Автор Тема: Renault 5 Campus  (Прочитано 54110 пати)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Renault 5 Campus
« на: 17 Јануари 2015, 23:09:15 pm »
Па... да претставам едно возило, кое пред неколку години беше зрело за на отпад, а денес е сосем пристојно...
Рено 5 Кампус, произведено во Ново Место во 1990 година, како 406-то возило од неговиот тип. :)
Повеќе слики утре, како и опис што се е изработено на него.
Засега, ова:

Отсутен Деки

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1534
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #1 на: 18 Јануари 2015, 02:42:38 am »
Со здравје да си го возикаш, вака изгледа перфектно :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #2 на: 18 Јануари 2015, 15:13:08 pm »
Фала Деки, не е толку перфектно, има ситни недостатоци, ама пристојно е. Се ќе се среди со тек на време.
Приказната е вака:
Колата е кај мене од 2011 година. Беше семејна кола на семејството на сопругата... Беше тотално запуштена, служела за макнење разни товари, одење по лозја, овоштарници, превоз од точка А до точка Б и сл. со скоро никакво одржување.
Каросериски изненадувачки здрава. Гнило имаше под десниот фар, и зад десното тркало на поткрилото. Другото здраво, лимарот беше дури изненаден. :)
Сликите оттогаш се некаде изгубени, ама дефинитивно ужас. Имаше фарбани браници во боја на каросеријата, предниот напукнат, некогаш чукната хауба забетонирана во кит кој беше испукан, а башка, ја пробил бојата. Фарбањето беше неминовно. Најдов една слика од тогаш, со средени бандажи:

Се гледа матирана боја, средени бандажи:) и хауба со кит.
Примарно беше да се  среди колата да биде технички исправна и да може секојдневно да се вози безбедно.
Тоа значи:
Комплетно нов  преден трап.
Нови амортизери.
Нови дискови, плочки и гуртни.
Нови гуми.
Средена електрика. Сега работи се.
Репарирана глава со нови вентили, водилки, испитана и порамната.
Нов сет дихтунзи и семеринзи за цел мотор.
Нов ланец.
Нова водна пумпа.
Нова платинка со кондензатор, разводна капа, палец и кабли.
Имаше ИПМ карбуратор од 101, па најдов Зенит 32 ИФ2 кој оригинално оди на ова возило.
Се разбира, моторот  беше исчистен одвнатре.
Се работи за мотор од 1108 кубици од серијата Cleon, која ја има кај многу возила Рено до  60-тите до 90-тите во повеќе кубикажи и моќност. Овој е 34 киловата. Има поминато 193000 км, и  сеуште е одличен. Троши масло отприлика 700-800 милилитри на  5000 км.
Тоа е отприлика што се однесува до механичкиот дел.


Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #3 на: 18 Јануари 2015, 15:22:47 pm »
Конечно уште некој струмичанец. :)
Со здравје да те служи. Поздрав!
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #4 на: 18 Јануари 2015, 15:32:17 pm »
top pozzz

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #5 на: 18 Јануари 2015, 16:09:08 pm »
E, кога механички се среди колата, на ред дојде и естетиката.
Тапацирите навратите беа уништени во смисла изгребани, напукани, извитоперени...
Браниците беа фарбани во боја на возилото и предниот беше доста оштетен. Бојата беше ужас. Се гледа на сликата горе.
Набавив два браника од отпад, кои беа здрави. По неколку третмани со Sonax plastic restorer, ја добија фабричката нијанса и мат сјај.
Исто така, од отпад набавив и тапацири во перфектна состојба кои се сега на возилото.
Пластиките во внатрешноста не се фарбани, целта е се да биде оригинално, само се убаво исчистени,и третирани со Sonax plastic restorer.
Набавени се и подигачи на стаклата, бидејќи сите беа неисправни. Стаклата стоеја горе потпрени со даски :)
Дојде ред и за лакирање преолетта 2013-та. Лакирана е во нејзината оригинална боја 455 Bleu nuit. Лакирана е однадвор, додека внатрешноста е исполирана.
Слики од лимарот:

Полека се растураше и припремаше



Во меѓувреме и јас нешто средував дома:




И, на крај излезе вака:







Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #6 на: 18 Јануари 2015, 16:28:48 pm »
Вратено во живот,со здравје да си го возиш :)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #7 на: 18 Јануари 2015, 16:34:21 pm »
Во меѓувреме, набавени се ретровизори со внатрешно регулирање, топка на  шалтерот иста како оригиналната која беше уништена и никако не можеше да се поправи.


Една од внатрешноста:

Монтиран е и спојлерот назад од ГТ Турбо

И, за крај, една уметничка од денес :)


Од она што треба да се среди:

Комплет нов издув кој е порачан и  деновиве треба да стигне.
Кога ќе се стопли, мора кутијата од парното да излезе надвор и комплетно да се репарираат клапните за топло/ладно и насока, како и  вентилаторот кој на ладно ужасно брчи.
Треба да се прелакира маската напред, набабрена е бојата.

Барам:
една раткапа како на сликите
врата на резервоарот. Оваа на колата стои ама прекрпена е, а би сакал здрава.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #8 на: 18 Јануари 2015, 16:55:54 pm »
Одлично средување !

Ти фалат уште овие сега:
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1463920
:)

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #9 на: 18 Јануари 2015, 17:06:28 pm »
@cuoresportivo159 поздрав и тебе! Возилцето верно и служи на сопругата! Мене повеќе Ксарата ми служи (онаа на сликата од погорниот пост) а во план е една Алфа 159 1750ТБИ во блиска иднина.
@dame, @зоки-златен Благодарам!
@Rakun4e,благодарам, speedline maracana на ова возило стојат супер, барем на ГТ Турбо :) Ова е сепак обичен Кампус, премногу слаб, башка жена го вози повеќе, а во план е, ако налетат некои убави 13-ки од времето, да бидат монтирани.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #10 на: 18 Јануари 2015, 17:30:40 pm »
Одличен примерок, убаво стегнат :)

Нека го пази жена ти, греота ќе биде да го потчукне на сите страни ;D

Добредојде на CarClub.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #11 на: 18 Јануари 2015, 18:00:21 pm »
Бре, мераклиски средено! Браво!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #12 на: 18 Јануари 2015, 20:17:24 pm »
@cuoresportivo159 поздрав и тебе! Возилцето верно и служи на сопругата! Мене повеќе Ксарата ми служи (онаа на сликата од погорниот пост) а во план е една Алфа 159 1750ТБИ во блиска иднина.
@dame, @зоки-златен Благодарам!
@Rakun4e,благодарам, speedline maracana на ова возило стојат супер, барем на ГТ Турбо :) Ова е сепак обичен Кампус, премногу слаб, башка жена го вози повеќе, а во план е, ако налетат некои убави 13-ки од времето, да бидат монтирани.
И јас одев на ТБИ,ама не бидна работа,па на крај завршив со 2.4. :D
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #13 на: 18 Јануари 2015, 21:48:56 pm »
Секоја чест како е средено внатре, аптека! Со здравје да се вози.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 5 Campus
« Одговори #14 на: 18 Јануари 2015, 22:04:59 pm »
Благодарам... а за внатрешноста... јас си знам... раце ми отекоа.