Денес направив а-тест на клима фолии во ПСС Пинтија. Отидов таму зашто реално секогаш нема гужва и немора да чекам редици пред шалтер.
Постапката е следна:
1. Во ПСС пријавуваш дека сакаш да ти направат А-Тест на клима фолии. Ти даваат барање, плаќаш 450 денари (може со картица да платиш) и те упатуваат во оделението на МВР во зградата на МТВ.
2. Во МТВ на Шалтер бр.3 ги даваш документите што ти ги дале од ПСС, плаќаш 270 денари (ИСКЛИЧИВО КЕШ НА ШАЛТЕР, НЕМОЖЕ КАРТИЦА), ти изготвуваат упатница и те праќаат на Шалтер бр.2
3. На Шалтер бр.2 ги даваш сите документи што ти ги дале од ПСС и Шалтер бр.3 и плаќаш 240 денари административни такси (може со картица да платиш) и те упатуваат назад во ПСС на а-тест со заверена Упатница.
4. Во ПСС се пријавуваш дека имаш Упатница за вршење А-Тест на клима фолии. ЌЕ ИМ НАПОМЕНЕШ ДЕКА САКАШ И ЗА ПРЕДНИТЕ И ЗАДНИТЕ СТАКЛА ДА ТИ НАПРАВАТ А-ТЕСТ. Им ги даваш документите, плаќаш уште 1100 денари (може со картица да платиш) им го даваш клучот од колата и си седнуваш на кафе во бистрото (Нес Кафе 50 ден, Капучино 40ден, Еспресо со Цедевита 70 ден).
5. Откако ќе ја завршат постапката за А-Тест, ти ги даваат документите и заедно со сообраќајната идеш на шалтерот со полицаец во ПСС.
6. Таму ти изготвуваат нова сообраќајна книшка и ти заведуваат дека имаш направено А-Тест на клима фолии во Забелешка. Тука плаќаш уште 250 денари за новата сообраќајна книшка (може со картица да платиш).
Толку. Тоа е процедурата.
Моја препорака е помалку да зборите и да објаснувате околу фолиите и затемнетоста во ПСС. Оставете ја работата да си тече и никој ништо не ве прашува.
Ете така сега имам 50% затемнето возило со предни и задни стакла и забелешка дека имам атест за истите и на предните и на задните.
Се надевам дека на некого ќе му послужи ова упатство за да си направи а-тест и да си има мирна глава при рутинска контрола на полиција.
Вкупно трошок за А-Тест: 2310 денари.
Сметајте дека цел еден ден од 09:00 до 14:00 ќе го изгубите за ова.