Доколку е во оригиналната амбалажа и визуелно нема знаци на користење, можи да се смени, а ако нема добра воља продавачот да го направи тоа, тука е пазарна инспекција.
Еден пример од пред некоја година (2012 поточно).
Во салон на Тобако Тогедер (кај триумфална, ако не се лажам сеа таму има лесковачка Вили) кога работев, имаше една баш слична случка. Шефицата (онаа шо му ги собра парите на нашиот член со пералната...) продаваше на начин:
- Купи го, јас имам вакво дома, супер е...
Врска немаше од технологија, ама на тој начин и успеваше да продај производ.
Кога јас бев на смена тоа не се случуваше (ме мразеше за тоа, али јебига, поштени луѓе идеа, не е фер да им подментнуваш нешто шо не го сакаат
), нејсе, една смена, кога јас не сум бил, на некој му шитнала видео камера Канон, прилично скапа камера.
После некој ден се појавил типот шо ја купил камерата:
- Јас ви побарав камера шо снима во Фул ХД, вие ми продадовте камера шо снима во ХД, сакам камера шо снима во Фул ХД, или да ми ги вратите парите назад.
Шефицата ноншалантно го изигнорирала. Дури се фалеше цело време за тоа:
- Ех, јас му ја шитнав камерата, нека си ја користи со здравје... од кај да знам јас шо е то Фул ХД... ете и тој не знаел, шо да му праам шо бара нешто, а не знај шо бара...
Се заканил во меѓувреме купувачот со пазарна инспекција, ама на шефицата око не и трепна...
Недела-две покасно, на моја смена доаѓа средовечна жена, се легитимира дека е од пазарна инспекција, ја бара таа и таа вработена, то ест шефицата. И се јавив јас на дотичната особа да дојди...
Во меѓувреме си поразговаравме со женава од пазарна...
- Купувачот слободно можи да го врати производот доколку е неоштетен и во оригинална амбалажа, притоа има фискална сметка... во случајот купувачот не е задоволен со производот и треба да му биди заменет со онаков каков што бара. Доколку нема таков производ, треба да му се врати износот кој го платил... во случајов муштеријава е изнервиран затоа што го шетавте по тавани и си ги бара парите назад... доколку не му излезите во пресрет, таа што му го продате производот ќе оди на суд при што и следува глоба од 5000 евра!
Дојде шефицата, се натегаа, се изнервира оваа од пазарна со закана:
- Се гледаме на суд!
Во меѓувреме газдата на салоните (во тоа време почитуван газда, покасно пропали случај.... нема везе) спогодбено, зад затворени врати, му ги врате парињата на купувачот, можеби и нешто плус му фрле, само шефицата да не стигни до суд и не си плати 5000 евра.
Имам уште некоја слична случка, ама мислам дека ова е доволно