Гласање

Каде ги паркирате вашите возила?

Во гаража
29 (37.7%)
На паркинг
15 (19.5%)
На тротоар
7 (9.1%)
На улица
9 (11.7%)
Во двор
17 (22.1%)

Вкупно гласови: 77

Автор Тема: Два или повеќе автомобили во домот, каде да ги паркираме?  (Прочитано 12406 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Три коли во центар на Скопје, една на тротоар, две на улица. Тоа е најчестата комбинација :)

Едно време и четири беа, али едната беше непокретна поголемиот дел од времето.

После неколку искуства со барање паркинг место навечер во Солун, а и летово низ Европа, паркирањето во Скопје воопшто не ми е нешто катастрофално или тешко возможно. Секогаш имам место, најдалеку ми е 2 минути од дома и тоа ептен ако нема место.

А не го разбирам ова со фер, не фер имањето на повеќе од два три или пет автомобили :) Не е во ред на некого да ми паркирам пред врата, под прозор или слично. Ама на улица ако фатам 4 места дека имам четири автомобили, не гледам никаков проблем.

Така да ако имам пари и желба за 7 автомобили, ќе имам 7. Тоа е мое право и мој избор/проблем. А што се однесува до другиот дел, за дворот и паркирањето на улица, немам ни двор ни гаража, али не е ОК ако пречам на други со паркирање надвор од двор/гаража, а имам услови за тоа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3889
Имам 2 возила но во Велес за паркинг не е до толку к'т колку што е во Скопје каде што сум сега. Во Скопје ја паркирам во искрено речено кај ќе стигнам, некогаш на паркинг, некогаш тротоар, вечерва на улица за што ми е ептен криво но.... Додека во Велес имам 2 бетонски гаражи од по 6х3м па  едната стои таму а другата во двор заштитена со настрешница секако. Кога сум во станот ми стои пред зграда. Имам и лошо искуство од паркинг пред зграда, после 10 месеци чување секоја вечер во гаража решив да ја оставам на паркинг пред зграда и некој уметник напраил една црта на предно десно крило.

А за тоа дали е фер да се има повеќе од 1 автомобил, па фала богу. И 2 и 3 и 4, се додека се паркирани на прописно место, кое што не е на некој друг и не сметаат никому. Примерот на банза со 4те коли е тоа што и според мене е сосем исправно и нема фер, нефер.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Иако имаме 3 коли дома, 2 мои, една на татко ми, сепак фактот дека живеам на село ми дава енормна комоција ...

Во дворот може комотно да се паркираат 6-7 коли ....

2 коли се луксуз, не дека не, затоа и едната ке иде на пазар, немам потреба од 2, додуша, немам потреба ни од една моментално, ама, пусти мерак ...

Низ градот направија паркинг зони, така да не е проблем сега да се паркираш кај сакаш ако си на кафе, за саат-два ...

Отсутен NetworX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Јас (татко ми не јас) имам 2 коли. Едната си има од секогаш паркинг место во двор под стреа, а другата извесно време седеше надвор на улица. Не сметаше на никој ама момциве од гетото мое се многу опасни  па на 2 пати ми откорнаа ретровизор и ми ја изгребаа колата и со чале мој видовме невидовме направивме уште едно паркинг место у двор. За два три квадрати бекатонки не се осиромашуваш и не се стискаш ама барем мирно спиеш
Dear God. Thank you for providing us with the direct-port nitrous injection, 4 core intercoolers, ball bearing turbos, and titanium valve springs, Amen.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Ја имам две коли, ама зедов кредит(и) да се купат две (подземни) гаражи во вредност од еден нов автомобил, за да не ги им го загорчувам животот на другите околу мене (а и тие на мене)! Гледајќи јса анкетата, а и постовите од колегите, скоро сите имаат по најмалку два автомобила. Нека имаат и по 10, никому тоа не смета, ама прво пред да го купат, нека смислат каде ќе го паркираат. Тоа ти е исто као да планираш да се жениш, а немаш обезбедено место за живеење - да не зборам за вашите швалерки ... ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Во фамилија од 4 луѓе, 3 имаме коли (само мајка ми остана без ;D) Тоа за мене, е и ќе остане лудост и луксуз, бар во доследно време, додека не се одвоиме јас и брат ми. Ама, што да се прави, стариот неговата нејќеше ич да ја дава да му ја возиме јас и брат ми, па моравме на таков чекор. Дали е во право незнам, ама подобро 13 год стара кола со 250.000 км отколку со 80.000.
Иако ние имаме мал двор, сепак стариот направи патека за 2 коли во двор, така да во комбинација е двор и пред двор ;D. Ама во последно време, некои комшии се исељачија, иако имаат далеку поголем двор или немаат гаража или имаат а пак ми паркираат пред нечиви дворови (пошто нели ги мрзи да отвараат врати од гаража итн). Нормално инат ќе се создаде и повремено им ги оставаме сите коли надвор, па да немаат каде да свртат (слепа улица) па да мораат рикверц

