Автор Тема: Помош со резолуција на екран?  (Прочитано 9258 пати)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8070
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #15 на: 20 Ноември 2015, 21:17:21 pm »
Ако е тој модел од околу 22000 денара кој се продава под името refurbished - (изложбен модел, преведено од господата продавачи Се-тек Кочани), одвратив еден пријател да го купи.

Тач за таа цена и сомнителна титула не ми звучеше добро.
Се продава и во други дуќани но не кажуваат дека е рефурбишд.

Среќно понатаму.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1214
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #16 на: 20 Ноември 2015, 21:45:50 pm »
Незнам дали е рифабришед, има гаранција 2 години и се регистрирав на ејсер страната со кодот од лаптопот ништо чудно не покажа.

Во секој случај, после многу истражување открив дека ова е нормално( и кога е искључен таа црна рамка се разликува од др црн дел на екранот)најверојатно од тачот.
Единствено моја грешка што недоволно информирам го купив лап топот поради штурото искуство со тач моделите.

Може да ја заклучите темата, се надевам ќе послужи некому уз гуглање ако има сличен проблем.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3617
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #17 на: 20 Ноември 2015, 21:52:38 pm »
А да си го вратиш да не се склетисуваш? Они нека си го користат. Ако не сакаат, има соодветни институции.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8577
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #18 на: 20 Ноември 2015, 21:55:59 pm »
И јас би играл така. Би го вратил. Ако не сакаат, спомни им пазарна, одма ќе се подзамислат како и кај нас се опаметиле некои купувачи...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43461
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #19 на: 21 Ноември 2015, 02:05:06 am »
Чекајте малце другари!  ;D
Лаптопот не е расипан ниту оштетен. Си работи како што треба и е предвидено. Не може тука пазарна да му помогне, само добра волја на продавачот а таква волја кај нас едноставно не постои. Ако успее да го врати - супер, ако не, ќе мора да си го шитне или да го користи така разочаран.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1905
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #20 на: 21 Ноември 2015, 03:11:25 am »
Е ако де. И да не ти праи мерак може да го вратиш, убаа работа само расипани и оштетени да се враќаа, ебати законот тогаш  :D

Отсутен stef_stef

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #21 на: 21 Ноември 2015, 03:22:25 am »
 Имаш 30 дена период во кој без прашања можеш да го вратиш лап топот како што си го купил и да ти ги вратат парите. Во анхпч овој закон супер функционира. Во сет ако се прават улави, само јави се на ДПИ и попуст дури ќе ти дадат за следниот

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43461
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #22 на: 21 Ноември 2015, 07:11:43 am »
Би сакал да видам закон кај што го пишува ова, пошто не верувам дека сме стигнале на такво еволутивно ниво да можеш продукт да вратиш во рок од 30 дена без прашања, и ако не сакат да ти вратат ДПИ одма да скокне на твоја страна.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8577
  • Пичлеме

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43461
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #24 на: 21 Ноември 2015, 07:43:22 am »
Нешто од ова споменатово во првата реченица не задоволува лаптопот? Освен што визуелно е разочаран корисникот од црната рамка на екранот, лаптопот одговара во однос на формата, големината, бојата, функционалноста итн. Барем јас така гледам. Далеко је америка и сунце што сја, не се мења кај нас тукутака лаптоп или било што, ако си се заебал при купување... Камо среќа да има добра волја кај продавачот,  пошто само од тоа му зависи судбината на лаптопот на Bauer. Законски тешко дека ќе смени исправен и функционален уред макар и со ДПИ и свети ДПИ.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8577
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #25 на: 21 Ноември 2015, 08:12:54 am »
Доколку е во оригиналната амбалажа и визуелно нема знаци на користење, можи да се смени, а ако нема добра воља продавачот да го направи тоа, тука е пазарна инспекција.

Еден пример од пред некоја година (2012 поточно).

Во салон на Тобако Тогедер (кај триумфална, ако не се лажам сеа таму има лесковачка Вили) кога работев, имаше една баш слична случка. Шефицата (онаа шо му ги собра парите на нашиот член со пералната...) продаваше на начин:

- Купи го, јас имам вакво дома, супер е...

Врска немаше од технологија, ама на тој начин и успеваше да продај производ.
Кога јас бев на смена тоа не се случуваше (ме мразеше за тоа, али јебига, поштени луѓе идеа, не е фер да им подментнуваш нешто шо не го сакаат :) ),  нејсе, една смена, кога јас не сум бил, на некој му шитнала видео камера Канон, прилично скапа камера.
После некој ден се појавил типот шо ја купил камерата:

- Јас ви побарав камера шо снима во Фул ХД, вие ми продадовте камера шо снима во ХД, сакам камера шо снима во Фул ХД, или да ми ги вратите парите назад.

