Автор Тема: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили  (Прочитано 614515 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Vazi 350€ po lice, jas ke zemam use edno lice ako treba. Plus imam mnogu pokrupni raboti i poskpi doneseno treba nekoj epten da ti se zapne za da proveruva, vo princip me prasuva so nosam, si kazuvam poshteno i cena okolu 200 evra i tolku e muabetot

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Ех да е така, мене колку ме тресеа за дупли работи што сум донесол за сервис... На Меџитлија изгледа најлоши се.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Epa dupli ne sum nosel, primer imam noseno plakar, masa, drebulii razni ama se po edno

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Србија се помирни. Од Германија Антарата фул полна (ја вративме и го зедовме помалото количе на плин заради потрошувачката) и на кровот тенда од 4-5 метри и комода (висеше) не запреја само за да не предупредат дека има казна за претовар на возило. На царина малце забушаваа, знаеја дека не може сѐ да се извади и врати назад прописно и бараа мито.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
За две евра од алиекспрес му стигна замена на роидмито дава добар звук поддржува и повици(има вграден микрофон, вака на изгасена кола се слуша во возење не знам како ќе биде), треба да свири и од усб и мемориска ама тоа уште го немам пробано

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Конечно го добив... Оригинално опелско.
Изгледа неупотребено, уште има фолија на стакленцето и лепенка на кабелот. Мислам дека го платив уште лани 15€ од ebay kleinanzeigen.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Купив ствари за чистење инсекти и одржување на кожа:







The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одличен избор

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6848
  • French diamond
Да ја свежниме малку предницата на Реното во Август со TRW вилушки и SKF буфери со лагери



А, за мене си зедов нови лед сијалици, старите ослабеа, а и секако мораше да ги извадам за да поминам на технички...кој ќе вади сега пак фарови.
Ќе земав од на Злате Филипсо, ама на Џулиета групата многу ги пофалија овие, па се решив за нив, 100 евра матер му нивна




Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Треба Аутодок еден код за форумов за попуст да дај  ;D
П.С Така се одржува постара кола за да те служи. ;)

Отсутен Charlie

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 196

 
Стигна од аутодок австрија, јули месец ке ми го донесат


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Си купив:


Купено од Огнопревент Прилеп - 2,000 ден.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Си купив, прво за Опелот:

- филтри за масло Hengst E611H D442, 3 парчиња, по цена од 4.33 евра парче (266,00 денари), или вкупно 12.99 евра;
- филтри за воздух Hengst E352L, 2 парчиња, по цена од 6.30 евра парче (388,00 денари), или вкупно 12.6 евра;
- филтри за гориво Hengst H110WK, 2 парчиња, по цена од 4.56 евра парче (280,00 денари), или вкупно 9.12 евра;
- филтри за полен со активни честички Kamoka 6080030, 2 парчиња, по цена од 5.84 евра парче (359,00 денари), или вкупно 11.68 евра;
- задни амортизери Bilstein B4 19-068756, 2 парчиња, по цена од 30.46 евра парче (1.873,00 денари), или вкупно 60.92 евра, и
- моторно масло Repsol Elite Evolution DX2 dexos2 5W-30, 5 литри, по цена од 2.800,0 денари.

За Зуки:

- филтри за масло Hengst H97W13, 3 парчиња, по цена од 3.61 евра парче (222,00 денари), или вкупно 10.83 евра;
- филтри за воздух Ashika 20-08-817, 3 парчиња, по цена од 2.58 евра парче (159,00 денари), или вкупно 12.64 евра;
- филтри за полен со активни честички Kamoka 6080161, 2 парчиња, по цена од 6.71 евра парче (413,00 денари), или вкупно 13.42 евра;
- сет за кумплуг Valeo 832378 (корпа, ламела и друк лагер), по цена од 108.14 евра (6.650,00 денари);
- антифриз Dynamax Cool11 G11, 3 литри (го заменив Valeo-то сино G12 за G11);
- моторно масло Fuchs Titan Syn MC 10W-40, 2 литри, по цена од 900,00 денари, и
- масло за менувач Fuchs Titan Sintofluid 75W-80, 2 литри, по цена од 590,00 денари литро, или вкупно 1.180,00 денари.






Сум се испружил доста, ама имајќи во предвид дека филтер испод 450,00 денари не сум платил тука, доста и сум заштедил. Имам за сервиси минимум за две години. Освен на филтрите, заштедив на сетот за кумплуг, едно 50 евра, а по нездравите autocentar.mk и повеќе (11.039,00 денари го продаваат, со попуст 9.383,00 денари). Прашав локално каде стално купувам делови, имаа само Luk сет, по цена од 150 евра. На амортизерите исто, едно 40-тина евра заштедив.



Имам големи очекувања од филтрите за полен, пошто по спецификација беа најдобри што daparto.de ги имаше во понуда, а да се со активни честички, не обични. Викаат дека се трослојни, со 9in1 некаква заштита од свашта. Ќе видиме по монтажа и тестирање.



Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5920
  • Шо да пишам тука?🤔
Сѐ топ, само Репсолот ми е некако... Многу незадоволства има и по форумот за тоа масло, можеби е до квалитетот кај нас.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6151
Јас со уље изразен проблем не сум имал. Сум користел и скапи и евтини.

Освен Mannol 504/507 што го трошеше нијанса побрзо од сите други, немам никаква друга нус појава приметено со ниедно уље.

Играм на карта Макпетрол, јер, као, озбилна фирма и активно барам уље што можам да го купувам bulk и да го користам во двете коли, а мора да е 5W-30.

Имам идеално решение - Fuchs Titan Supersyn D2 5W-30, кое по спецификација како да е правено за двата мотори, ама не се носи тука.

Прва прилика ќе има нарачка буре од Немачка.