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43918
  • Il Moderatore
Јас и брат ми живееме во една куќа, имаме 4 коли, сите се на тротоар.  Во план ни` е преуредување на дворните површини за да можеме три или сите 4 коли да ги сместиме во двор. Среќа живеам во мирен дел од градот, па не пречат колите за нормално одвивање на животот во мое маало :) Гаражата ја претворивме во „сториџ спејс“ за куќен, дворен, авто алат и 16 зимски/летни гуми за сите возила, а и онака помина времето кога во 3 саат после работа колата се ставаше во гаража, па после утре во 6.30 ја вадиш за на работа.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Јас имам само 1 кола и 1 гаража,во која (да бидам искрен) незнам кога последен пат сум се паркирал!
Ме нервира фактот дека комшиите направија по 2 гаражи во маалото,а колите сепак ги оставаат пред истите,па така просторот за маневрирање е сведен на минимум.

Напомена: живеам во Чаир (иди па разбери се со комшиите) :(

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
  • Боинг 747
Јас немам проблем за паркирањето на Хондата и Нисанот. Имам скромно дворче од 2800 м2. таман каде сакаш таму ставија иако секогаш ми стојат во гаража понекогаш стојат и надвор сонце да ги фати да поцрнат малку

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Па јас немам проблем толкав со комшиите иако секој мој комшија вклучувајки ме и мене имаме минимум 2-3 коли,а сопствениците на Палма имаат дури 4..

Иначе моите 3 коли си седат (паркирани) најчесто во двор,ама не се изклучува гаражата и паркингот пред куЧа...:D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Јас незнам населба во Скопјево ни мило каде паркинг местата не се проблем.
И претходно а и сега со мојава нова адреса на живеење е исто, тепачка за паркинг.
Сега имаме две коли а една гаража, некоја од нив гледам секогаш да е во гаража, а другата ја оставам каде ќе стигнам. Бидејќи постапката влези излези од гаража не ми е омилена слично како и на аце, така да кога едната кола ќе ја оставам во гаража ја заборавам таму.Инаку реално сега немаме потреба од две коли бидејќи со невестата заедно идеме и се враќаме од работа, ама додека да смислиме што и како понатака со нив ќе стојат.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29790
    • CARclub.mk
И ние сме со три коли, од кои што едната е секогаш во гаража, а другите две се пред куќа. Би ги ставале и другите две во двор, али проблемот е што сме крајно несинхронизирани со излегување, па за да излезе татко ми од гаража ќе треба да ја вадам Леонтина од двор, а он секое сабајле излегува од дома пред мене.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
:)
Ај еве и јас да си кажам...На времето си имавме една кола и една гаража. Но времињата се сменија, јас пораснав почнав да си работам и ред други работи и имаше потреба од уште една кола...Така станаа две коли и една гаража, но со оглед на фактот дека пред гаражата си имам уште едно цело паркинг место другата кола си ја паркирав пред гаражата и немав никаков проблем...Потоа едната кола си се продаде, бидејќи таткоми повеќе немаше потреба од неа, а и годините ја сустигнаа, све си беше по пропис...Едно возило и една гаража...
:))
Е пред скоро време се оженив, па и женами си ја донесе колата :) Повторно сум ситуација една во гаража, една пред гаража. И повторно не му пречам на никого...
Но мене ми се јави проблем кога добив и службена кола, која морам да ја паркирам на улица, нормално пред мој двор качена секогаш со двете тркала на тротоарот, залепена до ограда, како не би пречел дури ни на камионче ако треба да помине по улицата.
Сепак ме нервира фактот што има луѓе кои колите ги оставаат на улица и покрај тоа што имаат гаражи, а истите ги користат како отпади, а не гаражи, или пак оние кои се паркираат пред гаражи дојдени на гости и не можеш да излезеш од нив кога си во најголема гужва и брзање и мораш да ги бараш каде се дојдени по гости во комшии!!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7690
  • Хорска Секција
Јас имам гаража каде не ми ја собира колата. Кога имав помала кола ми ја собираше, меѓутоа никогаш не ја паркирав во гаража од најпроста причина што во денот по 5 до 10 пати палиме кола. Замисли на секое треба да отвараш врати, па да се онодам да паркирам прецизно, па да затварам врати и на враќање пак истото. Повеќе време ќе ми одземе вадењето и ставањето на колата одошто времето кое ќе го поминам во возење. Згора на тоа, жена ми ја вози колата, па не е исклучена можноста да ја закопа во некој ѕид.

