Автор Тема: Проблем со ДВД-ром  (Прочитано 3607 пати)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Проблем со ДВД-ром
« на: 03 Декември 2015, 02:01:59 am »
Мојата сага со Леновото Г580 продолжува,откако матичната рикна после 8-9 месеци и сменета во гарантен рок,пак после некој месец рикната тастатура,овие денови имам нова авантура леновото.

Пред недела две сакав да режам ДВД диск,но успеав да уништам околу 20 дискови од различни брендови (СОНИ,ПРИНКО...).

Пратен лаптопот на сервис со проблем со шарката(hinge) на мониторот и со проблем со ДВД режачот и истиот вратен со средена шарка но проблемот со режење на ДВДа не одстранет.

Проблемот е тоа што при режење на ДВД цд со НЕРО му јавува invalid block adress,пробано да снимам ДВД односно режам без никаков софтвер но неуспешно,само го зарежува дискот(уништива) и тука завршува на некои си 3-4%.

Од овластениот сервис ИНЕТ ме убедуваат дека со ДВД ромот нема никаков проблем,дека тие го тестирале и се било супер.

Лаптопот е форматиран денес,но успеав да уништам уште 10 дискови и никако да си направам копија од свадбата  ;D .

Па ако некој се сретнал со сличен проблем ако може да помогне некако,или да фрлам 25 еура за нов ДВД ром.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен x01

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 729
Одг:
« Одговори #1 на: 03 Декември 2015, 07:57:35 am »
И кај мене се случи истото на десктоп сата кабелот беше дефектен.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #2 на: 03 Декември 2015, 08:17:00 am »
Инсталирај Ashampoo Burning Studio
Ако не изрежеш со него, дефинитивно е дефектен.
Прво и основно Неро мислам дека не е бесплатен софтвер, па на сервис може да те одјебат ради тоа.
Овој ти е фулл бесплатен и одличен.
Неро не сум користел од вин ХР, пошто стално знаел некој ситни срања да прави.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #3 на: 03 Декември 2015, 09:53:13 am »
Значи колку што можевме да разбереме само пластиката на куќиштето функционира кај твојата машина?

Да не ме сватиш грешка, јас ти пожелувам да ти цркне двд ррекордерот за на раат да си го пратиш на сервис и да можат да го заменат а да се спасиш од понатамошни нервози.

Во последно време уживам во Сетек, АМЦ и остали биртии при преводот и толкувањето на терминот: Refurbished.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #4 на: 03 Декември 2015, 12:30:27 pm »
Првиот контакт со Леново никад нема да го заборавам, ми пропадна тачпадот сестру им ебам фушерајска..

Генерално гледам сите нови лаптопи до 25 000 се тешки говна. Тошибата ние што ја носевме и оваа што ја купив немаат споредба. Звук срање, дисплеј при најмала промена на агол треба да се помера. Шасија иста со Ејсер од 12 000 денари кој за дивно чудо е постамен и има бољи звук.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #5 на: 03 Декември 2015, 13:42:53 pm »
Лаптопот е купен 33 000ден. (и5,6ГБ РАМ,2ГБ графичка,тера хард диск) плус доплатено е уште 70 евра за дополнителна гаранција од две години,вкупно 3 години и му истекува март месец 2016.

До сега сменета матична,тастатура и сега проблем со шарката и со ДВД ромот.

Овие денови се мачам со режење на ДВД,уништени повеке од 30 ДВД дискови,пробано и со Ashampoo Burning Studio,и со кои уште не софвери,па и пробано без никаков софтвер дирекно со опција за режење без софтвер но безуспешно.
И на крај останува да му одам во Инет во Ск и дирекно таму пред мене да изреже некое двд па да видиме дали реже или не.

Нешто колку што чачнав на нет инвалид блок адрес еророт нешто демек може да биде и софтверски,односно нешто енвидиа драјверите да прават некој проблем а и за двд ромот никако не можам да најдам друг драјвер (matshita uj81d).

Како и да е проблемот не е одстранет па ако има некој некоја идеа нека кажува.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #6 на: 03 Декември 2015, 13:57:42 pm »
Извади го тури ссд  8)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #7 на: 04 Декември 2015, 12:12:49 pm »
Барај си нов Лаптоп.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8639
  • Пичлеме
Одг: Проблем со ДВД-ром
« Одговори #8 на: 04 Декември 2015, 14:35:11 pm »
Лаптопот се погодил со фабричка мана на сите делови... :)
Јас имам искуства со 3 Леново лаптопи во изминатите години. Само едниот имаше проблем после некоја година, флет кабелот од дисплејот се заеба, па беше заменет. Друго посериозно немало проблеми. Слушам жалби и од DELL, а од лаптопот DELL бев презадоволен се до моментот кога го пензионирав заради старост. Ама во ред, тој беше од постарата гарда, издржливите :)
Значи во поново време баш со Леново се занимавам, за сега, да не е на зарек, не сум имал проблем.

А тие докај 25 000 шо се пластикарија, пластикарија се, сите до еден, од сите брендови.