Тоа што вергла не значи дека нема проблем со струјата некаде, но најпрво да се провери на бензинската пумпа да не попуштила мембраната.
Викни некого да вергла и во исто време да друка на педалата за гас, а ти гледај во грлото од карбураторот дали шприца гориво под лептирот за саух.
Испрљај ги малку рацете, не е некоја филозофија 
Гледавме, не знаевме што гледаме.
Со изваден капак на филтерот за воздух, при верглање, не штрцаше видливо, е сега не гледав/ме баш внатре/надолу, не се ни гледаше добро.
Гледано од напред, на предниот лев ќош од карбураторот има две црева, десното е довод бензин од бензинска, извади го него и верглај, ако не доаѓа бензин проблем е или бензинската или пловакот во резервоар. Ако доаѓа бензин, тогаш проблем е струјата.
Следно, извади било која свеќица, стави и го кабелот, доближи ја на 2-3мм од блокот и верглај, ако фрла искра има струја и би требало да е добра.
Трето, ако не бива викај мајстор
