Не бе, Stage 2 ќе го правам по Тетовски
Наместо John Ashley Exhaust , ќе купам оригинална половна издувна грана 4-1 од Astra H Z14XEP со исчистен катализатор (тој е скапиот). Миле у Бутел имаше едно време, а може да се најде и по отпадиве.
EGR-от се затапува и се исклучува со ремап исто како и втората ламбда сонда. Twinport-от појма немам како се исклучува (дали е нормално отворен или затворен). Ако е нормално отворен не е проблем да се реши..
Пумпа за притисок исто се бара половна (може и прегорена, мене ми треба ради куќиштето). Се става екстерен регулатор за притисок и секако пристапен за менување и квалитетен метален филтер за гориво.
Ако софтверот и хардверот ти ги работи пријател - си спасил од 200- 350 евра. Другото зависи од каде и за колку ќе се испазариш. Во моментов најтешко ми е со издувната грана, ама некад ќе се најде нешто, а тоа и ќе биде последната работа направена на Астрата. Сигурно нема да мењам Flowtec manifold (ради плинот), или брегаста ...
Се мењаат и свеќици Denso VK16 (сакав IK16, ама заради плинот...) и тоа е тоа
Значи очекувам 101 коњ со се мене да бидат измерени по интервенцијата која очекувам да ја изведам за не повеќе од 200 евра но сукцесивно - step by step