Има во Ми-Да Eibach спирали, ама искрено незнам дали да идам на таков чекор. Колата ја вози повеќе сопругата, патиштава кај нас се очајни и плус ќе треба да жртвувам конфор (можеби, но зависи од спиралите). Додуша не дека е нешто ептен мека Фиестата во однос на суспензија со фабрички спирали ама за мене е таман во тој поглед.
Имам во план да и земам друг спојлер за вратата од гепекот, и да и ставам на задниот браник друг "дифузер" односно нешто како ова на сликава. Ама ќе размислам убаво неколку денови пред да донесам конечна одлука.
Следно на дневен ред ми е затемнување на прозори и атест на фолиите. Најверојатно ќе одам со фолии 50% на сите стакла, освен шофершајбната, таму не пипам ништно.