Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 76359 пати)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5505
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #285 на: 22 Мај 2015, 11:58:31 am »
Pravec vo PSS na atest da ne go jades kako ja :D

4 godini vozev bez atest, ali treba eden pat za da go jades :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #286 на: 22 Мај 2015, 12:12:16 pm »
Одлично.. Колку пари ти излезе све комплет? Со атест што направи ?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #287 на: 22 Мај 2015, 12:15:40 pm »
Ова е 50%? Видливост 50 така? Уопште не изгледа темно као што мислев. Таманка.  Инаку одлично легнале.

Како ќе оди работата сега со атестот, пошто си ги затемнил сите?

50% видливост или затемнетост исто е. Пак е 50%.

Ќе барам некое чаре за атест, мислам дека прво ќе пробам во ПСС по "пропис" да направам па ако неможе ќе барам друга алтернатива.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #288 на: 22 Мај 2015, 12:18:52 pm »
Си се згнал да ја сработиш Фиестава. Супер прогрес.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #289 на: 22 Мај 2015, 12:56:24 pm »
Со фолиичкиве дошло одлично!

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #290 на: 22 Мај 2015, 20:36:51 pm »
Бомбонче е фиестичево :D

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг:
« Одговори #291 на: 25 Мај 2015, 08:57:46 am »
Мнооогу елегантно изгледа, браво, само ме чуди со 50ка фолија, а не изгледа потемна од кај мене со 25ка! Бтњ со 50ка се добива околу 80% затемнување, 20% провидност при мерење, пошо стаклото е 23-28%

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #292 на: 26 Мај 2015, 12:19:09 pm »
Мнооогу елегантно изгледа, браво, само ме чуди со 50ка фолија, а не изгледа потемна од кај мене со 25ка! Бтњ со 50ка се добива околу 80% затемнување, 20% провидност при мерење, пошо стаклото е 23-28%

Најчестата грешка што ја прават сите со фолиите е што процентот означува пропустливост, а не затемнетост. Така да фолија од 25% пропустливост значи дека е затемнета 75%. Можеби затоа кај тебе фолиите се потемни. Кај мене се 50% пропустливост, а кај тебе се со 25% пропустливост, и затоа визуелно изгледаат потемни.

Претпоставувам дека забуната е настаната тука и е последица на не стандарден речник околу номенклатурата на бројките што ги декларираат за фолиите. Секој си ги толкува како што сака, и затоа постои голема забуна.


Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #293 на: 26 Мај 2015, 12:52:39 pm »
Добро појаснување. 50% пропустливост си е таман. Ем да не ти галамат џандари ако те сопрат па да те носат на вонреден технички.

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг:
« Одговори #294 на: 26 Мај 2015, 18:02:58 pm »
Не е потемна од кај тебе, ама разликава на слика ме зачуди. Достапни фолии беа 10%, 25, 50, 75, 95. Кај мене се 25%, на сонце како и да не е затемнета, тоа го сакав, мала кола плус ќумур, грдо!

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #295 на: 27 Мај 2015, 13:52:48 pm »
Денес направив а-тест на клима фолии во ПСС Пинтија. Отидов таму зашто реално секогаш нема гужва и немора да чекам редици пред шалтер.

Постапката е следна:

1. Во ПСС пријавуваш дека сакаш да ти направат А-Тест на клима фолии. Ти даваат барање, плаќаш 450 денари (може со картица да платиш) и те упатуваат во оделението на МВР во зградата на МТВ.
2. Во МТВ на Шалтер бр.3 ги даваш документите што ти ги дале од ПСС, плаќаш 270 денари (ИСКЛИЧИВО КЕШ НА ШАЛТЕР, НЕМОЖЕ КАРТИЦА), ти изготвуваат упатница и те праќаат на Шалтер бр.2
3. На Шалтер бр.2 ги даваш сите документи што ти ги дале од ПСС и Шалтер бр.3 и плаќаш 240 денари административни такси (може со картица да платиш) и те упатуваат назад во ПСС на а-тест со заверена Упатница.
4. Во ПСС се пријавуваш дека имаш Упатница за вршење А-Тест на клима фолии. ЌЕ ИМ НАПОМЕНЕШ ДЕКА САКАШ И ЗА ПРЕДНИТЕ И ЗАДНИТЕ СТАКЛА ДА ТИ НАПРАВАТ А-ТЕСТ. Им ги даваш документите, плаќаш уште 1100 денари (може со картица да платиш) им го даваш клучот од колата и си седнуваш на кафе во бистрото (Нес Кафе 50 ден, Капучино 40ден, Еспресо со Цедевита 70 ден).
5. Откако ќе ја завршат постапката за А-Тест, ти ги даваат документите и заедно со сообраќајната идеш на шалтерот со полицаец во ПСС.
6. Таму ти изготвуваат нова сообраќајна книшка и ти заведуваат дека имаш направено А-Тест на клима фолии во Забелешка. Тука плаќаш уште 250 денари за новата сообраќајна книшка (може со картица да платиш).

Толку. Тоа е процедурата.

Моја препорака е помалку да зборите и да објаснувате околу фолиите и затемнетоста во ПСС. Оставете ја работата да си тече и никој ништо не ве прашува.

Ете така сега имам 50% затемнето возило со предни и задни стакла и забелешка дека имам атест за истите и на предните и на задните.

Се надевам дека на некого ќе му послужи ова упатство за да си направи а-тест и да си има мирна глава при рутинска контрола на полиција.

Вкупно трошок за А-Тест: 2310 денари.
Сметајте дека цел еден ден од 09:00 до 14:00 ќе го изгубите за ова.
« Последно менување: 27 Мај 2015, 17:40:08 pm zlatkoa »

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #296 на: 27 Мај 2015, 14:13:29 pm »
Со здравје да си гледаш преку фолиите :) туку кажи што точно ти пишаа во забелешка? Дека имаш атест и за предните стакла или не е наведено?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #297 на: 27 Мај 2015, 14:21:15 pm »
Со здравје да си гледаш преку фолиите :) туку кажи што точно ти пишаа во забелешка? Дека имаш атест и за предните стакла или не е наведено?

Во забелешката на соопраќајната книшка пишува дека возилото има А-Тест на клима фолии направен на 27.05.2015 со број на решение: ХХХХХХХХХ. Во решението што ќе го спроведат во МВР и ќе го заведат во систем кај нив, детално е објаснето дека возилото има атестирани фолии напред и позади, и има слики од истото како изгледало на денот кога е направен А-Тест. Така да чист си пред џандарите ако те сопрат и те прашаат нешто за фолиите, можеш да им дадеш зелено џамче само и да им кажеш каде сакаш да те бричат.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #298 на: 27 Мај 2015, 14:23:03 pm »
Имаш лист некој плус? Ја мислев само тоа во сообраќајната шо го пишува си е.

Патем, педантно објаснето од точка до точка. Браво.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #299 на: 27 Мај 2015, 14:25:26 pm »
Имаш лист некој плус? Ја мислев само тоа во сообраќајната шо го пишува си е.

Патем, педантно објаснето од точка до точка. Браво.

Можеш да си направиш копија од А-Тест документот. Во приницп нема да ти треба. Доволна ти е само забелешката во сообраќајна.