Автор Тема: Проект: давање нов живот на градски велосипед  (Прочитано 10648 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #15 на: 23 Јуни 2015, 10:25:49 am »
Убава работа.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #16 на: 23 Јуни 2015, 16:01:01 pm »
Симо, ти тури си клуч ако имаш желба. Јас други обврски имав, како што е возење точак на Галичица, обврски со факултет и останато. Не сме сите директори со флексибилно работно време :)
Да не разнесуваш пошта низ Галичица? :D

Сериозно, јас на зафатов би се нафатил само доколку рамот е алуминиумски и е лесен. Во спротивно не вреди трудот и парите за боја шо ќе ги дадеш. Некој ми кажа дека на бувљак си купил таков стар(од време на екс-ју) точак со алуминиумски рам за 2000 денари. Е на тоа вреди да се потроши време. ;)
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #17 на: 23 Јуни 2015, 19:22:17 pm »
Секако вреди да се потрудиш инаку газдата ќе си го познае точакот.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #18 на: 23 Јуни 2015, 22:28:23 pm »
Јас нема да имам проблеми со газдата, зошто точачево не ни има газда :) А трошењето време и пари? Интересни машини ми се точаците. Полека учам да ги сервисирам сам, бидејќи ми е мерак, а и бидејќи имам слободно лето пред мене. За парите... ќе пишам на крај целосен трошок, заедно со ситници.

Да продолжиме со проектот:

Фарбање на голата рамка со основна боја:

Стругањето на рамката и вилушката заврши, по што почна нанесување на подлога во вид на основна боја за метал која би требало да штити од понатамошно кородирање. По нанесени две (и половина) раце основна боја, рамката и вилушката изгледаа вака:







И воланчето си добило ’рѓа кај што биле прицврстени кочниците, па и тоа се иструга со челична четка и се помина со основна боја. Утре ќе се помине со црна, па на крај со малку лак, колку толку да се изедначи со нефарбаниот дел.



Исто и багажничето, ситни точки ’рѓа од стоење на отворено. И тоа премачкано со основна, ќе оди или во бојата на рамката или во црна боја, зависи од расположение во моментот ;D



Исчистени тркалата, кочниците, и сите останати делови што ги извадив од точакот. Од овој куп треба да се состави велосипед, така да wish me luck.



За денес толку. Нареден пат се планира фарбање и потсредување на браниците.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #19 на: 23 Јуни 2015, 23:07:39 pm »
Јас пред неколку години започнав ваков "проект" со БМХ го растурив цел го истругав и сите делови ги соберав во една гајба.
Ми стоеше така некое време и еден ден татко ми земал да расчистува гаражата и БМХ-чето во отпад :D а убава замисла имав а и рамката беше специфична не беше како обичните.Напред вилушката беше како имитација на амортизери а позади рамот имаше како спојлер.
еве во овој стил некако само позади немаше амортизери

 штета...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #20 на: 23 Јуни 2015, 23:27:15 pm »
Многу нерамна бојава.

Отсутен FICOOO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 265
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #21 на: 24 Јуни 2015, 01:09:38 am »
Добро иде ... :) Кажи ми како што сватив ова со четка го фарбаше?,  а главната боја со спреј ке ти биде ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #22 на: 24 Јуни 2015, 01:59:48 am »
Четка за ликовно ;D Главната боја со спреј, точно. Од искуство со претходниот точак што го фарбав на сличен начин но со многу понерамна подлога, бојата од спреј сама се распореди низ дупките и имав "комора" стил финиш :)

Имаш некој друг предлог?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #23 на: 24 Јуни 2015, 07:55:34 am »
Исуши ја основнава, удрии една шмиргла површински 500ка, па спреј прајмер, па боја па транспарентен лак две раце.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #24 на: 04 Јули 2015, 20:21:28 pm »
До кај е проектчево ме интересира? :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски вел&
« Одговори #25 на: 05 Јули 2015, 07:26:02 am »
Завршен и се вози, ми помогна да си транспортирам делови за колата во корпата. Не сум седнал од компјутер на форум повеќе од 10 дена за да ги закачам сликите. :)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #26 на: 10 Август 2015, 18:44:07 pm »
Дај некоја слика да видиме што си направил и колку време ти требаше да го оживееш пиши :)
New blood of old school

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #27 на: 08 Декември 2015, 15:06:25 pm »
Одамна требаше да ги ставам сликиве:














Отсутен Cha.ki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #28 на: 08 Декември 2015, 16:27:16 pm »
Супер испаднало све! Браво за трудот и за волјата :) Со здравје да си го возиш!

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Проект: давање нов живот на градски велосипед
« Одговори #29 на: 08 Декември 2015, 17:44:43 pm »
sega da si go cuvas i zaklucuvas ko sto treba ... mada razlikata vo sekoj katanec e samo vremeto koe e potrebno da se otvori...