мене кучката ми е пред рикавање... последниве неколку месеци по ветеринари сум стално... срцето и е слабо, плуќата со вода и се полнат, ја товеме со апчиња, неможе ни да потрча, едвај оди... ако се затрча малку по мачка некоја после треба на раце дома да се носи пошто ќе се угуши, од друга страна за 6 месеци слухот скоро цел го изгуби а и видот очигледно и е ептен отиден и очите и се заматени... 13 полни 14-та година тера... тоа и е возраста, се работи за мешанче од пекинезер териер, ја зедов кога беше голема како кутија цигари... незнам што да правам, дали да ја товеме со апчиња и даље или да ја успијам... вака се мачи очигледно, ама па мил и е животот, се гледа дека сваќа во која состојба е и не се дава... прееска од викендица кога се враќавме накај скопје, почна да и се тресе цела вилица, појма немам зашто... ова нешто ново е...
и да ме убиеш, неможам да најдам слика од нејзе у моментов... знам дека и на нет некде имав закачено ама некако неможам да ја најдам...