Е сега, она кое најмногу ме вади од такт е кога ќе видам кокшки/сељанки и сељачишта кои во Центар на Скопје зафаќаат 2 или 3 паркинг места наместо 1. Стално им дигам брисачи и им затварам ретровизори, ама џабе - СОС (Сељакот Останува Сељак). Нив битно им е да си завршат работа, а тоа што ќе прават останатите ич не им чуе. Затоа кога паркирам секогаш внимавам да зафатам минимум место, а најчесто и немам каде да оставам место бидејќи паркингот е преполн па добро е и тоа што сум го нашол.

Сите овие заебанции со паркирање, како и тоа дека колата ми е предмет на кражби и оштетувања (намерни и ненамерни) се само една причина да се има гаража. Меѓутоа тука доаѓа и свесноста како граѓанин, да не ги киднапираш тротоарите и улиците ако можеш да паркираш во гаража. Сепак по тие тротоари одат твоите деца, а по тие улици возиш самиот ти. Секако дека ќе сме побезбедни ако имаме чисти улици и тротоари.
Затоа на новата локација каде ќе одиме да живееме, купивме 37 квадрати гаражен простор со ширина од 5.5 метри на влез, т.е. доволен за паркирање на 2 возила и мотор. Тие 15-16 иљади евра се поголема сума одошто возилото кое го имаме во моментот. Но во блиска иднина очекувам дека ќе имаме 2 возила, а ова е трајно решение за нас.

Треба да се променат генерациите и многу труд за да се еманципира нашата проста маса да размислува малку колективно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29790
    • CARclub.mk
Треба да се променат генерациите и многу труд за да се еманципира нашата проста маса да размислува малку колективно.

Апсолутно си во право. Сељак Останува Сељак.. Паркирањето во центар на Скопје е лутрија. Секој паркира како ќе стигне, без оглед на тоа колку места ќе фати, дали некого ќе блокира, дали некого ќе поткачи.

Кај мене во Влае со комшиите знаеме кој каде паркира, па нема проблеми, но проблеми настануваат кога на комшиите ќе им дојдат гости, кои инсистираат да паркираат во и онака тесните улички, наместо да ја остават колата на главната улица и да поодат 10-20-50 метри. Или кога ќе дојде гостин кај некого, па ќе ми се паркира на моето место пред куќа (што и не ми е толку проблем - ќе си ја ставам колата во двор и готово). Но ме вади од такт кога не само што ќе ми се паркира на моето место пред куќа, него и ќе ја опружи колата пред влезната врата во двор, па не можам ни колата во двор да си ја ставам. Во такви случаи легнувам на сирена додека не излезе цел комшилук.

Колективно размислување, барем во однос на паркирање? Далеку сме од тоа. Многу, многу далеку.