Ајде вака со ред, да не ги цитирам претходните постови да објаснам за старт-стоп и коментарот на Кано.
Кано не коментираше од инжинерски аспект дали е потребно или не старт-стоп системот туку коментарот му беше даден во врска со нешто друго. Имено, вчера додека чекавме колите да ни се разубават во пералната кај Дандо и Бушав, падна муабет дека сакам да ставам плин. Пред два месеци ги контактирав Плимонт каде ми рекоа дека за мојот мотор (според ознаките на моторот) немаат сеуште соодветен плински уред и да ги контактирам повторно за 2-3 месеци кога би можело на пазарот да се појави таков уред. Кано се понуди да ги контактира во мое име бидејќи лично се знае со сите нив и одговорот беше следниов: Плински уред за мојот мотор постои меѓутоа "не е компатибилен", ако може така да се изразам, со старт-стоп технологијата или во превод значи дека при користење на старт-стоп при секое повторно стартување на моторот палењето ќе биде на бензин, а не на плин и со тоа ќе се зголеми самата потрошувачка на бензин. Доколку го сакам тој уред тогаш треба да го исклучам старт-стоп системот и затоа Кано коментираше пошто знае дека за некој ден ќе ја носам на редовен сервис. Мене лично тоа старт-стоп ужасно ме нервира и при секое влегување во кола прво нешто што правам по стартување на моторот е исклучување на старт-стоп со притискање на копчето лево од мењачот. Соодветен уред кој ја подржува старт-стоп технологијата на лагер ќе имаат во Септември при што при користење на старт-стоп секое стартување на моторот би било на плин.
Во врска со тоа дали има потреба да се стави плински уред или не само би кажал дека за вкусовите не се расправа. Личен избор на секој од нас е кој вид на гориво ќе го користи за својот автомобил. Знам дека коментарите се добронамерни но кај мене изборот веќе е направен да ставам плински уред.
Денеска купени кровни носачи и куфер за кола.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Со здравје да се користи.
Би рекол дека куферот треба поназад да оди (доколку е можно, а би требало да може, без да пречи на отварањето на задната врата), пошто многу штрчи над шофершајбната, и има доста место кај задниот дел од кровот.
Веле, благодарам многу. И ти и сите клабери кои не се подновиле со кровен куфер поубав да си купите.
При изборот на куфер акцент дадов на волуменот пред се а не на естетскиот дел. Инаку куферот е наместен на најзадната точка, не може повеќе назад иако има уште некои 20см до каде би можел максимално да оди а да не смета на задната врата кога е отворена. Прав си кога велиш дека многу штрчи напред, должината му е 225см а ширината 89, меѓутоа немаа од моделот кој јас го сакав од 210x90см. Мислам дека 90см им е најголемата ширина што ја имаат во Еуростил од каде што го земав, не видов некој поширок инаку да имаше сигурно ќе го земев. Тоа што штрчи напред не се забележува од возачка позиција така да воопшто не смета при возењето, не боде во очи.