Јас имам гаража каде не ми ја собира колата. Кога имав помала кола ми ја собираше, меѓутоа никогаш не ја паркирав во гаража од најпроста причина што во денот по 5 до 10 пати палиме кола. Замисли на секое треба да отвараш врати, па да се онодам да паркирам прецизно, па да затварам врати и на враќање пак истото. Повеќе време ќе ми одземе вадењето и ставањето на колата одошто времето кое ќе го поминам во возење. Згора на тоа, жена ми ја вози колата, па не е исклучена можноста да ја закопа во некој ѕид.
Е сега, она кое најмногу ме вади од такт е кога ќе видам кокшки/сељанки и сељачишта кои во Центар на Скопје зафаќаат 2 или 3 паркинг места наместо 1. Стално им дигам брисачи и им затварам ретровизори, ама џабе - СОС (Сељакот Останува Сељак). Нив битно им е да си завршат работа, а тоа што ќе прават останатите ич не им чуе. Затоа кога паркирам секогаш внимавам да зафатам минимум место, а најчесто и немам каде да оставам место бидејќи паркингот е преполн па добро е и тоа што сум го нашол.
Сите овие заебанции со паркирање, како и тоа дека колата ми е предмет на кражби и оштетувања (намерни и ненамерни) се само една причина да се има гаража. Меѓутоа тука доаѓа и свесноста како граѓанин, да не ги киднапираш тротоарите и улиците ако можеш да паркираш во гаража. Сепак по тие тротоари одат твоите деца, а по тие улици возиш самиот ти. Секако дека ќе сме побезбедни ако имаме чисти улици и тротоари.
Затоа на новата локација каде ќе одиме да живееме, купивме 37 квадрати гаражен простор со ширина од 5.5 метри на влез, т.е. доволен за паркирање на 2 возила и мотор. Тие 15-16 иљади евра се поголема сума одошто возилото кое го имаме во моментот. Но во блиска иднина очекувам дека ќе имаме 2 возила, а ова е трајно решение за нас.
Треба да се променат генерациите и многу труд за да се еманципира нашата проста маса да размислува малку колективно.