Автор Тема: Проект: давање нов живот на градски велосипед  (Прочитано 10650 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Здраво клабери! Најпрво, се извинувам што ова не е проект поврзан со автомобили.

Мислев дека би било интересно да се прикаже процесот на реставрација на еден велосипед, бидејќи луѓе се почесто се одлучуваат на овој чекор од неколку причини:
1. Имаат велосипед оставен во наследство со сентиментална вредност и сакаат да го доведат во оригинална, и возна состојба;
2. Имаат желба да возат велосипед кој ќе го рефлектира нивниот карактер преку бои и детали
3. Сакаат викендашки проект кој не бара голем влог на пари и е релативно лесен за самостојна изработка

Овој проект го започнав заради точките 2 и 3 (и зошто ми улета бесплатен велосипед со квалитетни делови, нормално ;D).

Епа, да почнеме:

Приказната за велосипедот:

Сестра ми се всели во друг стан. Претходните станари фатиле џаде за Канада и го оставиле станот комплетно опремен. Во ќоше на терасата беше оставен велосипед кој на прв поглед не ми фати око. По неколку дена, пак ја посетив сестра ми и решив подетално да го прегледам велосипедот.
На мое изненадување, имаше комплетна Shimano опрема, целосно функционална, и здраво седиште. Со оглед на тоа што ова е втор велосипед кој го реставрирам, тоа се најбитните работи затоа што се друго знам да поправам.
Одлуката беше донесена, велосипедот спакуван и транспортиран во Гостивар.

Оригинална состојба:

Вака изгледаше велосипедот дента кога стигна од Скопје. На лаик, ова би му било само парче старо железо (и сестра ми така го гледаше, сакала да го даде на „старо купујем“ за 300 денари - ќе ја убиев!). Мене, бидејќи претходно реставрирав велосипед, ова ми беше одлична основа.
П.С. Во кесата е спакуван ланецот ;D ;D ;D













Почетоци:

Потоа, почна расклопувањето на делови, и внимателно пакување и бележење на секое делче, шрафче, цревце во кесички и дрвени гајбички. Што повеќе го расклопував, тоа повеќе се покажуваше дека механички е внимавано да биде во тип-топ кондиција, бидејќи имаше маст на сите делови каде што се спојуваат две метални површини, осовини на тркала и педали беа одлично подмачкани и затегнати, сајли подмачкани со тефлонска маст и така натаму.










За денес толку. Темава ќе си ја апдејтувам редовно, очекувам за 2 недели точачево да се тркала по улици со нова боја и тотално нов изглед :) Коментари, критики и предлози се добродојдени.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #1 на: 17 Јуни 2015, 01:24:46 am »
boja nekoja perverzna drec a gumi ili beli ili plavi gledam se prodavat po reklama5.
Nemoj branici da stavas cisto ram bandaz i trkala i eventualno lanec zlatna boja...
Pred nekoj den slicen model na tvojot ramot bese perla pomarandzesta boja gumite beli dodeka gidanot,sipka od sediste pedalite bea hromirani..Tocakot bese bolno dobar.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #2 на: 17 Јуни 2015, 01:35:38 am »
Браниците остануваат, бидејќи кога го расклопував, прво нив ги извадив и изгледаше ужасно.

Јас ќе одам дијаметрално различно од таа дречава насока, поточно во ретро насока. Комбинацијата на бои ќе биде крем рамка и вилушка, и црни браници. Гумите веројатно ќе бидат со бела или крем трака по страните, зависи какви ќе најдам.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #3 на: 17 Јуни 2015, 01:40:14 am »
Со среќа со проектот, еве една идеа од мене, можеш да го скоцкаш ко овие новиве модерниве што се у една боја цели со делови некои со дреч боја ко зелена флуоросцентна, лила и слично нешто ко овој на сликата :D


Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг:
« Одговори #4 на: 17 Јуни 2015, 01:43:19 am »
И јас би предложил ретро стил со едноставна комбинација до две бои. И би ја тргнал грдата корпа.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #6 на: 17 Јуни 2015, 16:32:53 pm »
Кремаст све убива, не само точак. Каки се вика тоа.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #7 на: 19 Јуни 2015, 00:14:14 am »
Интересен проект, ќе го следам со задоволство.

Јас прво би проверил рамката во каква состојба е. Обично корозијата се шири од внатре кон надвор, така да површински може да изгледа перфектно а од внатре да е доста корозиран. Тоа е лошата страна на челикот.
Мој предлог е да го конвертираш велосипедот во singlespeed. Колку што можам да видам на сликите, има хоризонтални dropout-и така да тоа не би требало да претставува проблем. Што се однесува до бојата, јас би одбрал Rosso corsa или некоја друга светла нијанса на црвена боја.

Колкава сума планираш да издвоиш за реставрацијата?

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #8 на: 19 Јуни 2015, 01:14:53 am »
Да ти кажам право топ проект, и искрено ме мотивираше и мене да зеам еден точак од подрум да го средам и да го напраам fixie.
Ке го пратам твојов со задоволство

Предлог од мене

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #9 на: 22 Јуни 2015, 11:54:50 am »
уште не е завршен проектов?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #10 на: 22 Јуни 2015, 12:01:19 pm »
Чекај, сега му прават тјунинг на моторот. Секој ден самарот на грб и пеш од село до град и назад... :D
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #11 на: 22 Јуни 2015, 12:48:27 pm »
Симо, ти тури си клуч ако имаш желба. Јас други обврски имав, како што е возење точак на Галичица, обврски со факултет и останато. Не сме сите директори со флексибилно работно време :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43703
  • Il Moderatore
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #12 на: 22 Јуни 2015, 13:12:19 pm »
Ооо, студентарија се пожали дека нема време...Ај, ќе праиме муабет за 4-5 години, кога ќе ти завршат обврските со факултетот, па ќе имаш време на претек :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8689
  • Пичлеме
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #13 на: 22 Јуни 2015, 21:43:12 pm »
Ако не ви се допаѓа, не коментирајте! А шо точак возите вие?!

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #14 на: 23 Јуни 2015, 02:41:11 am »
Од оправдани причини, меѓу кои и следнава, занимацијава беше на пауза. :) Ако некој праша, да, препорачувам да се иде на Тур де Галичица!



Да се вратиме на занимацијата што сакам да си ја нарекувам „проект“ :)

Вадење на боја до гол метал:

Бидејќи рамката беше полна со точки ’рѓа, единствено решение беше бојата да се извади до метал и да се провери дали ’рѓата е само површинска, или длабинска. За среќа, ме пречека само блага површинска ’рѓа.

Процесот почна со мачкање со paint stripper, но воопшто не ми се допадна тоа што морав да ја мачкам рамката неколку пати за да излезе цела боја. Затоа, се вратив на стариот добар, и испробан метод: челична четка на бормашина. Следната слика е проќелавена челична четка после стругање на две велосипедски рамки и ограда ;D



Еве ја рамката, околу 75% извадена боја, која морам да признаам беше нанесена во дебел, квалитетен слој. Под бојата, како што напоменав, никакви непријатни изненадувања.







Утре наутро следува привршување на стругањето и еден или два слоја основна боја (сива). За жал, ќе го скокнам powdercoating процесот заради временско ограничување, од Златна Рака рекоа дека за бои што не се чести, се чека малку подолго време. Сакав да биде RAL2015 боја (light ivory) ама ете, ќе барам спреј верзија од истата.

Продолжуваме утре.