Автор Тема: Mercedes C230 Kompressor  (Прочитано 2993 пати)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Mercedes C230 Kompressor
« на: 20 Јуни 2017, 20:45:52 pm »
Имав еден куп идеи за следна кола и сосема случајно наидов на ова и решив да го земам, се работи за Мерцедес Ц230 Компресор, 2,3 мотор мислам дека е 197коња, рачен менувач со 6 брзини.   
 Впечатоци, многу сум изненаден за тоа колку добро влече колата, многу удобна вожња има, воланот е многу прецизен не  е ниту прелесен ниту пак претежок, суспензијата не е баш тврда ко за спортско купе мислам дека тоа може да се види и од висината на колата, но затоа многу пријатна вожња има. Седењето е исто многу удобно во колава.
 Не толку позитивни впечатоци, звукот на издувот и моторот, сепак е 4 цилинди со суперчарџер и не е некој којзнае колку интересен звук иако е направен да бучи малце по спортски, се до моментот не го стиснеш во повисоки вртежи.

 Сега за сега тоа, ке повозам некое време и ке пробам да споделам повеке детали.



Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #1 на: 20 Јуни 2017, 22:48:20 pm »
Создравје да се вози :) Интересен избор, мада ме изненади со изборов :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #2 на: 21 Јуни 2017, 07:13:14 am »
Со здравје да си го возиш. Таков е и мојот. Влече од ниски како атмо, ама не губи здив.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #3 на: 21 Јуни 2017, 21:46:19 pm »
Да тоа е интересното што нема лаг во влечењето буквално забрзувањето се осеќа ко на бмв атмосферецот 3,0 6цил.

 Еве уште една слика од вчера


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #4 на: 23 Јуни 2017, 10:33:28 am »
Тоа е разликата меѓу supercharger и турбо. :)

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #5 на: 23 Јуни 2017, 10:36:00 am »
Со здравје да се вози. Убав модел. Некоја слика од внатре ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #6 на: 23 Јуни 2017, 14:31:42 pm »
Официјално поднесувам иницијатива за промена на nick и avatar во

kirilsmerc

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #7 на: 23 Јуни 2017, 15:20:30 pm »
Не толку брзо еј, не се откажувам од БМВ уште ја имам петката, ова е онака да се проба малце да помине мерак. Инаку неколку работи можам да ја пофалам колава, на отворено е доста економична успеав да симнам и до 31мпг на борд или 7,5л/100км, седењето е многу удобно ниско, воланот се подесува супер, арно ама на тоа звукот неможам да се навикнам, мислев дека м42 (318ис) е катастрофа ама и ова е тука некаде :D освен звукот на суперчарџерот кога се стиска тоа е супер.
Ке направам викендов некоја слика и од внатре



Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #8 на: 04 Јули 2017, 15:44:09 pm »
Еве уште некоја слика , иако мерцедес не е поплуарниот избор на форумот  8)




Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #9 на: 16 Јули 2017, 02:08:22 am »
Создравје да се вози :)

На првите слики мислев дека фаровите се замаглени, на таа подоле во гаражата се супер. Значи предлог одма некој поубави сијалици бели :D

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #10 на: 16 Јули 2017, 14:30:05 pm »
Искрено незнам какви сијалици има, ок свети можда ке ги сменам, а фаровите сега изгледаат уште подобро ги полирав пред некој ден.

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #11 на: 26 Јули 2017, 20:52:29 pm »
Ова брзо некако помина... Колата беше супер искрено немам некој замерки освен звукот, но добив добра понуда и сеа ке барам нешто друго.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13915
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #12 на: 27 Јули 2017, 00:22:06 am »
Чек, ја шитна?

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #13 на: 27 Јули 2017, 00:34:15 am »
Мај бест френд има ваков Мерцедес... кога го зеде муабетот беше: кај го најде ваков, со клоца мавнат одназад...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Одг: Mercedes C230 Kompressor
« Одговори #14 на: 27 Јули 2017, 03:06:35 am »
Е не ќе ја чешла :D