Автор Тема: Што си купивте / сакате да си купите  (Прочитано 2027612 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13440 на: 15 Ноември 2023, 21:55:25 pm »
Таква барам, не мора конкретно Incgo да биди. Макар што за 3 тонската пишува дека се спушта до 145мм, 2 тонската не верувам да е нешто многу пониска.

Но еве штом има @Diesel иста таква, нека сподели инфо од прва рака за минималната висина.

Денес менував гуми, како не го видов постот...

Може да се стрпиш до утре, ќе ти измерам точно, до милиметар? Не те заборавам...
Не ми е толку итно, кога ќе можеш утре/другиден провери. До сабота планирам да барам. Ако не најдам, ќе си менувам со дигалките од колите.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13441 на: 15 Ноември 2023, 22:00:40 pm »
Не очекувам двете тркала да се кренат одеднаш, ама сигурно побрзо и полесно ќе биди отколку со фабричката дигалка.

Порано на некоја од колите имавме една дигалка со 17ка штраф, демек да си ја вртиш со клучот за тркала.

Да ја имав уште таа, лесно ќе беше - 17ка сокет на штрафилицата и нека тера на споро :)

И за сегашниве има лек, ќе изведеш нешто слично на ова од 10ка или 12ка сокет и ќе врти:

https://www.betterhardware.com.au/driver-bit-for-screw-eyes-stainless-steel-304.html
Хмм, не знам точно како изгледа таа што ја имам. Баш ќе видам ако можи некако тоа подвижната закривена шипка да се извади (сепак не би сакал да ја запустам оти си ја носам за на пат).

Не ми текнало вакво нешто да изведам, побрзо и полесно отколку со крокодилка ќе оди кревањето

Се извинувам за дабл пост.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13442 на: 15 Ноември 2023, 23:16:27 pm »
Таква барам, не мора конкретно Incgo да биди. Макар што за 3 тонската пишува дека се спушта до 145мм, 2 тонската не верувам да е нешто многу пониска.

Но еве штом има @Diesel иста таква, нека сподели инфо од прва рака за минималната висина.

Денес менував гуми, како не го видов постот...

Може да се стрпиш до утре, ќе ти измерам точно, до милиметар? Не те заборавам...
Не ми е толку итно, кога ќе можеш утре/другиден провери. До сабота планирам да барам. Ако не најдам, ќе си менувам со дигалките од колите.
Само не ја носи по локалниве вулканизери жити мене, не сакам да го именувам син му од мал работи на наши коли (10 години), а татко му ми скрши пластика, на антарата со чекан маваше и ги зафркна "тркачите" (не знам кој дел е тоа)...
Носи ги на Варош и поздрави го малиот (Лео) од мене, ќе ти ги смени за едно кафе.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13443 на: 17 Ноември 2023, 17:49:12 pm »
https://www.aliexpress.com/item/1005006104939732.html

Апропо муабетот поназад јас Lanshan 2 Pro го нарачав, еве линк некој ако го интересира... @vladic3110 можеби.
Еве ви код за Али, 15 долари попуст на сметка над 100 долари:  11SALE15
11SALE30 е 30 долари попуст на сметка над 200 долари.


Кој ќе купи ваков, да знае дека треба да се заптиат шавовите (кинезите штеделе):   https://youtu.be/BEf3fSvcb-Y?t=508
Листа на други подобрувања:  https://www.youtube.com/watch?v=b95uPpaorBo




Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13444 на: 17 Ноември 2023, 17:54:35 pm »
Браво, одлична цена. До пролет таман сакам да соберам некој денар, да си купам и пад за спиење.
Го меркам REI Co-op Helix, како што гледав ривјуа одличен и најудобен буџет пад. 111$ е моментално на сајтот кај нив.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13445 на: 17 Ноември 2023, 18:01:53 pm »
Реи се добра продавница, пред десетина години правев нарачка од САД куп хајкинг работи нарачав. Добар квалитет за добра цена.
Јас за овој пад се мислев:  https://www.aliexpress.com/item/1005005234704490.html

Ќе пробам некад и со 100 денара душеците за на плажа, да видам колку ќе тераат.  ;D



Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13446 на: 17 Ноември 2023, 23:35:12 pm »
@Boshe и @Van

Каде одите најчесто на кампување во МК? Некоја идеја? Пожелно е да има пристап со кола за секој случај.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13447 на: 18 Ноември 2023, 00:54:23 am »
Ова време никаде 😄

Мајтап на страна стварно кажете убави кампинг места.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13448 на: 18 Ноември 2023, 01:01:00 am »
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13449 на: 18 Ноември 2023, 10:20:29 am »
Таква барам, не мора конкретно Incgo да биди. Макар што за 3 тонската пишува дека се спушта до 145мм, 2 тонската не верувам да е нешто многу пониска.

