Здраво дечки. Јас мачам проблем долго време (накај 2 години тера) со моторот на колата. Не знам да го објаснам, така да следете ме
.
Кога прв пат го забележав звучеше како малку да дува ауспухот, ништо страшно и ми се чинеше како да го снемуваше кога ке се загрееше моторот.
Како тераше време (ова како бајка да раскажувам
) се погласно и погласно стануваше.
Потоа почна кога ке ја убацам во лер за да закочам на семафор почна се гуши моторот (груб лер), а сега тоа се дешава и кога ке упалам мотор на ладен мотор. Тропањето сега е гласно независно дали е ладен или топол моторот, кога ке отидам на механичар (ке изгасам мотор на паркинг, па ке упалам за да му го покажам проблемот) ке почне да тропа, па ке престане, па ке почне, па ке престане, Али кога го возам (покрај дрва, коли или некој ѕид и можам да го слушам моторот како звучи надвор од кабината тропањето е дефинитивно многу гласно.
Инаку да додадам моторот под 1500 вртежи звучи многу лошо, се тресе како луда (цела кабина вибрира), во лер воланот се тресе, и буквално не можам да го слушнам што ми збори совозачот.
Ради зимава си викам насабајле -10 степени, ладен мотор ваљда скапана кола е и така звучат сите, али пред 2-3 месеци кога почна да се загрева времето, почна да ме загрижува проблемот. Имам посетено овластен сервисер, кореа ауто трејд (каде редовно се мења уље секои 5000 км), имам прашано 5-6 маалски механичари, дури и кога регистрирав ауто во АМСМ прашав и сите до еден ми кажаа различен проблем. Во овластен ми рекоа дека се или вентили или дизни (не сакаат да прецизираат пошо не знаеле додека не го отворат моторот), во АМСМ ми рекоа дихтунг на дизна.. Ми пукна филмот пред некој ден и на интернет поставив прашања и на секоја страна ми рекоа дојди ке ти кажеме (австралија, белгија, и поблиски балкан), и многу нормално тоа не е опција.. И така еве ме на Carclub да си ја пробам среќата
https://www.youtube.com/watch?v=AuvpFvIjwzM&feature=youtu.be