЛИНСКИ УРЕДИ - прашања и одговори
« Одговори #1499 на: 20 Јануари 2015, 12:07:07 pm »
ajde edno prashanje plinashi zasto na isti plinski uredi kaj razlichni majstori davaat razlicna garancija :P :P :P
На места на кои другите кочат...јас додавам гас :D