Шефицата ноншалантно го изигнорирала. Дури се фалеше цело време за тоа:
- Ех, јас му ја шитнав камерата, нека си ја користи со здравје... од кај да знам јас шо е то Фул ХД... ете и тој не знаел, шо да му праам шо бара нешто, а не знај шо бара...

Се заканил во меѓувреме купувачот со пазарна инспекција, ама на шефицата око не и трепна...

Недела-две покасно, на моја смена доаѓа средовечна жена, се легитимира дека е од пазарна инспекција, ја бара таа и таа вработена, то ест шефицата. И се јавив јас на дотичната особа да дојди...

Во меѓувреме си поразговаравме со женава од пазарна...

- Купувачот слободно можи да го врати производот доколку е неоштетен и во оригинална амбалажа, притоа има фискална сметка... во случајот купувачот не е задоволен со производот и треба да му биди заменет со онаков каков што бара. Доколку нема таков производ, треба да му се врати износот кој го платил... во случајов муштеријава е изнервиран затоа што го шетавте по тавани и си ги бара парите назад... доколку не му излезите во пресрет, таа што му го продате производот ќе оди на суд при што и следува глоба од 5000 евра!

Дојде шефицата, се натегаа, се изнервира оваа од пазарна со закана:
- Се гледаме на суд!

Во меѓувреме газдата на салоните (во тоа време почитуван газда, покасно пропали случај.... нема везе) спогодбено, зад затворени врати, му ги врате парињата на купувачот, можеби и нешто плус му фрле, само шефицата да не стигни до суд и не си плати 5000 евра.

Имам уште некоја слична случка, ама мислам дека ова е доволно :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43461
  • Il Moderatore
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #26 на: 21 Ноември 2015, 08:23:45 am »
Убава прикаска. И мене некој да ми продаде HD телевизор а ја да му барам FullHD, притоа да ме убедува дека тоа што ми го продва е FullHD иако е HD, и јас ќе ја терам до суд. Но овде не е така. Лаптопот нема ниедна  точка што не ги задоволува барањата на потрошувачот, односно Bauer. Не знам дали се разбираме, ниту некој го излажал, ниту му продал нешто што не сака, ниту техничките спецификации се погрешни, ниту е расипан продуктот...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8577
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #27 на: 21 Ноември 2015, 08:36:43 am »
Значи упорно тврдиш дека Bauer очекувал дека на дисплејот ќе има црна рамка... за тоа зборуваме наназад, дека бараше начин како да ја нема таа рамка, па отпосле се увиде дека така е нормално...
Јас му барам лаптоп, со тач, тој ми дава лаптоп со тач и рамка... е па не сум задоволен, сакам да го вратам и сакам друг лаптоп... никој не ми спомна дека е нормално да имам рамка на дисплејот (секако и во Сет појма немаат дали е нормално или не, сигурен сум :) )

Значи се оди натаму да купувачот има право да го замени производот ако не е задоволен од истиот, како и во секоја нормална држава. Ако ти и уште еден куп го негираш тоа, сигурно нема во потполност да се спроведи тоа.

Јас иам уште неколку примери со успешна замена на производ кој не ги задоволувал очекувањата :)
« Последно менување: 21 Ноември 2015, 08:42:06 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6105
  • 69
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #28 на: 21 Ноември 2015, 09:01:07 am »
Aко windows-от е активиран, автоматски се паѓа во вода.

СЕТ не го излажале ниту му подметнале нешто за кое што купувачот требало да се информира на време.
Односно како што имаше на претходната страна пост:

http://acer.custhelp.com/app/answers/detail/a_id/33860/~/black-border-around-notebook-lcd

Значи се работи за неинформираност.

Сега терајте ја работата како мислите.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8577
  • Пичлеме
Одг: Помош со резолуција на екран?
« Одговори #29 на: 21 Ноември 2015, 09:32:47 am »
Далеку од тоа дека го излажале или му подметнале ( како шо реков во заграда, којзнае и во Сет дали ја знаат финтава цо црната рамка, зошто е така :) ).

Моментот е, враќање на производот од кој не сум задоволен, не ги исполнува моите очекувања. Се тежнее кон тоа, ама кај нас сеуште има натегања, ама ако се спомни пазарна инспекција, одма подголтнуваат голем дел :)

А тоа со Виндоусот... е тоа не знам јас. Сале штом кажува така, така е, немам што да додадам на тоа.