Автор Тема: Renault Megane 1.5 dCi 106  (Прочитано 31953 пати)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3463
Renault Megane 1.5 dCi 106
« на: 07 Септември 2015, 20:25:49 pm »
Најпрво да кажам дека ваков Меган барав добри 3 години, се изнавозев преку 20 мегани за овие 3 години возев секакви и мислам дека после толку коли знаев што точно што и колку да барам од еден половен Меган. За овие 3 години Бушав доби безброј ПП од мене замарање и слично, огромна благодарност кон него за тоа што ме трпеше за се и сешто!
Редно беше да го претставам новиот член во фамилијата, се работи за Меган од 2006та година со Sport ниво на опрема. Меганот го купив од прв газда кој човекот беше директор на тогашно Хит Ауто (официјален дистрибутер на Рено) сосем случајно кога на муабет паднав со Виктор од сервисот Виталеда дека барам меган ама асален, ми го предложи човекот и ми рече дека механички е коска но каросериски не е баш зачуван бидејќи паркиран е цело време низ центар и има доста лузни од паркинг. Кога го видов Меганот откога се договоривме со човекот кај да се најдеме 80% бев сигурен дека ќе го купам, љубов на прв поглед. Седнав го провозев и не ми требаше многу за да видам дека колата е одлична, поминав до кај Бушавиот да даде мислење и он ми кажа зимај не му ја мисли и така направив.
Меганот не е баш фул опрема ама има повеќе од доволно.
Најважен ми беше моторот кој е 106 коњи и препекав да го имам за да осетам разлика и можам да кажам дека разликата е доста голема за разлика од моторот со 86 коњи кој има доста поголем торк и подобро меѓузабрзување но 86ката е пожилав на ниски вртежи и затоа потрошувачката е пониска.
Од опрема поседува:
8 Airbags
Електрика на сите стакла и ретровизори кои се преклопуваат
Keyless кои нема потреба да се вади картичката одџеб за да се отклучи/заклучи/стартува колата
Автоматска клима
Сензор за светло
Сензор за дожд
Сензор за притисок во гумите
Држач за рака напред/позади
17ки Рено бандаши
Темпомат
Потрошувачката се движи за овие 1800км што ги пројдов за овие 2 недели околу 6.2 литри на 100км во комбиниран режим да возење. Очекувам да падне под 6. Му направив утре дента откога го земав комплетен сервис: Масло, сите филтри, се ребраст клинест, и водна пумпа. Тоа задоволсто ме чинеше 13800 денари. После една недела и акумулаторот реши да цркне без најава и тој соодветно го променив со Exide Premium.












Планови се да се среди козметички

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #1 на: 07 Септември 2015, 20:29:48 pm »
Честитки Прч, да си го возиш со среќа. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #2 на: 07 Септември 2015, 20:33:29 pm »
Денес видено во живо, фино меганче. ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #3 на: 07 Септември 2015, 21:01:30 pm »
Со убаво и за арно нека е.
Да не ти треба и тестерче за меганов :)
Вака на слики изгледа солидно сочувано.
Но како да видов дека тапацирот од кровот е под одлепен???
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #4 на: 07 Септември 2015, 21:11:57 pm »

Со убаво и за арно нека е.
Да не ти треба и тестерче за меганов :)
Вака на слики изгледа солидно сочувано.
Но како да видов дека тапацирот од кровот е под одлепен???


Не ќе да е одлепен, него си има длабки фабрички горе ваљда, глеам кај светлото е исто со длабки...


Со здравје возење Прч, многу километри :)
No turbo, no fun :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #5 на: 07 Септември 2015, 23:24:42 pm »
Абе земи Рено господ да те види :D

Ја имав таа чест да го разгледам меѓу првите. Со среќа нека е Прки, знам колку мерак имаш! :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3997
  • MadaFunker
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #6 на: 07 Септември 2015, 23:32:58 pm »
So zdravje da se vozi!
New blood of old school

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1382
  • Велешанче
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #7 на: 07 Септември 2015, 23:34:38 pm »
Со здравје да си го возиш :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #8 на: 07 Септември 2015, 23:36:28 pm »
Многу километри да го возиш. Одличен избор.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #9 на: 07 Септември 2015, 23:38:16 pm »
Честитки! Убав...

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #10 на: 08 Септември 2015, 04:31:16 am »
So zdravje da se vozi!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #11 на: 08 Септември 2015, 11:34:50 am »
Честито, многу безгрижни километри.

Бандафче има, спуштање и ремапче фалело  :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #12 на: 08 Септември 2015, 11:45:33 am »
Честитки Прч :)
Што му се десило на предното десно крило?

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3797
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #13 на: 08 Септември 2015, 12:15:43 pm »
@Marjanot
Semata bilo taka da ti bide ( bar ednoto ) kriloto i da go vozis  :D
Sala nastrana pod hitno na sreduvanje na kozmetickite problemi  ;)

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3162
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Renault Megane 1.5 dCi 106
« Одговори #14 на: 08 Септември 2015, 12:21:38 pm »
 so zdravje da se vozi  ;)