Најпрво да кажам дека ваков Меган барав добри 3 години, се изнавозев преку 20 мегани за овие 3 години возев секакви и мислам дека после толку коли знаев што точно што и колку да барам од еден половен Меган. За овие 3 години Бушав доби безброј ПП од мене замарање и слично, огромна благодарност кон него за тоа што ме трпеше за се и сешто!
Редно беше да го претставам новиот член во фамилијата, се работи за Меган од 2006та година со Sport ниво на опрема. Меганот го купив од прв газда кој човекот беше директор на тогашно Хит Ауто (официјален дистрибутер на Рено) сосем случајно кога на муабет паднав со Виктор од сервисот Виталеда дека барам меган ама асален, ми го предложи човекот и ми рече дека механички е коска но каросериски не е баш зачуван бидејќи паркиран е цело време низ центар и има доста лузни од паркинг. Кога го видов Меганот откога се договоривме со човекот кај да се најдеме 80% бев сигурен дека ќе го купам, љубов на прв поглед. Седнав го провозев и не ми требаше многу за да видам дека колата е одлична, поминав до кај Бушавиот да даде мислење и он ми кажа зимај не му ја мисли и така направив.
Меганот не е баш фул опрема ама има повеќе од доволно.
Најважен ми беше моторот кој е 106 коњи и препекав да го имам за да осетам разлика и можам да кажам дека разликата е доста голема за разлика од моторот со 86 коњи кој има доста поголем торк и подобро меѓузабрзување но 86ката е пожилав на ниски вртежи и затоа потрошувачката е пониска.
Од опрема поседува:
8 Airbags
Електрика на сите стакла и ретровизори кои се преклопуваат
Keyless кои нема потреба да се вади картичката одџеб за да се отклучи/заклучи/стартува колата
Автоматска клима
Сензор за светло
Сензор за дожд
Сензор за притисок во гумите
Држач за рака напред/позади
17ки Рено бандаши
Темпомат
Потрошувачката се движи за овие 1800км што ги пројдов за овие 2 недели околу 6.2 литри на 100км во комбиниран режим да возење. Очекувам да падне под 6. Му направив утре дента откога го земав комплетен сервис: Масло, сите филтри, се ребраст клинест, и водна пумпа. Тоа задоволсто ме чинеше 13800 денари. После една недела и акумулаторот реши да цркне без најава и тој соодветно го променив со Exide Premium.
Планови се да се среди козметички