Здраво клабери! Најпрво, се извинувам што ова не е проект поврзан со автомобили.
Мислев дека би било интересно да се прикаже процесот на реставрација на еден велосипед, бидејќи луѓе се почесто се одлучуваат на овој чекор од неколку причини:
1. Имаат велосипед оставен во наследство со сентиментална вредност и сакаат да го доведат во оригинална, и возна состојба;
2. Имаат желба да возат велосипед кој ќе го рефлектира нивниот карактер преку бои и детали
3. Сакаат викендашки проект кој не бара голем влог на пари и е релативно лесен за самостојна изработка
Овој проект го започнав заради точките 2 и 3 (и зошто ми улета бесплатен велосипед со квалитетни делови, нормално
).
Епа, да почнеме:
Приказната за велосипедот:Сестра ми се всели во друг стан. Претходните станари фатиле џаде за Канада и го оставиле станот комплетно опремен. Во ќоше на терасата беше оставен велосипед кој на прв поглед не ми фати око. По неколку дена, пак ја посетив сестра ми и решив подетално да го прегледам велосипедот.
На мое изненадување, имаше комплетна
Shimano опрема, целосно функционална, и здраво седиште. Со оглед на тоа што ова е втор велосипед кој го реставрирам, тоа се најбитните работи затоа што се друго знам да поправам.
Одлуката беше донесена, велосипедот спакуван и транспортиран во Гостивар.
Оригинална состојба:Вака изгледаше велосипедот дента кога стигна од Скопје. На лаик, ова би му било само парче старо железо (и сестра ми така го гледаше, сакала да го даде на „старо купујем“ за 300 денари - ќе ја убиев!). Мене, бидејќи претходно реставрирав велосипед, ова ми беше одлична основа.
П.С. Во кесата е спакуван ланецот
Почетоци:Потоа, почна расклопувањето на делови, и внимателно пакување и бележење на секое делче, шрафче, цревце во кесички и дрвени гајбички. Што повеќе го расклопував, тоа повеќе се покажуваше дека механички е внимавано да биде во тип-топ кондиција, бидејќи имаше маст на сите делови каде што се спојуваат две метални површини, осовини на тркала и педали беа одлично подмачкани и затегнати, сајли подмачкани со тефлонска маст и така натаму.
За денес толку. Темава ќе си ја апдејтувам редовно, очекувам за 2 недели точачево да се тркала по улици со нова боја и тотално нов изглед
Коментари, критики и предлози се добродојдени.