Но еве штом има @Diesel иста таква, нека сподели инфо од прва рака за минималната висина.



130 mm. Гумата не оди со дигалката, накнадно ја купив.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13450 на: 18 Ноември 2023, 17:40:50 pm »
@Boshe и @Van

Каде одите најчесто на кампување во МК? Некоја идеја? Пожелно е да има пристап со кола за секој случај.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не знам друже. Не сум јас некој таков кампер... Јас кога одам на одмор, меѓу смештаи сакам да идам ден-два во камп со шаторче во кампови што се на добро име. Во Грција има повеќе добри кампови, исто и Шпанија. Ама за тоа имам друг шатор. Овој Ланшанот е хајкинг шатор, за идење со ранец, планинарење и слично. Кило тежи цел ранец, и нема цевчиња/арматура туку на два стапови за планинарење се поставува. Mи се десило пар пати да ми затреба баш таков шатор, и сега си земав еден.

Инаку кога си со кола нема поента да носиш ваков шатор како Ланшан, туку или нешто поголемо или па нешто лесно за местење.





Што се тиче прашањето, окулу Козјак а посебно горе на литиците има топ местенца како за една вечер. Не сум бил, ама сакам да одам... На Охридско, имаш после Градиште кампот, после Музејот, веднаш тука еден див плац/ледина, тука за застануваат ама повеќе со трејлери. На следните паркинг-два надолу има местенца блиску до вода. Окулу Трпејца има местенца, посебно под Св. Никола крстот (ако не го уткам светецот)... Не сум кампувал, ама ми упаднале во око при шетање а чат пат гледам и кампери со шаторчиња.

« Последно менување: 18 Ноември 2023, 17:48:04 pm Van »

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13451 на: 18 Ноември 2023, 18:08:56 pm »
@Diesel фала на инфо, но сепак Ingco-во не би ми бркала работа, висока е многу.

Вчера си ја купив најевтината нископрофилна што ја најдов. Ја зедов од Велмар (мислам истата фирма е со Мафра и автоматската перална кај Бушав). Немаат продажен салон низ Скопје, па мораше да одам до Илинден.

Марката на дигалката е Grubber, минимална висина е 80мм а максималната 380мм, што ми брка екстра работа. Цената е 3780 денари. Малку над предвидениот буџет, но тоа е што е.

Денеска ги сменив гумите на двете коли, огромна разлика во однос на менување со фабричките дигалки. Башка што со едно кревање се креваат двете тркала па иди упола работа.


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13452 на: 19 Ноември 2023, 08:56:26 am »


 ;D
Желба стара една деценија.

Купено од желба, мерак, хоби и за лична употреба, ама можеби понатаму (да се научам ко шо треба) и да си ја вратиме инвестицијата, зошто да не. Многу niche пазар.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13453 на: 19 Ноември 2023, 09:10:32 am »
@Diesel фала на инфо, но сепак Ingco-во не би ми бркала работа, висока е многу.

Вчера си ја купив најевтината нископрофилна што ја најдов. Ја зедов од Велмар (мислам истата фирма е со Мафра и автоматската перална кај Бушав). Немаат продажен салон низ Скопје, па мораше да одам до Илинден.

Марката на дигалката е Grubber, минимална висина е 80мм а максималната 380мм, што ми брка екстра работа. Цената е 3780 денари. Малку над предвидениот буџет, но тоа е што е.

Денеска ги сменив гумите на двете коли, огромна разлика во однос на менување со фабричките дигалки. Башка што со едно кревање се креваат двете тркала па иди упола работа.


ne si ja zel skapo, odlicna cena

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5175
  • Пиши лаже
Одг: Што си купивте / сакате да си купите
« Одговори #13454 на: 19 Ноември 2023, 10:40:59 am »
Каде одите најчесто на кампување во МК? Некоја идеја? Пожелно е да има пристап со кола за секој случај.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Не сум некој што многу кампувал, највеќе поради мојата здравствена ситуација годинава, но од година сум во план да одам  почесто. Места пристапни со кола каде што бев годинава се: Прилепско Езеро (спроти игралиштето, на другата страна), Велешко Езеро - Отовичка, Пешти - Бабуна, Богомила - Велешко. Исто така, можеш и Трпејца, Марков Манастир и сл. Има доста убави места низ Македонија, исто и во Грција одлични камп места.
Нека се јават на главна каса Томче, Владич, Мартин и останати за камп/хајк места. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that