E сега се изначитав средношколски муабети.
Симо донесува заклучок од едно видео, за кое појма нема за состојбата на колите (читај чип).
https://www.ultimatespecs.com/car-specs/Volkswagen/12520/Volkswagen-Golf-6-5-doors-Advance-20-TDI-CR-140HP-DPF.htmlhttps://www.ultimatespecs.com/car-specs/Volkswagen/1260/Volkswagen-Golf-5-20-TDI-140.htmlТреба да се потполно исти до 1000метри, што и не е чудо бидејќи имаат иста максимална снага.
Други велат дека снагата на ниски немало врска, тоа било лажно чувство, а некои го прифаќаат оправдувања дека CR моторите се полинеарни. BS. CR немаат снага на ниски вртежи, немаат торк, Кога преминуваш од ниски на високи немаш чувство дека ја губиш снагата затоа што на ниски ја немаш. Во драг тоа не е битно, но во секој друг момент е битно. А драг трките не се ни 0.01% од животниот век на колата. И не е проблемот немањето на снага толку, колку што е реакцијата на гаста. CR имаат лоша контрола на моторот на ниски вртежи и ова е општо прифатен недостаток. Само кој да знае и да чита.
Втор мит: CR моторите имале повеќе снага на високи вртежи. BS. Голема глупост. Нема никаква разлика, секој модерен CR дизел на високи е млитав, над 4000 рпм џабе губиш време да го цедиш, посебно ако си во 4та или поголема брзина. Исклучок е 3 литарскиот дизел на BMW кој силно се врти до 5500рпм.
Трет мит: CR имал поубав звук. Додека е точно дека DCI Моторите на Renault D4D на Toyota одсекогаш биле потивки од сите TDI (PD и CR) на VW, не е точно дека CR на VW се потивки или поудобни од PD. Сите понови CR мотори имаат одвратен звук на кркорење во рангот 1000-2500 rpm кога добро ќе се нагази туражата. Сигурно се исклучок V6 и V8 моторите на BMW и Mercedes, но кој ќе ни каже, ние имаме искуство со економи и средна класа.
Има и атмосферец со PD, се вика SDI. Имаше одлична реакција на гаста, веднаш ги добиваше ниските 120НМ и ги одржуваше до 3000рпм, но затоа што веднаш ги добиваше не беше толку лош за возење и покрај малата снага.
Нема дизел со механичка бош пумпа кој веднаш бош пумпа кој веднаш прима на гаста. Или ако има, кажете кој е тој.
Симо, уште не си ја сфатил разликата во перфроманси помеѓу dual clutch sequential и мануелен. Огромна е, во drag race.
CR станува се поголемо срање со секоја нова генерација, се побучно и покркроливо. Првата генерација беше најтивка. Првата генерација на D4D беше исто така многу тивка. Токму додавањето на повеќератното вбризгување е причина лошиот звук.
PD е укинат затоа што беше многу поскап. Нема да ме чуди еден ден пак да воскресне.