@Metuzalem, кучиштето за филтерот се вади лесно, ако добро се сеќавам, 2 мутера во средина навртени врз самиот карбураторот кај филтерот за воздух, и еден од предна страна некаде кај главата, самото кучиште има издаден држач.
Што се однесува до цревото, единствено што ми текнува а да доаѓа одоздола е либерлауфот, или некој мајстор го заборавил
А што се однесува до палењето, прво да се провери дали бензинската пумпа носи гориво до карбураторот, вадиш цревцето од довод, верглаш, ако фрла гориво, во ред е пумпата.
Наредно е да сипнеш малку гориво во грлото од карбураторот додека некој вергла, ако покаже знаци дека сака да запали, проблемот е во самиот карбуратор.
Во спротивно, проблемот е во струјата, кабли, свечици, итн