Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54117 пати)

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #15 на: 18 Јануари 2015, 22:23:08 pm »
Супер изгледа. Уште многу години да си ја возиш :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #16 на: 19 Јануари 2015, 13:18:23 pm »
Денеска бев вреден :)



Најгоре на сликата се некакви гумени штитници или како да ги наречам, кои одат на контактите на грејачот на задното стакло на спојот  на стаклото со вратата.
Поради некои причини воопшто ги немаше. Сега се поставени. Освен естетска, имаат и функција да на нив се потпира даската позади, и сега очекувам воопшто да нема вибрации и чкрипење позади.
Кога сме кај грејачите на стаклото, знае ли некој начин  како да поправам линии кои не работат, или да барам ново стакло?

Под нив се граничниците на петта врата. Оригиналните беа пропаднати, а овие се добри. Сега е во линија со штоповите. Претходно идеше мааалце подолу.

И, најбитното е најдолу! Едно гумено делче кое личи на цуцла, и тоа е врска помеѓу копчето однадвор за отварање на петтата врата и механизмот. Оригиналното беше скинато, и требаше поштено да се притисне за да се отвори. Кога веќе чепкам тука, го исчистив и подмачкав и механизмот за отварање и резултатот е одличен! Лесно се отвара и ептен лесно се затвара.

Со тоа, петтата врата е готова.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3465
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #17 на: 19 Јануари 2015, 13:56:43 pm »
Струмикс?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #18 на: 19 Јануари 2015, 14:32:16 pm »
Струмикс?
Д уан енд онли.  ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #19 на: 19 Јануари 2015, 14:37:55 pm »
Тој сум

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #20 на: 19 Јануари 2015, 15:04:27 pm »
И јас кога ја видов струмичката таблица и белата ксара во позадина, укапирав :) Добредојде!

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #21 на: 19 Јануари 2015, 15:12:53 pm »
Добро Ве најдов!

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #22 на: 19 Јануари 2015, 15:51:08 pm »

Кога сме кај грејачите на стаклото, знае ли некој начин  како да поправам линии кои не работат, или да барам ново стакло?


Одлична кола секоја чест!

За тоа околу грејачите на стаклото има една тема каде што дискутираа членовите на форумот.
Еве линк: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,16254.15.html

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #23 на: 22 Јануари 2015, 21:46:21 pm »
Има ли некој идеја каде може да се најдат жолти H4 или H5 сијалици?
Ова сепак е француско возило...

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #24 на: 23 Јануари 2015, 03:13:23 am »
Нешто вака би ти завршило работа?


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #25 на: 23 Јануари 2015, 21:51:37 pm »
Можеби...
Каде ги има?

Отсутен Sans

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 142
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #26 на: 23 Јануари 2015, 23:05:44 pm »
Еве тука ги има. Околу 1300ден. беа H7 Philips BlueVision, ама не ме држи за збор.
www.facebook.com/Atomem.mk

Отсутен trkalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 346
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #27 на: 24 Јануари 2015, 13:59:10 pm »
Со здравје да се вози! Одлично возило!

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #28 на: 30 Јануари 2015, 21:18:30 pm »
Предна лева врата денес доби ситна вдлабнатина и тоа кога колата беше културно паркирана, прописно, на обележано паркинг место, во подземната гаража...
И, најкултурно велам покажете снимки, кој бил што бил, велат дека ЈП Паркинг не бил одговорен...
Ајде... не се приметува баш... (се тешам)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #29 на: 30 Јануари 2015, 21:27:19 pm »
Не си бил доволно упорен,знам еден што го фатија со помош на камерите.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson