Bmw,Merc pa duri i Audi veke ne cini,partali,nula,nit tehnika nit butur... The shit is gettin serious,I'm out.
Глупости, не е дека не чинат. Погрешно сфаќаш. Одлични се, најдобри. Би го додал и Lexus на листава да не беше
одвратнион CVT мењач.
Поентата е дека вака опремен Passat е сериозно блиску. Дури непријатно (за нив) блиску, ама 20.000 евра поевтино.
Ќе го цитирам Велештрумф - кој има огромно искуство со разно-различни коли:
Колава е фантазија. Се’ што можеш да посакаш од еден премиум седан, спакувано во поконзервативно издание, и без доплата од минимум 20000 евра за премиум значка, која нема да биде минимум 20000 евра подобра.
Тоа е поентата. Тоа е шамарот. Следната А4-ка ќе треба да биде СЕРИОЗНО подобра од сегашната за да биде 20.000 евра подобра од вака опремен Пасат. Ц-класата е подобра, нема муабет, ама кошта значително повеќе ако соодветно ја опремиш и моторизираш.
Треба да возам нова BMW тројка за да можам да споредам како што треба. За жал, импортер за BMW немаме во моментов.