Југо Темпо 1.1. Скапано цревце кај карбураторот.

Каде точно оди и која должина е?


Од спротивната страна:


Сликиве изгледаат страшни поради силната батериска ламба, што произведе голем контраст и остри сенки и премагласени ситни детали. Изгледа како се` да е скапано, но не е до толку.
Веројатно цревото оди во тој отворот што се гледа, но не знам како би се прицврстило. Во Филдес немаа такво, 3,2 или 3,5 мм, треба по празникот да барам кај рампа. Ова парче најгоре ми остана во рака, односно веќе беше скинато, а остатокот оди надолу и многу е непристапно и не можам да видам каде оди без да расклопувам повеќе (на пример долниот капак на филтерот за воздух), за што не сум вичен. А за да викнам мајстор би било добро прво да купам црево... Сигурно има и други работи, стоено е 5 месеци.
И повторно молба за препорака за мајстор/сервис што овој пат доаѓа на повик. Плаќам како да работи на вистинска кола.

Барам, никој не се нафаќа.