Југцето немало проблем претпоставувам, туку после стоење сакаш да се провери и да се запали?
П.С. Сега гледам дека не е од ибер, иберот е веќе премостен, треба да се види на лице место од каде е, секако нема многу црева кај карбураторот.
Немало проблем, доаѓа од возење, го паркирам, заборавам фарови, стои повеќе од 24 часа, акумулаторот цркнува. По неколку месеци откако прво барам полнач, па нарачувам полнач, па го полнам стариот акумулатор и сфаќам дека не го биѓава, па земам нов и го монтирам... и не пали.
Иберот е изваден/премостен од кога беше ново, со него се гушеше и гасеше. Прво имаше дрвен чеп кој стално паѓаше, подоцна не знам што. Можеби цревото останало/било заборавено од него? Продолжетокот на цревото се наоѓа кај црвената стрелка и оди надолу:
Јас мислев дека влегува во тоа што го покажува жолтата стрелка (толку знам + не ми се гледа дали дупката продолжува).
А еве на пример друго панцирно црево со сината стрелка или грешам?
@Mikius Ја видов таа финта на српски форум, но не би знаел да ја направам, не знам која е бензинската пумпа и дури и да ја најдам би ми било страв дека цревото ќе ми остане во рака.
Со новиот акумулатор многу „здраво“ вергла, се гледа дека не е проблем во струјата, но не доаѓа ни блиску до палење. Свеќиците мислам дека се менувани пред неколку години, а многу ретко се вози југото. За десетина дена му доаѓа време за регистрација и затоа мора да се среди.
Пред околку 4-5 години беше менувано едно скапано црево од кое капеше/течеше бензин. Не знам дали е истото. Некој ми кажа дека веројатно од ретко возење скапуваат затоа што не тече ништо низ нив.